Контакт

Вести

Бројот на филипинските специјалци убиени во судир со исламистите се искачи на 49

Објавено пред

Бројот на филипински полицајци убиени во неделата во судири со муслимански бунтовници на југот од земјата, и покрај потпишаниот пред речиси една година, соопшти портпаролот на бунтовници, е искачи на 49.

dobivaj vesti na viber

Бројот загинати во судирот од неделата во Мамапасан, во провинцијата Магуинданао, што го пренесуваат агенциите се темели на информациите од локалните власти и бунтовниците на теренот.

По децениите вооружен бунт во кои загинаа десетици илјади луѓе, Националниот ослободителен фронт Моро (MNFL) и филипинската влада во март 2014 година потпишаа мировен договор кој предвидува создавање автономен регион на југот од земјата која пет милионите муслимани ја сметаат земја на своите предци. Нацрт законот за ова прашање се наоѓа во парламентот.

Според MNFL судирите започнале кога полициските командоси се распоредиле во Мамасапан за да уапсат еден Малезиец, припадник на Џама Исламија, група поврзана со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. MNLF ја обвини филипинската полиција дека не ја координирала операцијата со нејзините челници, но вели дека не сака овој инцидент, „кој е само втор“ откако е постигнат мировниот договор, да го доведе во прашање неговото применување, пренесува AFP.

Филипините се една од двете азиски држави (заедно со малиот Источен Тимор) со претежно католичко население, но во јужниот дел на „земјата на седумте илјади острови“ муслиманите се мнозинство.

Договорот којшто го потпишаа преговарачите на филипинската влада и Муслиманскиот фронт на националното ослободуваwе (MNLF) претставува прв чекор кон ставањето крај на бунтот на муслиманските екстремисти од југот на Филипини во кој, според некои процени, до 1970 година загинале 150 илјади луѓе.

Потпишувањето на анексот за учеството на бунтовниците во локалната власт го осигурува остварувањето на вистинска автономија за провинцијата Бангсаморо. Анексот за поделбата на власта кој беше потпишан во неделата се смета за најтешкиот дел од преговорите со веќе остарените бунтовници од MNLF кои сакаат извесни овластување во идната автономна област Бангсаморо, којашто опфаќа области во коишто муслиманите се мнозинство во јужниот дел на Филипини.

Меѓутоа, во јужниот дел од Филипини активни се и други групи востаници коишто сакаат да се прогласи независност на јужниот дел на Филипини. Незадоволството на Фронт за национално ослободување на Моро е поради тоа што во октомври 2012 година владата во Манила потпиша мировен договор, но не со ова движење, туку со помоќниот Исламскиот ослободителен фронт на Моро (IMLF) или подоцна Муслиманскиот фронт на националното ослободуваwе (MNLF).

Движењето MNLF одамна е главна движечка сила на југот од Филипини, коешто од 1974 година започна војна со владините сили и паравоените исламистички формации, но во 1996 година потпиша мировен договор со владата. Во 2001 година, лидерот на MNLF, Нур Мисуари се обиде да крене нов бунт против централната власт, но тој набрзо беше задушен. Самиот Мисуари побегна во Малезија, од каде беше екстрадиран во Филипини, каде што од 2002 година се наоѓа во затвор, но сé уште е влијателна фигура во муслиманскиот свет.

Кон средината на октомври 2012 година филипинскиот претседател Бенињо Акино и лидерот на Исламскиот ослободителен фронт на Моро (IMLF), Ебрахим Мурад, се сретнаа во претседателската палата во Манила. Овој договор се доживуваше како напредок кон ставањето крај на четириесетгодишните судири во коишто загинаа околу 150 илјади луѓе и во текот на кои беше разорена економијата на регионот.

Долгоочекуваниот договор започна со реализација на планот според кој ќе биде воспоставен нов автономен регион Бангсаморо во јужните области каде што доминираат муслиманите во оваа мнозински католичка земја, а би требало да се случи пред крајот на претседателскиот мандат на Бенињо Акино во 2016 година. Бангсаморо се однесува на муслиманските и немуслиманските малцински народи во јужниот дел од Филипини.

Договорот претставува важен напредок во довербата меѓу владата и сепаратистичкиот Исламскиот ослободителен фронт на Моро (MILF) кој долго време со сомневање гледаше на мотивите на централните власти во Манила во преговорите. Договорот беше постигнат на преговорите во малезиската престолнина Куала Лумпур на почетокот од октомври 2012 година, а со него ќе се формира 15-члена преодна комисија која до 2015 година треба да предложи закон со кој ќе се формира новиот ентитет, којшто ќе ја замени сегашната автономија на регионот. Новиот ентитет и неговите надлежности ќе бидат одредени со плебисцитарно усвојување на суштинскиот закон.

Овој муслимански регион ќе добие поголеми политички и економски овластувања, вклучувајќи и воведување данок кој би ја намалил владината помош, потоа поголем удел во приходите од природните богатства и поактивна улога во внатрешната безбедност.

Овие планови сѐ уште може да бидат попречени со евентуалното одвојување на радикалните исламистички групи од MILF и нивното продолжување на борбата во регионот во кој се забележани врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Закана за договорот претставуваат и можните кланови коишто имаат под контрола некои области и сега би можеле да почувствуваат дека е загрозено нивното политичко влијание.

По четирите децении судири и речиси 15 години преговори за прекин на насилствата, сите повозрасни припадници на MNLF, беа нестрпливи да ги видат резултатите од годините мировни преговори, сметаат аналитичарите. Челните луѓе на движењето, исто така, може да бидат мотивирани и со можностите за приходите од големите резерви нафта, гас и минерали во бунтовничките области, делот на вкупното минерално богатство на островот Миндао се проценува на 312 милијарди долари.

Една од најрадикалните и најмоќни групи коишто може да го загрозат мировниот договор е Абу Сајаф (Носители на мечот) која е основана на почетокот од 1990-те со средства добиени од ликвидираниот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Во почетокот на 2004 година групата го изврши најголемиот во историјата на Филипини терористички чин кога во воздух го крена ферибот „Superferry-14“, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.

Според филипинското разузнавање, Абу Сајаф брои околу 400 припадници. Сепак, според експертите, операциите против милитантите кои последниве неколку години филипинската армија и безбедносните сили ги водат советувани од американските воени советници, сериозно ја наруши способноста на екстремистите и натаму да извршуваат големи терористички напади.

Групата често прибегнува кон киднапирање за откуп поради финансирање на своите активности. Ако откупот не е платен на време, заложниците се погубуваат./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија11 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија12 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија14 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија17 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ17 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија19 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија20 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија20 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија21 час

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија21 час

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија22 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...