Вести
Исламската држава потврди дека загинал нејзиниот „министер за војна“ ал-Шишани
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/omar20cecenot.jpg)
Еден од главните воени команданти на екстремната сунитска организација Исламска држава, главниот оперативен командант Абу Омар ал-Шишани (Омар Чеченот), или со вистинско име Тархан Тајумуразивич Батирашвили, кого Пентагон го сметаше за „министер за војна“ на џихадистичката групација, загинал во борбите во ирачкиот град Ширкат, јужно од Мосул, објави во среда агенцијата Amaq кој се смета за гласило на милитантите.
Кон средината на март, Пентагон извести дека на 4-ти март во Аби Омар ал-Шиани бил убиен во воздушен напад ал-Шадад во сириската покраина Хасека, стратешки град на автопатот кон ирачкиот град Мосул, додека опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) истовремено објави дека тој е клинички мртов и бил сместен во болница на северот од сириската покраина Рака.
Претходно медиумите повеќепати известуваа за наводно ликвидирање или апсење. Така во октомври минатата година сириски воен извори јавија дека тој наводно бил ликвидиран во Сирија. Извештаи за негово загинување неколкупати објавија и редица арапски медиуми.
Агенцијата Reuters не можела да ја потврди извештајот на агенцијата Amaq, којашто ја демантираше претходната објава на Пентагон за смртта на ал-Шишани. Пентагон во средата не можел ниту да ја потврди, ниту да ја негира оваа вест.
Хишам ал-Хашими, експерт за безбедност советник на ирачката влада, изјавил во Багдад дека извор во Ширкат потврдил дека ал-Шишани таму загинал заедно со уште неколку џихадисти.
Меѓутоа, Рахман Абделррахман, директор на SOHR, тврди дека претходниот нивен извештај дека ал-Шишани на почетокот од март бил ранети и оти набрзо потоа умрел во село источно од Рака е сосема точен. „Го потврдив тоа преку лекар кој го посетил“, рекол. Според него, Исламската држава веројатно се решила да го одложува потврдувањето на неговата смрт додека не му пронајде соодветен наследник.
Шишани беше еден од најбараните терористички борци и САД за него нудеа 5 милиони американски долари награда за информации кои би овозможиле негова елиминација.
Роден 1986 година во Грузија, која во тој период уште беше во составот на поранешниот Советски сојуз, ал-Шишани важеше за многу близок воен советник на челникот на Исламската држава, Ирачанецот Абу Бакр ал-Багдади, кој според сведочења на џихадисти често изјавувал пред приврзаниците дека е многу тесно поврзан и силно се потпир на него./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.