Контакт

Вести

Клинтон и Трамп ја продолжуваат жестоката кампања на Флорида

Објавено пред

Кандидатката за претседател на САД на Демократската партија, Хилари Клинтон, и нејзиниот противкандидат од Републиканската партија, Доналд Трамп, во саботата ја продолжија жестоката кампања во клучната сојузна држава Флорида во којашто републиканецот мора да победи доколку сака да спречи неговата ривалка да стане првата жена во Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Останаа само уште три дена до крајот на, според оцените на коментаторите, највалканата и најподелена кампања на најслабите два претседателски кандидата во историјата на САД, а тесните резултати во анкетите ги наведоа 69-годишната поранешна прва дама и државна секретарка Хилари Клинтон и 70-годишниот њујоршки магнат Доналд Трамп на беспоштедна борба до самиот крај.

Клинтон, којашто би можела да влезе во историјата како прва претседателка на САД и со тоа првата Американка врховен командант на вооружените сили, во петокот во Кливленд, во сојузната држава Охајо, се појави на концерт со раперот Џеј-Зи и неговата сопруга и пејачка Бијонсе, а во продолжувањето на кампањата во Филаделфија ќе се појави со познати личности од индустријата на шоу бизнисот, со пејачите Стиви Вондер, Бон Џови и Кети Пери.

Трамп, пак, на Флорида порачува дека појавувањето со мегапопуларните забавувачи е единствениот начин Клинтон да привлече маса луѓе.

„Мене не ми требаше да ги викам Џеј Ло (Џенифер Лопез –з.р.) или Џеј-Зи (…), тука сум само јас. Никој друг. Без гитара, без клавир, без ништо“, порача Трамп.

Откако Федералното биро за истраги (FBI) минатата седмица објави дека ја обновува истрагата за користењето на приватната електронска пошта на Хилари Клинтон во периодот кога беше државна секретарка од 2009 до 2013 година за службена преписка во која меѓу другото имало и доверливи информации, нејзината убедлива предност почна да се топи, но сé уште има предност.

Анкетата којашто во саботата ја објави Real ClearPolitics покажува дека Клинтон има поддршка од 45 отсто, а Трамп од 42,7 проценти. Испитувањето на јавното мнение на телевизиската мрежа ABC News и на дневниот весник The Washington Post, пак, покажала дека Клинтон е во водство со 47 отсто, а Трамп има поддршка од 43 проценти од потенцијалните гласачи./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

„Нашите деца се вратија дома, а туѓи никогаш нема“, родителите од „Рибникар“ огорчени, не дозволуваат настава кај што имаше масакр

Објавено пред

Родителите на некои од учениците во ОУ „Владислав Рибникар“, кои вчера учествуваа во емисијата „Впечаток на неделата“ на спрската „ТВ Нова“ истакнаа дека не сакаат нивните деца да се вратат во таа училишна зграда и побараа да се прекине наставата.

dobivaj vesti na viber

Бојан од Белград, татко на седумгодишно дете од ова училиште, истакна дека учебната година требало да заврши на 3 мај на ниво на цела Србија.

„Ова беше преседан… За мене нашите улици, овој град, ова општество се контаминирани. Морам да апелирам до граѓаните на Србија да размислат, секое дете можеше да биде на местото на тие деца… Сите сме засегнати како држава. Мојот син вели дека не помислува да оди во тоа училиште“, рече тој.

Мајката на двајца ученици од ова белградско училиште истакна дека повеќе нема да ги носи своите деца во таа образовна институција.

„Нашите деца се вратија дома, а туѓи никогаш нема… Целта ми е децата да завршат училиште, секако и да ги лекуваат децата на училиште, но училиштето не е болница. Тоа треба да биде едно место каде што нашите деца треба да растат и учат. На децата да им се помогне и да се донесе терапевт, што ќе недостасуваше да е некаде во парк или во детски културен дом или во ливада…Нема да ги вратам децата во тоа училиште, ќе ги пратам назад на училиште, но не на тоа место“, рече таа.

Александар, таткото на учениците од ова основно училиште, се согласува учебната година да заврши.

„Имаме многу едноставни очекувања што треба да направи државата. Очекуваме да заврши учебната година, не очекуваме децата да се сретнат на местото на извршување и државата да обезбеди алтернативна локација каде децата ќе се сретнат и ќе си ги видат раните. Тоа училиште веќе не може да биде училиште за нас. Од моментот на масакрот, тоа веќе не е училиште, туку почетна точка“, рече тој.

Марија, мајка на седмоодделенци од ова училиште, истакна дека она што го доживеале како родители е „нивното најголемо страдање“.

„Не дозволувам мојот син да се врати во тоа училиште, му се јавив на класниот раководител да го избрка од училиште“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Вести

Избори во Грција: Убедлива победа на владејачката партија, но не доволна за формирање на влада

Објавено пред

Владеачката партија во Грција, Нова демократија извојува убедлива победа на денешните парламентарни избори, но не успеа да обезбеди доволно гласови за сама да формира влада.

dobivaj vesti na viber

По пребројувањето на повеќето гласови, конзервативната Нова демократија поведе убедливо со 40,8 отсто, победувајќи ја радикалната левичарска Сириза, која владееше од 2015 до 2019 година и освои 20,1 отсто од гласовите.

Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство. Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во понеделник ќе им даде на трите водечки партии – Нова демократија, Сириза и социјалистичката ПАСОК, три дена да формираат коалициска влада.

Доколку ниту еден од нив не успее, претседателот ќе назначи привремена влада која за околу еден месец ќе подготви нови избори. Премиерот и лидер на Нова демократија Киријакос Митотакис рече дека верува дека добил јасен мандат.

„Резултатите од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Нова демократија има одобрение од народот да владее, силна и автономна“, им рече тој на расположените толпи пред седиштето на партијата во центарот на Атина.

Резултатот беше неверојатен поттик за Мицотакис, чија администрација мораше да се бори со скандалот со прислушувањето, пандемијата „Ковид-19“, кризата со трошоците за живот и смртоносната железничка несреќа во февруари што предизвика гнев во јавноста.

Подеднакво, тоа беше катастрофа за Сириза и нејзиниот лидер Алексис Ципрас, огнен левичар кој катапултираше на власт во 2015 година благодарение на незадоволството на гласачите од другите партии поради нивното справување со должничката криза што ја пустошеше грчката економија повеќе од една деценија. Ципрас му се јавил на Микотакис за да му ја честита победата, изјави претставник на Сириза.

Прикажи повеќе...

Вести

По окупцијата на Бахмут, шефот на Вагнер: За неколку дена се враќаме во Русија

Објавено пред

Шефот на платеничката група Вагнер рече дека неговите сили ја зазеле целата територија во Бахмут и наскоро се враќаат во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Вагнер денеска не зазеде никаква територија. Ја освоивме целата територија што ја ветивме, до последниот сантиметар“, рече Евгениј Пригожин во аудио пораката на Телеграм, додавајќи дека неговите борци ќе го напуштат фронтот следната недела.

„Како што објавивме вчера, нашите позиции ги предаваме на руското Министерство за одбрана и ја напуштаме зоната на конфликтот на 25 мај“, рече Пригожин, а пренесува „Скај њуз“.

Да потсетиме, Русија вчера објави дека го освоила целиот украински град Бахмут. Нападот на веќе речиси израмнетиот град го предводеше руската платеничка воена група Вагнер, чиј водач Евгениј Пригожин претходно истиот ден изјави дека неговите сили го зазеле целиот град и секоја куќа.

„Бахмут денеска не беше окупиран од руската армија“

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на војниците за заземањето на градот, велејќи дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции. Зеленски денеска одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето на Г7 изјави дека Русија не го окупирала Бахмут.

„Не можам да ги споделам со вас, тактичките информации на нашата армија, нашите воини, но можам да кажам дека Русија не може да не окупира или да победи во оваа војна“, одговори тој на прашањето за Бахмут.

