Контакт

Вести

Пилај: Израел свесно го крши меѓународното право во Газа

Објавено пред

Високата комесарка на Обединетите нации за човеков права Наванетхем (Нави) Пилај изјави во четвртокот дека Израел свесно го крши меѓународното право во воената офанзива во палестинската енклава Појасот Газа и оти светските сили мораат Израел да го повика на одговорност поради можни воени злосторства, а исто така ги критикуваше и САД дека не влијае
 

dobivaj vesti na viber

Високата комесарка на Обединетите нации за човеков права Наванетхем (Нави) Пилај изјави во четвртокот дека Израел свесно го крши меѓународното право во воената офанзива во палестинската енклава Појасот Газа и оти светските сили мораат Израел да го повика на одговорност поради можни воени злосторства, а исто така ги критикуваше и САД дека не влијае

 

Израел ги напаѓа домовите, училишта, болници и објекти на Обединетите нации со што крши Женевската конвенција, изјави Нави Пилај во седиштето на организацијата во Женева.

„Ниеден од тие напади не изгледа случаен. Се чини дека тоа е свесно кршење на обврските од меѓународното право кое Израел е должен да го почитува. И поради тоа повторно и повторно велам дека не смееме да дозволиме да неказнивост да продолжи“, изјави Пилај на последната нејзина прес-конференција пред истекувањето на нејзиниот шестгодишен мандат на должноста висок комесар за човекови права на ОН.

Пилај притоа го обвини и палестинското исламистичко движење Хамас за кршење на меѓународното право бидејќи без целење истрелува ракети врз израелска територија, во понекогаш во густо населени области.

Високата комесарка на ОН, исто така, ги критикуваше САД, главниот израелски сојузник, бидејќи не ги искористиле своето влијание да го запрат крвопролевањето. „Многу мои забелешки беа насочени на САД бидејќи тие се страната којашто влијае врз Израел да сторат повеќе да го запрат убивањето, да ги доведат страните на преговарачката маса. Повикав и на прекин на блокадата и прекин на окупацијата“, рече Пилај.

Истакна и дека е шокирана и од тоа што Вашингтон упорно гласаше против резолуција за Израел кои ги носеше Советот за човекови права во ОН со седиште во Женева, на Генералното собрание на ОН и на Советот за безбедност на ОН. „Не само што доставуваат тешко вооружување коешто сега го употребува Израел во Газа, туку издвоија и речиси милијарда долари за ’Челична купола’ (израелскиот антиракетен штит) за да го заштитат Израел од ракетни напад… Но таквата заштита не им ја дадоа на жителите на Газа да се заштитат од бомбардирањата“, посочи Пилај.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соочен со осуди кои пристигнуваат од целиот свет пораби смртта на многу цивили во Газа, во четвртокот изјави дека нема да прифати никаков прекин на огнот кој би го спречил Израел да го доврши уништувањето на подземните тунели преку коишто Хамас носи оружје во Газа и преку нив неговите борци се инфилтрираат на израелска територија.

Според официјалните податоци од Газа, убиени се најмалку 1.372 Палестицни, главно цивили од кои стотина деца во Газа, а ранети се на 7.700 луѓе. На израелска страна, пак, според последните потврди загинале 56 војници а повеќе од 400 се ранети во офанзивата „Линија на одбраната“ којашто започна на 8-ми јули. Тројца израелски цивили, од кои еден тајландски работник на фарма загинаа во јужните области во палестинските ракетирања на Израел.

Пилај на прес-конференцијата потсети дека Израел судски гонел само четворица свои војници за случаи во израелската офанзива од ноември 2008 до јануари 2009 година, којашто беше изведена под називот „Лиено олово“, а меѓу нив е и војник кој всушност беше обвинет за крадење кредитни картички. Оттаму, вели комесарката за човекови права на ОН, таа не очекува дека Израел чесно ќе ги истражи случаите на кршење на човековите права во текот на сегашната офанзива којашто влегува во четвртата седмица.

