Контакт

Вести

Долниот дом ја одобри тужбата против Обама

Објавено пред

Американскиот Претставнички дом, во кој мнозинството го сочинуваат републиканци, изгласа покренување на тужба против претседателот Барак Обама за злоупотреба на неговите овластувања поради селективно спроведување на законот за здравство, без одобрување на Конгресот.

dobivaj vesti na viber

Претставничкиот дом, Долен дом на американскиот Конгрес, ја усвои резолуцијата со која претседателот на тоа тело Џон Бејнер се овластува да покрене судска постапка против претседателот на САД Обама поради селективна примена на делови од законот за здравствена реформа. 

Републиканците велат дека ја штитат поделбата на власта пропишана во Уставот, дека сакаат заштита на правата на Конгресот и дека Обама ги игнорирал законите што ги усвоило тоа законодавно тело. 

Сé уште не е одредено кога ќе биде покрената тужбата. За резолуцијата гласале 225, а 201 биле против. Ниту еден демократ не гласал за предлогот. Тие наведуваат дека ова е можеби вовед во настојувањето Обама да се симне од власт, што републиканците го отфрлаат како неосновано. 

Републиканците, за кои се очекува да го задржат мнозинството во Долниот дом на Конгресот по изборите во ноември, се надеваат дека ќе го освојат мнозинството и во Сенатот, Горниот дом, каде што сега мнозинството го сочинуваат демократи. 

Тие го обвинууваат Обама дека самоволно ги спроведува законите и дека ги префрла овластувањата од Конгресот на претседателството. 

Обама ја опишал здравствената реформа како политички маневар и рекол дека сам презел некои работи затоа што Конгресот не направил ништо за да му помогне. 

Демократите велат дека претседателот делувал законски и во рамки на неговите оввластувања. 

Како што наведува Associated Press, сојузните судови одбиваат да се мешаат во споровите меѓу извршната и законодавната власт. За да биде прифатена тужбата, републиканците мора да докажат дека Долниот дом бил повреден со постапките на Обама. 

Дури и да биде прифатена тужбата, прашање е дали процедурата ќе заврши сé додека Обама е претседател. 

Неговиот втор мандат истекнува во јануари, 2017 година. Според наводите на еден судија, кога се вклучува жалба, процедурата низ судскиот систем би можела да трае најмалку две години.крај/мф/сд

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Скопје2 часа

Силното невреме причина за повеќе пожари во Скопје, сите се изгаснати или локализирани

Попладнево скопскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе...

Регион4 часа

(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје...

Скопје4 часа

(Фото) Скопје на удар на невреме, силен ветер, паднати дрва, пожари во делови од градот

Скопје се соочува со нестабилни временски услови во текот на денешниот ден. Во моментов, во градот дува многу силен ветер,...

Македонија6 часа

Мицкоски жестоко му одговори на Филипче: Доста беше со итроштини, народот веќе не заборава, вие продадовте сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро одговори на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за нова декларација во Собранието за...

Македонија6 часа

(Фото) Почина поранешниот директор на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски

Тажна вест ја потресе македонската здравствена јавност попладнево. Почина д-р Виктор Исјановски, психијатар и поранешен директор на Здравствен дом –...

Македонија8 часа

Уценетиот Таравари како млада невеста, не знае кој пат да го фати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уценетиот Таравари на крајот ќе се откаже од самиот себе, како млада невеста што не знае кој пат да го...

Македонија9 часа

Многу нервозни возачи на Табановце, за влез и за излез се чека околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, со суви коловози, но летните одмори предизвикуваат зголемена фреквенција на возила...

Топ9 часа

Двајца приведени за подметнување пожар кај Тиквешко езеро

Кавадаречката полиција вчера околу 19:00 часот ги приведе З.К. (33) од Бегниште, кавадаречко и И.И. (19) од Кавадарци, поради сомнение...

Економија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните имаат повеќе пари, платите растат, а инфлацијата е стабилизирана, пишува во денешното соопштение на партијата....

Македонија11 часа

Филипчe: ВМРО-ДПМНЕ се гушка со ДУИ, ние ја научивме лекцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител категорично ја отфрли тезата дека неговата партија ја рехабилитира Демократската...

Македонија12 часа

Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека институциите прават максимални напори новите измени на Законот за локална самоуправа да...

Свет13 часа

Тој е „предатор“ и „чудовиште“: Макрон со навреди кон Путин, Москва реагираше

Русија остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за, како што рече, „вулгарните навреди“ откако францускиот претседател го нарече рускиот...

Македонија13 часа

Македонија ќе ја зафати невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Македонија денеска ќе биде погодена од нестабилно време кое ќе донесе големи промени во текот на денот. Утринските часови ќе...

Топ1 ден

Маж ја тепал бремената сопруга: јa притискал за вратот и ја удирал главата од креветот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, кој е осомничен за кривично дело...

Македонија1 ден

Тројца повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ сè уште се во болница: еден во Истанбул, двајца во „Систина“

Тројца повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, при што загинаа 62 лица, веќе шести месец се на болничко лекување. Директорот...

Топ1 ден

Полово вознемирувал малолетно девојче: уапсен 75-годишен маж од Тетовско

Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово е лишен од слобода З.Б.(75) од тетовско. Тој се сомничи за сторено кривично...

Македонија1 ден

Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија

„Тоа ќе биде од големо значење за нас како држава, за Македонија како целина, бидејќи на тој начин ќе ја...

Македонија1 ден

И без документи, оние што се сомневаат дека биле непотребно оперирани нека поднесат претставка, повика Клековски

Сите што се сомневаат дека биле непотребно оперирани по скандалот дека се правеле операции на срце само за да се...

Македонија1 ден

Николоски: Почнуваме со реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка, активно се работи и на граничниот премин

Имаме рекордни инвестиции во инфраструктурата во Крива Паланка и регионот. Само преку Владата, преку двата јавни повици инвестираме преку 200...

Македонија1 ден

(Видео) Шукова: Преку БРТ-системот јавниот превоз во Скопје ќе го решиме до средината на 2028

Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот. ДПМНЕ и Арсовска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен...