Контакт

Вести

Кери изненади во Москва, Русија и САД ги продолжуваат разговорите за Сирија во Њујорк

Објавено пред

Русија и САД ќе ги продолжат разговорите за Сирија на 18-ти декември во Њујорк, соопштија шефовите на дипломатиите на двете земји по средбата во вторникот во Москва, која е оценета како плодна по редица меѓународни прашања, а особено во врска со сириската криза во која Москва и Вашингтон поддржуваат спротиставени страни, но се согласни дека Сирија мора да остане суверена унитарна држава за да се избегне натамошна дестабилизација на регионот, и согласни се дека мора да биде уништена терористичката организација Исламска држава, оценуваат агенциите, истакнувајќи ја неочекуваната изјава на Џон Кери во врска со судбината на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

dobivaj vesti na viber

Главната тема на посетата на американскиот државен секретар Џон Кери на Москва, во чии рамки имаше разговори со својот руски колега Сергеј Лавров и потоа заеднички со рускиот претседател Владимир Путин, очекувано беше сириската криза и подобрата координација во борбата против тероризмот.Како што рече за новинарите Кери по средбата со претседателот Путин, САД се подготвени да соработуваат за Русија во борбата со терористичката група Исламска држава. Притоа американскиот државен секретар изненади со изјавата дека САД и нивните партнери во моментов не инсистираат на смената на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, забележува агенцијата РИА.Не била заобиколена ниту темата за украинската криза, во која Москва и Вашингтон, исто така, имаат остро спротивставени позиции, како и прашањето за санкциите на ЕУ и САД во контекстот на исполнувањето на мировниот договор за Украина од Минск. Истовремено, Кери укажа и дека САД не спроведуваат политика на меѓународна изолација на Русија, за какви обиди од Кремљ обвинуваа претходно.Медиумите истакнуваат дека поранешната средба на Кери и Лавров со Путин во Сочи пред седум месеци наместо најавените 90 минути траела четири часа и минал претежно во неформална атмосфера, додека вторничната во Крем траела еден час помалку. Се прави уште една паралела, дека на претходната средба централната тема била украинската криза, додека сегашната била фокусирана на изнаоѓање решени се сириската, подобрата координација во борбата со тероризмот, како и билатералните односи, пишува Reuters.На почетокот на средбата во Кремљ, Путин истакнал дека Русија и САД бараат разрешување на најсложените кризи, како и дека од Лавров бил детално информиран за предлозите на Вашингтон и за „неколку прашања за кои се потребни натамошни разговори“. Кери, пак, од своја страна истакнал дека разговорите за сириската криза „отворила цела низа нови можности“, како и дека двете земји можат да сторат многу во тој контекст.По завршувањето на средбата во трилатерален формат, Кери и Лавров на заедничката прес-конференција истакнаа дека разговорите биле „конкретни и суштински“, дека е неопходно да се оствари напредок во решавањето на кризата во Сирија, како и дека Москва и Вашингтон мора да продолжат заеднички да бараат решени на состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија, којашто ќе се одржи во петок во Њујорк.Како што истакна Кери, од ефикасноста на заедничкиот ангажман на двете земји имаат полза и Русија и САД, но и целата меѓународна заедница, и оттаму Вашингтон е подготвен да соработува со Москва во борбата против Исламската држава. „Нема сомневање дека кога САД и Русија заеднички работат ефикасни, тоа е во корист и на двете страни, како и на меѓународната заедница“, рече американскиот државен секретар, илустрирајќи го тоа со постигнувањето на договорот за иранската нуклеарна програма.„Нашата средба главно беше фокусирана на Сирија, борбата против тероризмот и на Украина. Уште еднаш му потврдив на претседателот Путин дека САД се подготвени да работат со Русија во борбата со Исламската дражва“, рече Кери.Притоа американскиот државен секретар истакна дека Москва и Вашингтон ги приближиле позициите по сложените прашања во врска со Сирија.„Најдовме некои области на согласност, и разговаравме за комплексноста на класификацијата на терористичките групи. Во овој момент не можам да зборувам за тоа, за што се договоривме на билатерална основа, бидејќи како што кажа Лавров, целата група (за поддршка на Сирија) треба да учествува во таа дискусија и оти е важно сите да придонесат во решенијата… Но ние ги доближивме позициите, во поглед на овие предизвици, и како со нив да се справиме. Безусловно согласни сме дека Исламската држава и Џебхат ан-Нусра (сириското крило на Ал Каеда – з.р.) се надвор од тој процес (преговорите за политичката транзиција во Сирија – з.р.). За тоа сите се согласни“, рече Кери.Истакна дека, покрај другото, била договорена и размена на податоците меѓу САД и Русија за областите на спроведување на операциите против терористичките операции во Сирија. „Зборувавме за тоа во кои области ние и Русите ги изведуваме операциите и оти за да ја осигуриме безбедноста на нашите војници, потребно е да се знае кој каде дејствува“, додаде Кери на прес-конференцијата со Лавров, доцна ноќта во вторникот.