„Меѓутоа, меѓународното право е јасно, и кога државата не е во можности или не сака да спроведе истрага и судски прогон, се применува системот на меѓународното кривично право“, додаде Пилај.

Претходните истраги на ОН за израелските напади во Газа завршија со повиците на Советот за безбедност при ОН дека тие кршење ќе бидат пријавени во Меѓународниот кривичен суд (ICC), рече Пилај, којашто и самата своевремено беше судија на светската организација за воени злосторства. „Невозможно е да се очекува правдата да биде спроведена и да се спроведат процесите пред израелските судови. Тоа е очигледно, бидејќи Израел не спроведен соодветни истраги, а меѓународната заедница не ги примени препораките до извештајот на ОН за Газа“, заклучи Пилај во своето последно обраќање пред новинарите во својство на висок комесар за човекови права на ОН./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Скопје14 часа

„Ако сакате да си правите маркетинг, да си се вработите во маркетинг агенција, а не во МВР, треба да ви е срам“, порача Јакимовски и најави кривична за лажно пријавување

На денешната прес конференција, градоначалникот Јакимовски повторно го образложи проблемот со кој Општината се соочува наназад неколку дена. Тој, пред...

Топ16 часа

Штипјанка пронајде делови од човечко тело, претпоставува дека се на нејзината мајка

Вчера во 08.12 часот во СВР Штип, 55-годишната Б.К. од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла...

Македонија17 часа

Арбен бегај, ослободи ги Албанците и сите други, не ги носи на душа, велат од ДУИ за смртта на 14-месечното дете

Од почетокот на работата на оваа Влада, ние како ДУИ ги искажавме нашите забелешки и загрижености во однос на планот...

Македонија17 часа

Курти примен како обичен гостин, а Вучевиќ со највисоки почести, братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада, велат од Алијансата за Албанците

Според Алијанса за Албанците, моноетничката власт денеска ја запечати ориентацијата и односите на државата со соседните земји. „Обидот да се...

Македонија17 часа

„Мепсо“: Во голема паника ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Јавната набавка за хортикултурно уредување е постапка што ја распишало и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша...

Македонија18 часа

Најдоцна во јануари Јаневска ќе го распише тендерот од половина милијарда денари за учебници по странски јазици

По најавата дека учебници по странски јазици ќе има за сите ученицни, но од следната учебна година, министерката за образование...

Македонија19 часа

Вонредни инспекции на Детската клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија, формирана од министерот за здравство, од утрово прават увид во Универзитетската клиника...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски – Вучевиќ: Во овие турбулентни времиња неопходно е да бидеме заедно

„Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ, истакна македонскиот премиер...

Македонија19 часа

ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за...

Свет20 часа

Орбан: Ќе им ги однесеме мигрантите во Брисел и ќе им ги оставиме пред канцелариите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, тој ќе ги однесе мигрантите во Брисел и...

Регион23 часа

„Заедно до крај“: беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица

Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи. Ситуацијата е тешка во неколку...

Македонија23 часа

ЦУК: Во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во...

Регион23 часа

Две лица загинаа во пожар во стан во Белград

Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош. Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан...

Свет23 часа

Фицо: Сè додека сум на власт, ќе се трудам да го блокирам членството на Украина во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе се обиде да го блокира членството на Украина во НАТО се додека...

Свет23 часа

(Видео) Пожар во складиште за нафта на Крим: Русите велат човечки фактор, Украинците тврдат дека се дронови

Во Феодосија на југоисточниот дел на Крим е прогласена вонредна состојба поради пожар што избувна во складиште за нафта, соопшти...

Свет23 часа

Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по...

Свет23 часа

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се...

Македонија2 дена

Таравари потврди дека била одбиена хоспитализација на починатото бебе

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека била одбиена хоспитализација на бебето кое вчера почина на Детската клиника. Тој...

Регион2 дена

Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа

Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се...

Македонија2 дена

Тошковски: Лага е дека сум расчистил само еден случај како министер и сум разочаран од некрофилските обиди на СДСМ

„Разочаран сум од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие...