Контакт

Вести

Само во средата убиени 130 Палестинци во Газа

Објавено пред

Речиси 130 Палестинци се убиени во Појасот Газа, во палестинската енклава во која израелската армија веќе 23 дена ја спроведува офанзивата под наслов „Линија на одбраната“ во којашто загинаа веќе од 1.300 луѓе, соопшти во четвртокот портпаролот на палестинското министерство за здравство, Ашраф ал-Кидра, кога се пријавени и нови настрадани во уште еден напад врз училиште на ОН.

dobivaj vesti na viber

Најкрвавиот напад изминатиот ден беше изведен врз училиште на Обединетите нации во кое беа засолнати бегалци во северниот град Џебалија и бомбардирањето на пазар во источната периферија на главниот град на енклавата Газа во време на ткн „хуманитарно примирје“. Вината за двата напада Палестинците ја префрлаат на Израел, кој се воздржа од коментари.

„Во средата 129 луѓе загинаа, а 400 беа ранети. За време на целата операција загинаа вкупно 1.359 а ранети се 7.677 луѓе“, изјави за новинарите ал-Кидра, додавајќи дека во главната болница во Газа веќе нема слободен кревет за згрижување на ранетите.

Израелската армија потврди дека во средата загубила тројца припадници на специјалните сили „Маглан“. Тие биле во истражување на еден од подземните тунели на милитантите од исламистичкото палестинско движење Хамас, чие уништување е главната цел на операцијата, откриен во еден дом во јужниот дел од Појасот Газа, кога палестинските борци активирале две експлозивни направи поставени во двокатната куќа и тунелот. Од почетокот на кампањата загинаа 56 израелски војници, што е најголем број од либанската војна во 2006 година, како и тројца цивили меѓу кои еден е работник од Тајланд.

По последниот редовен состанок на воено-политичкиот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, властите соопштија дека имаат намера да продолжат со операцијата „во ист формат“ со кратки „хуманитарни паузи“ за поддршка на цивилното население во Газа. Целта на копнената офанзива, којашто започна пред две седмици и се надоврза на воздушните напади врз енклавата, е пребарувањето и уништувањето на мрежата од десетиците подземни тунели кои палестинските милитанти ги користат за да се префрлат зад границата на израелска територија.

Во четвртокот претпладне уште 15 палестински бегалци во училиште на ОН во северниот дел од Појасот Газа, во напад на израелски авион врз џамија која се наоѓала во близината. „Петнаесет Палестинци се ранети, двајца од нив сериозно, во училиштето Џебалија, којашто ја води агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци UNRWA, во напад на израелски авијации насочени на блиската џамија“, изјави ал-Кидра.

Во средата 16 Палестинци се убиени во истиот бегалски логор во напад на друго училиште на ОН во кое многу Палестинци најдоа засолниште. Вкупно 83 училишта на ОН примија илјадници бегалци пред израелските напади.

Споменатата агенција на светската организација во средата остро го осуди израелскиот напад врз училиштето на ОН, предупредувајќи дека станува збор за „сериозно кршење на меѓународното право“, а која треба „да се понесе одговорност“.

САД и ОН во средата, исто така, го осудија нападот врз училиштето на ОН во Џебалија, во која заштита побараа повеќе од три илјади палестински бегалци. Затворена на мал простор, палестинската енклава во која живее 1,8 милиони Палестинци од 2006 е под целосна израелска блокада, а покрај затворената граница со Египет во 2012 година, Палестинците во Газа се без можност да најдат безбедно засолниште или излез од енклавата во која се водат борбени дејствија./крај/мф/сн

Извор: Reuters/РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ27 минути

Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот

Вчера во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Македонија41 минута

ДУИ: Со ВРЕДИ во Владата веќе нема вработувања за Албанците

„Јавните предупредувања за деалбанизација на државата, сега во пракса ги реализира оваа моноетничка власт во која се и губитниците на...

Македонија1 час

Започнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот...

Свет2 часа

(Видео) Напад со нож во Ротердам: Има мртви, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам. Како...

Свет2 часа

Водостојот на Дунав расте: во Будимпешта би можело да го достигне својот врв за време на викендот

Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на...

Свет3 часа

Подморницата Титан се расипа само неколку дена пред фаталното нуркање

Подморницата која имплодираше при фаталното нуркање до потонатиот брод Титаник, при што загинаа сите петмина на бродот, се расипа неколку...

Свет3 часа

Нова студија ја потврди теоријата дека коронавирусот започна од кинески пазар

Нова студија за потеклото на Ковид понуди дополнителни докази за поддршка на теоријата дека вирусот првпат бил пренесен на луѓето...

Европа3 часа

Русија: Ќе ги браниме нашите интереси на Арктикот и во воена смисла

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денеска вети дека Москва ќе ги брани своите интереси на...

Свет4 часа

„Компонентите од пејџерите користени во експлозиите во Либан не се од Тајван“

Компонентите користени во илјадници пејџери детонирани во Либан во вторникот не се направени во Тајван, рече тајванскиот министер за економија...

Македонија16 часа

Очигледно раководството на Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција па ја обвинува Бугарија, вели Ковачев

Во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака...

Македонија18 часа

Мицкоски од Брисел: Бевме понижувани многупати, ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка...

Македонија19 часа

Од пазарот се повлекуваат бисквити поради можност од присуство на надворешно тело, соопшти АХВ

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис...

Македонија22 часа

Мажот од Кочани, кој почина од западнонилска треска, дал податок дека не патувал никаде

Мажот од Чешиново-Облешево, кој почина од западнонилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно...

Македонија24 часа

Маж од Кочанско почина на Инфективната клиника поради компликации од западнонилска треска

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на...

Македонија1 ден

Бугарија лута по изјавите на Александар Николоски: „Тој провоцира, ги известивме партнерите“

Лавина реакции во Бугарија предизвикаа изјавите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој ја нарече земјата „нецивилизиран...

Европа1 ден

„Путин знае дека НАТО е најсилниот воен сојуз во светот, затоа и не влегува во конфликт, алијансата нема да биде вовлечена во војна“

Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг ги отфрли како „лажни“ тврдењата дека одлуката на сојузниците да и дозволат...

Свет1 ден

(Видео) Неверојатна снимка токму во моментот на нападот: како изгледаше Бејрут кога се активирале пејџерите

Меѓународната новинска агенција Ројтерс снимаше директен пренос од панорамата на Бејрут, главниот град на Либан, кога точно во 15 часот...

Европа1 ден

(Видео) Поплави на северот на Италија: „Ситуацијата е многу драматична“

Домовите се евакуирани во северниот италијански регион Емилија-Ромања бидејќи бурата Борис, која од минатата недела однесе најмалку 24 животи во...

Свет1 ден

Јапонската компанија: Овие воки-токи не сме ги произведувале од 2014 година

Јапонскиот ИКОМ соопшти дека моделот на нивните воки-токи поврзани со експлозиите во Либан бил прекинат пред една деценија и дека...

Свет1 ден

Блискиот Исток се соочува со најголемата војна во последните 50 години, предупредува саудискиот амбасадор

Блискиот исток е најблиску до регионална војна во последните 50 години, предупреди саудискиот амбасадор во Велика Британија. Принцот Калид бин...