Лавров повтори дека двете страни се договориле за следните чекори кои ќе помогнат борбата против тероризмот да биде подобро координирана. „Ги потврдивме договорите меѓу војските на САД и на Русија, и договориме тие да се прошират на коалицијата предводена од Вашингтон, која дејствува против Исламската држава. И во практична смисла договоривме некои натамошни чекори кои ќе помогнат нашите паралелни дејствувања да бидат подобро координирани и поефикасни“, додаде шефот на руската дипломатија.Кери рече дека за време на разговорите во Москва ја изложил американската позиција за неможноста во иднина сирискиот претседател Башар ал-Асад да остане на власт, но според него на овие разговори двете страни биле концентрирани „не на разликите во врска со Сирија, вклучително и за Асад, туку како да се придвижи политичкото решение“ на кризата.Притоа Кери изненади со изјавата дека САД и нивните партнери во моментов не се стремат кон промена на режимот во Сирија. „САД и нашите партнери не бараат промена на ткн режим во Сирија. Рековме дека не сметаме оти Асад има шанси да биде челник и во иднина, но сега не сме фокусирани на нашите разлики“, рече. Кери се заложи за неопходноста од интензивирањето на политичкото решени во Сирија. „Денеска многу детално ги разгледавме потребите од зајакнување на напорите во овој процес, заедно со ОН“, дополни.Американскиот државен секретар пред новинарите изјави дека на средбата со рускиот колега ја изразил загриженоста на Вашингтон во врска со наводните руски воздушни удари по позициите на сириската вооружена опозиција која САД и сојузниците ја сметаат за умерена. Според Кери, рускиот претседател Путин е запознаен со овие податоци.Било разговарано и за претстојната средба во Њујорк, при што Лавров истакна дека Москва и Вашингтон сметаат дека е неопходно да се потврдат договорите од Виена. „Се договори да продолжи работата за терористичките закани и за организирање на преговорите меѓу владата и опозицијата, и сметаме дека во оваа фаза е потребно да се потврдат договорите од Виена од 30-ти октомври и од 14-ти ноември“, рече првиот руски дипломат. Според него, тоа ќе биде сторено во форма на резолуција на Советот за безбедност при ОН, чиј нацрт ќе биде разработен во петок во Њујорк.Лавров притоа истакна дека на средбата во Њујорк, Русија очекува подетални информации за иницијативата на Саудиска Арабија објавена во понеделникот за нова коалиција на 34 исламски држава за борба против тероризмот, како и за средбата на групата „Пријатели на Сирија“ во Париз. Зборувајќи за борбата против тероризмот, тој истакна дека Москва претпочита колективен формат, кој ќе ги вклучи сите фактори и одобренија од ОН.Кога станува збор за уште една тема којашто придонесе за најголемата криза во односите на САД и Русија уште од завршувањето на идеолошката блоковска Студена војна, односно кризата во Украина, Кери повтори дека колку поскоро ќе биде реализиран договорот од Минск, толку порано ќе бидат симнати санкциите на ЕУ и САД против Русија воведени пред речиси 18 месеци. Притоа укажа дека одговорноста за исполнувањето на минскиот договор лежи на сите страни инволвирани во конфликтот во Украина.„Сметаме дека секоја страна треба да ги изврши обврските преземени со договорот од Минск. Знаеме дека има уште многу работа“, додаде Кери. Во врска со истото прашање, Лавров рече дека Русија и САД ќе ги искористат сите своите можности и влијанија за решавање на украинската криза. „И Русија и САД во развојот на договорот, кој беше постигнат меѓу претседателите Путин и Обама, ги подржуваат минските договори и Нормандискиот формат (Украина, Русија, Франција и Германија – з.р.). и ќе ги искористат сите свои можности за целосна имплементација на договореното“, додаде.Кери кон крајот на заедничката прес-конференција укажа дека во рамките на вторничните разговори во Москва истакнал дека Вашингтон не сака да спроведува политика на меѓународна изолација на Русија. „Немаме такви политики, чијашто цел би била да се изолира Русија. Секогаш говоревме дека кога САД и Русија имаат договор, тоа е во интерес на целиот свет. Сметам дека тоа е демонстрација на зрелоста на двајцата челници (претседателите Обама и Путин –з.р.) и важноста на нивните улоги“, рече државниот секретар на САД.Медиумите притоа забележуваат дека темата на „изолацијата“ на Русија при посетата на Кери на Москва не била начната случајно, имајќи предвид дека во пресрет на оваа посета руското министерство објави соопштение дека од Вашингтон во пресрет на посетата на државниот секретар „може да се слушне за некаква изолација на Русија на меѓународнта сцена“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет1 час

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет2 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион2 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет2 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија13 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија13 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија14 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија16 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија19 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ20 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија21 час

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија23 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија23 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија23 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија23 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија1 ден

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...