Контакт

Вести

Хамас го поддржа хуманитарното примирје во Газа

Објавено пред

Раководството на палестинското исламистичко движење Хамас, коешто го контролира Појасот Газа, го поддржа шестчасовниот прекин на огнот во кој на цивилното населени ќе му бидат доставени основни продукти за да ги обнови резервите.

Како што пренесуваа палестинските медиуми, Хамас го издал соопштението ноќта кон четвртокот откако беше потврдено дека по предлог на специјалниот координатор на Обединетите нации за Блискиот исток, Роберт Сери, израелската армија се согласила на шестчасовен прекин на огнот ткн „хуманитарен прозорец“ од 9 до 15 часот по средноевропско време, приод во кој цивилното население ќе може да ги обнови резервите од вода и храна, пренесува Итар-Тасс.Претходно во средата навечер Хамас официјално му одговори на Египет дека го одбива неговиот предлог за прекин на огнот во палестинската енклава Појасот Газа. Израелските медиуми, повикувајќи се на свои извори од израелската делегација која во Каиро ги очекува официјалните разговори со претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абаз, во средата пишуваа дека Хамас понудил десетгодишно примирје доколку Израел исполни одредени услови. Засега нема официјална потврда за оваа наводна понуда на Хамас, како и за понудата на движењето Исламски џихад, пушуваа медиумите коишто ја пренесоа информацијата со многу скептицизам верувајќи дека повеќе станува збор за пробен балон, отколку за вистинска понуда.Хамас, според извештаите, бара десетгодишно примирје Израел да ги ослободи палестинските затвореници ослободени според договорот од 2011 година за размена на израелскиот војник Гилад Шалит, а беа повторно уапсени по грабнувањето и убиството на трите израелски тинејџери во другата палестинска енклава Западниот брег на 12-ти јуни, објави израелската телевизија Channel 2. Вториот услов на палестинското движење е отворање на сите гранични премини во Појасот Газа, како и преминот Рафах кон Египет го контролираат сили на Обединетите нации, пишува електронското издание на дневниот весник The Times of Israel.Другите услови се повлекување на израелските тенкови од областите во кои навлегоа во рамките на сегашната офанзива „Линија на одбраната“, потоа целосно укинување на копнената, воздушна и поморска блокада на Појасот Газа, отворање на меѓународен аеродром во Појасот Газа, проширување на риболовната област на 10 километри од брегот за Палестинците и пренасочување на воздушните коридори на израелските авиони за да не прелетуваат преку палестинската крајбрежна енклава. Услови се и израелско немешање во работата на палестинската влада на национално единство постигната со помирувањето меѓу ривалските палестински движења Хамас и Фатах во јуни, како и повторна изградба и обнова на индустриската зона покрај границата.Оваа наводна палестинска понуда се појави ден откако Израел го прифати египетскиот план за прекин на огнот. Во средата Израел ги засили воздушните напади врз домовите на челниците на Хамас, откако движењето го отфрли примирјето и наместо тоа истрела десетици нови проектили кон израелска територија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа30 минути

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет2 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет14 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија18 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа18 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија20 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион21 час

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија21 час

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа22 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт23 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион23 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет1 ден

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион2 дена

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет2 дена

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет2 дена

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ2 дена

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија2 дена

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Досие