Вести
Британска рокерка осомничена за врски со Исламската држава

Поранешната гитаристка на британскиот состав Krunch Сали Џонс, е осомничена дека е поврзана со џихадистичката група Исламска држава, пишува The Daily Mail, според кој Британката е во брак со Абу Хусеин ал-Британи, еден од осомничените дека пред видео камерата го обезглави американскиот новинар Џејмс Фоли.
Како што пишува весникот, Сали Џонс во домот во Чатам, во Кент, ги оставила двете деца. Соседите на поранешната рокерка ја опишуваат како „споулавена“. Нејзиниот постар брат Патрик изјавил дека семејството е шокирано од нејзиното преминување во радикалниот ислам.„Нејзиниот живот беше кошмар. Мажите доаѓаа и си заминуваа. Џонс беше до гуша во долгови“, вели еден од соседите. Блиските на музичарката, исто така, тврдат дека последните години таа целосно се посветила на црната магија.Во моментов, според весникот, таа носи традиционална исламска облека и се нарекува Сакина Хусеин. Оваа 45-годишна жена со Хусеин се запознала преку интернет, се преобратила во ислам, по што двајцата одделно заминале во Сирија.Во почетокот на 1990-те, Џонс беше гитаристка на популарната рок група Krunch. Последните години таа покажувала интерес за уметноста и се обидувала да го организира својот бизнис преку интернет.Абу Хусеин ал-Британи, со вистинско име Џунаид Хусеин, кој потекнува од англискиот град Бирмингем, е вториот осомничен за свирепата егзекуција на американскиот новинар Џејмс Фоли. Во 2012 година тој бил притворен за кражба на лични информации на поранешниот британски премиер Тони Блер. Притоа бил ослободен со кауција и побегнал во Сирија. Според британските разузнавачи, тој им помага на џихадистите да вршат кибернетички напади врз мрежите на британските банки и политичарите. И тој на интернет објавувал фотографии на кои е вооружен со „калашников“./крај/мф/сн
Извор: The Daily Mail
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.