Вести
Годинава американската полиција убила 385 луѓе
Американската полиција убила 385 луѓе во првите пет месеци од 2015 година, што е просек од повеќе од две лица дневно, пишува весникот The Washington Post.
Оваа бројка, инаку, е двапати поголема од онаа во текот на последната деценија. Имено, Федералното биро за истраги минатата деценија забележало околу 400 убиства годишно, или 1,1 убиство дневно.
Анализата е базирана на податоците на весникот за полициските убиства во текот на 2015 година, бидејќи од 17.000 локални или државни полициски станици во САД не се бара да ги пријавуваат смртоносните инциденти. А е објавена во моментите кога трае жестоката национална дебата за полициското користење на огненото оружје, особено против припадниците на расните малцинства.
Новата анализа на WP покажува дека бројот на убиствата извршени од полицајци изнесува 2,6 убиства на ден, а со таквата прогресија се пресметува дека до крајот на годинава, американските полицајци би можеле да убијат и речиси илјада луѓе.
Половината од жртвите се белци, а половината припадници на расните малцинства. Но црнците се трипати повеќе жртви од другите расни групи. Меѓу невооружените жртви, две третини се афроамериканци и хиспаноамериканци. Дваесет и две жртви, пак, биле психички нестабилни лица.
Во извештајот се истакнува дека повеќето од убиените цивили биле вооружени со потенцијално смртоносни предмети, главно огнено оружје, но и ножеви и други предмети. Шеснаесет отсто од жртвите, пак, носеле имитации на оружје или биле невооружени. Американските полицајци се овластени за употреба на оружје кога ќе проценат дека постои опасност по нивниот или по животот на некое друго лица.
Истражувањето на The Post покажала и дека многу од убиствата произлегуваат поради малата интеракција меѓу полицијата и припаднциите на заедниците, што подоцна ексалираат во ненадејни насилства. Така, се споменува полициското убиство во Мајами, на Флорида, која бил застрелан шисофренмичар кој мавтал со метал. Неговата мајка повикала полиција, бидејќи не можела да го натера да влезе дома од студот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.