„Нашите луѓе сега се на многу важна мисија во Бахмут. Нема да кажам каде точно, но Бахмут денеска не беше окупиран од руската армија“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Матурантка не полагала државна матура оти ја немало на списокот, таткото на девојчето бара правда

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денес и’ било оневозможено да го полага првиот дел од државната матура. Нејзиниот татко...

Топ12 часа

Tрагедија во Чаир: Градежник падна од висина и загина

Голема трагедија била пријавена синоќа во скопската населба Чаир. 41-годишен маж од Албанија, работејќи на изградба на објект паднал од...

Македонија13 часа

Законите за „Бехтел и Енка“ на тест кај Пендаровски

Собранието даде зелено светло, сега претседателот Стево Пендаровски ќе го каже својот став за законските решенија за реализација на договорот...

Македонија14 часа

Ковачевски најави лидерска, Мицкоски му одговори

Премиерот Димитар Ковачевски планира во наредните 10 дена да го покани на лидерска средба, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски....

Регион14 часа

Српскиот министер за одбрана избран за претседател на партијата на местото на Вучиќ

На седницата на вонредното собрание на партијата во Крагуевац за претседател на Српската напредна партија е избран актуелниот министер за...

Македонија16 часа

Мемет почина како невидлив за системот, правници алармираат итно да се олесни вадењето лична карта за ранливите групи

Младиот Мемет Камбер, продавач на „Лице в лице“, кој почина на 19 години без лична карта, а неговата прва посета...

Топ17 часа

Автомобил прегази пешак на улица во Скопје

Педесетгодишен скопјанец е прегазен синоќа од автомобил на улицата Ацо Шопов. „Патничко моторно возило “фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано...

Регион20 часа

Објавени детали од сослушувањето на мајката на Коста – што правел во деновите пред злосторството и какви односи имал со другите

Мајката на момчето кое уби деветмина негови врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија во средата беше...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нека си испечати уште една оставка како таа што му ја искинал Џафери

Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме час поскоро до Собранието да ја поднесат...

Регион21 час

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац одржува партиско собрание на кое ќе изберат нов претседател и раководство....

Македонија22 часа

Матурантите денес полагаат мајчин јазик, пријавени се 15.620 ученици

Денес се реализира првиот екстерен предмет од државната матура – мајчиниот јазик. Оваа учебна година за државната матура се пријавиле...

Регион1 ден

Вучиќ за состојбата на Косово: Се плашам дека не чекаат многу лоши работи, знам со кого си имаме работа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека се плаши дека ги чекаат многу лоши работи на Косово бидејќи знае со...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Пораката од САД и од членките на НАТО и ЕУ е јасна, сите партии да го поддржат европскиот пат на државата

„Пораката од нашиот стратешки партнер САД е многу јасна и од заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар, меѓутоа исто така...

Регион2 дена

(Видео) Десеттина повредени во Звечан во судирот со косовската полиција

Десетина лица се повредени во судирот меѓу вооружената косовска специјална полиција и насобраните граѓани во Звечан, каде што од утринава...

Македонија2 дена

Европското знаменце заврши работа: Собранието ги изгласа измените на законите за „Бехтел и Енка“

И покрај предупредувањата за злоупотреба на европското знаменце, попладнево Собранието ги изгласа измените на петте закони кои треба да ја...

Регион2 дена

(Видео) Нови тензии во Косово: Запален полициски автомобил, судир со полицијата и прекината настава

Напнатата ситуација во српските општини Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ на северот од Косово која се создаде откако специјалните сили...

Македонија2 дена

Сенаторот Марфи уставните измени ги нарече технички и укажа дека со неусвојување ќе го загрижиме НАТО

Американскиот сенатор Крис Марфи ги нарече технички уставните измени кои треба да се донесат за членство во Европската Унија. Тој...

Македонија2 дена

„Драга Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му го згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека...

Македонија2 дена

(Видео) Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“ – Ангелов за изјавите на Меџити

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001...

Македонија2 дена

(Видео) Историчарот Светозаревиќ до Бугарите: Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови

Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера во Пустец одговарајќи на прашања на бугарските новинари им кажа дека во 21-от век тие не...