Контакт

Вести

Бројот на загинати во Газа пред примирјето надмина 900

Објавено пред

Непосредно пред почетокот на 12-часовното примирје меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас кое ја контролира енклавата Појасот Газа, гранати истрелани од израелски тенк убиле во саботата осум Палестинци од едно семејство, соопшти палестинското министерството за здравство, додека израелската армија соопшти дека во текот на ноќта од истрели од палестинско училиште е убиени уште еден израелски војник.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на министерството за здравство на палестинските власти, Ашраф ал-Кудра изјавил дека 18 членови на семејството ал-Наџар биле заробени во нивниот дом во селото Куза, источно од градот Кан Јунист од четвртокот и дека многу од нив се и ранети во утринското гранатирање, пренесува Reuters. Со тоа бројот на жртвите во палестинската енклава се искачи на 881, од кои повеќето се цивили меѓу кои и стотина деца. Подоцна ал-Кудра за AFP изјави дека во првите три часа од 12-часовното примирје на 19-от ден од почетокот на израелската офанзива „Линија на одбраната“ против Хамас, во расчистување на урнатините биле пронајдени најмалку 35 тела, со што бројот на жртвите се искачува на повеќе до 900. Тринаесет тела биле пронајдени во областа Шиџаија, во источниот дел од главниот град на енклавата Газа, девет во северно предградие на Газа и уште тринаесет во градот Деир ал-Балах и во бегалскиот камп Нисејират. Според агенцијата, од палестинска страна досега загинале 926 лица, претежно цивили. Израелската армија, пак, соопшти дека ноќта спроти саботата во јужниот дел од Појасот Газа загинале уште двајца нејзини војници, со што бројот на воени жртви се искачи на 37, и три цивилни жртви, од кои еден е работник од Тајланд. Во саботата наутро започна најдолгиот хуманитарен прекин на огнот во офанзивата започната на 8-ми јули, кој го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјхау а го прифати раководството на Хамас. Примирјето ќе трае од 8 до 20 часот, период во кој цивилното население ќе може да ги обнови резервите со храна, вода и лекови, да се евакуира од пограничните области каде што се најжестоките борбени дејствија кон побезбедните внатрешни области. Израел ја започна операцијата „Линија на одбраната“ (Одбранбен раб или на хебрејски „Неуништливата (Вечна) карпа) чија цел е запирање на ракетирањата од Хамас на израелската територија, уништување на неговата командна инфраструктура и на тунелите кои палестинските милитантни ги ископале од внатрешноста на енклавата до зад границата со израелската територија./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија1 час

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија1 час

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет3 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет3 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет3 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет5 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет5 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет5 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет5 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија13 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија14 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ15 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија17 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија20 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија20 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија22 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија23 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија23 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија23 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...