Контакт

Вести

Чомски: Седум брилијантни примери на иронијата во политиката на САД

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Американскиот лингвист, филозоф и политички активист Ноам Чомски изнел седум, како што наведува брилијатни примери на иронијата на американската политика, пренесува Н1. Познат по своите критички ставови кон надворешната политика на САД и современиот капитализам, Чомски на својот сајт навел седум примери кои говорат за моменталната состојба на американската политика.

 

Текстови од 2007-ма година за „военото јакнење на Народна Република Кина“ – Пентагон потврдил дека Кина го засилила својот потенцијал со нови 400 проектили, кои би можеле да носат нуклеарни боени глави. Дошло до расправа за да се утврди дали Кина сака да го освои светот или пак можеби во прашање се погрешни бројки, или пак нешто трето? Нешто сепак треба да се објасни. Колку нуклеарни проектили поседуваат САД? Отприлика 10 илјади, а Кина има 400. Ова докажуа дека Кинезите сакаат да го освојат светот. Доколку внимателно се читаат медиумите, причината поради која што Кина ја засилува својата одбранбена сила не е толку познатата агресивност на Пентагон, туку тоа што Америка со секој нов ден е се поспособна да ги лоцира и уништи целите кои сака, и тоа со софистицирана техонологија каде и да се наоѓаат овие цели, наведува Чомски. Тој прашува – која во случајов сака да го освои светот? И одговара „Секако, тоа се Кинезите!“. Бидејќи од оној момент кога САД завладеале со светот, тие се обидуваат да го освојат. Принципот „ние го поседуваме светот“ е едноставен и може да ги објасни сите расправии за надворешната политика на САД.

 

Може ли да се сопре милитаризацијата на вселената? Изгледа дека може, и само поради тоа што САД се единствените кои инсистираат на тоа. Целиот светот се противи, највеќе поради тоа што е исплашен. САД веќе далеку стигнаа во овој пголед. Иако останатите земји и не сонуваат за апсолутна надмоќ и надзор над целиот свет и заостануваат зад Америка, без сомнение ќе реагираат. Постојат многу меѓународни договори со кои се регулираат вселенските истражувања и се поддржани од страна на целиот свет, а кои САД се обидуваат да ги оспорат. Како на пример Договорот за надатмосферскиот простор, кој забранува распоредување на оружје во вселената. Тој договор го потпишале сите земји во светот, па и САД. Се уште никој не се обидел да постави било како вид на наоружување во просторот над атмосферата. Сите го почитуваат договорот, бидејќи ако некој го прекрши, тоа веднаш ќе се открие. Усвоен е во 1999-та година на Генералното собрание на ОН, со 163 гласа „за“, ниеден „против“ и два „воздржани“ – САД и Израел.

 

Глобализацијата ја спроведуваат моќните влади, особено онаа во САД. Која ги присилува помалите народи да потпишат трговски и останати договори, кои нив „ќе ги загушат“, а на големите корпорации ќе им ја олеснат доминацијата над економијата на земјите ширум светот, и тоа без никакви обврски или одговорност кон нивните народи.

 

САД се уште на воените хеликоптери им даваат имиња според жртвите на геноцидот. Никој не смее да се пожали на имињата како што се Блекхок, Апачи или Команчи. Замислете каква би била реакцијата доколку германското Луфтвафе на своите воени хеликоптери им даваше имиња како Ром или Евреин. Мислам дека луѓето тоа веднаш би го забележале.

 

Доколку нешто е добро или лошо за нас, тогаш тоа е добро или лошо и за другите. И од оваа премиса следи дека доколку за Куба, Никарагва, Хаити и останатите земји е погрешно да го бомбардираат Вашингтон или Њујорк, тогаш е погрешно и кога Вашингтон и Рамсфелд го бомбардираат Авганистан (под апсурден изговор“. Сите тие би требало да се изведат пред меѓународниот суд за воени злосторства.

 

Да претпоставиме дека на пример Кина (која има голем проблем со пушењето) би изградила воена база во Колумбија. Од каде лесно воено би делувала и ги надгледувала полињата со тутун во Кентаки и Северна Каролина, со намера со хемиско оржује да ги уништи американските насади кои се смртоносни за многубројниот кинески народ. (Чомски алудира на борбата против дрогата која САД ја водат во средна и јужна Америка)

 

За САД најголема грижа се Иран и неговото неспорно влијание во централна Азија. Тоа е единствената причина поради која директно го помагаа Ирак во последната фаза од ирачко-иранската војна, а што имаше влијание и на исходот од самата војна. Вашингтон продолжи активно да му се додворува на Садам Хусеин, се додека се вклопуваше во нивните планови. Љубовта помеѓу САД и Садам пукна во август 1990-та. Американскиот страв од Иран влијаеше на одлуката да се поддржи Садамовиот напад над населението во јужен Ирак во март 1991-та. САД отсекогаш стравувале од влијанието на Иран.А тоа, според нив, е речникот кој често се користи во последно време за успешните револуции – „закана за стабилноста на регионот“. Вистината е сосем поинаква: Иран би можел да го поттикне процесот на демократизацијата, кој би ја урнал диктатурата од која САД зависи на големо, а која го покорува населението на целиот Блиски исток./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија5 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија7 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија10 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија10 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија10 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет10 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија11 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија12 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија13 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија13 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија13 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет13 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет14 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет16 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет16 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет16 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет16 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа16 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија22 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...