Контакт

Вести

Лавров: Историјата покажува дека САД и Русија може да се обединат против заедничкиот непријател

Објавено пред

Русија и САД би можеле да ги обединат напорите поради борбата против тероризмот, како што своевремено умееја тоа да го сторат во борбата против фашизмот, без разлика на тогаш постојните идеолошки разлики, изјави, меѓу другото, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во опширното интервју за телевизијата НТВ.

„Тоа го искажа и рускиот претседател во говорот пред Генералното собрание на ОН. Всушност, тој направи паралела со периодот на создавање на антихитлеровската коалиција кога Советскиот сојуз беше злото од гледна точка на Западот. Но кога се појави фашизмот, кога се појави Хитлер со новиот поредок, веќе немаше идеолошки разлики меѓу комунизмот и капитализмот, меѓу социјалистичката сопственост и пазарната економија“, рече Лавров истакнувајќи дека денес, за разлика од Втората светска војна, не постојат идеолошки разлики меѓу различните системи.

„И ако уште тогаш двата спротиставени система сфатиле која е смртната закана и се обединиле против заедничкиот многу суриов непријател, сега врз основа на сето тоа искуство од заедничката соработка во многу прашања, врз основа на Студената војна, веројатно може да се извлечат вистински заклучоци и да се создаде таква коалиција, и покрај разидувањата во врска со разни прашања, кои се второстепени“, рече шефот на руската дипломатија.

Лавров ги негираше медиумските извештаи дека Саудиска Арабија ѝ понудила на Русија да се присоедини кон коалицијата којашто ја предводат САД, и којашто повеќе од една година дејствува против Исламската држава во Сирија и во Ирак. Меѓутоа, рускиот дипломат истакна дека Ријад бил запознаен со позицијата на Русија за Сирија.

Одговарајќи на повтореното прашање за веродостојноста на написите во западните медиуми дека претставниците на Саудиска Арабија при нивната неодамнешна посета на Русија ѝ предлагале на Москва да се присоедини на коалицијата предводена од САД, Лавров истакна дека „тоа не е висина“.

„Ги слушнав изјавите од некои извори, дека сме биле предупредени дека (руската интервенција во Сирија – з.м.) ќе има катастрофални последици. Апсолутно не е така. Тие зборуваа за потребата од координирани напори. Им беше јасно потврдено дека ние се бориме со тероризмот, а не со сириската патриотска опозиција“, истакна Лавров.

„Напротив, ние сакаме со таа патриотска сириска опозиција да ги координираме активностите и да помогнеме да се совладаат терористите, исто како што ѝ помагаме на армијата на сириската влада да ослободи градови откако ќе ги бомбардираме позициите на Исламската држава, Џебхат ан-Нусра или другите терористички групи. Ние сме подготвени да ѝ помогнеме на сириската патриотска опозиција“, рече Лавров повторувајќи дека Москва и натаму очекува од Западот и земјите како Саудиска Арабија кои ја поддржуваат вооружената сунитска опозиција во Сирија којашто ја означуваат како „умерена“ да ја поврзат со неа.

Лавров додаде притоа дека на саудиските претставници во неколкуте нивни посети на Русија им било посочено дека руските активности во Сирија се насочени кон борбата против тероризмот, а не кон спасување на актуелната власт и оти се надева дека тие ја разбрале позицијата на Москва./крај/мф/сн

Извор: ТАСС



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Србин уапсен во Виена, во бордел барал да му ги вратат парите

Објавено пред

Србин на возраст од 34 години бил уапсен во неделата попладне во Виена, откако побарал враќање на парите во бордел бидејќи, како што рекол, не бил задоволен од услугата, а потоа се заканил дека ќе го запали борделот, пренесува „Клајн цајтунг“.

Според портпаролот на полицијата, Кристофер Верњак, сексуалната работничка ја прекинала услугата околу 16 часот бидејќи човекот бил премногу брутален.

Потоа тој побарал враќање на парите, а кога вработените го одбиле станал уште поагресивен и се заканил дека ќе го запали целиот бордел.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и го привела.

Прикажи повеќе...

Вести

Болниците во Белгија преполни, бараат помош од Германија

Објавено пред

Белгија побара од Германија да прими пациенти со коронавирус во своите болници за да го намали притисокот врз сопствените единици за интензивна нега, кои се преполни со пациенти поради пандемијата од Ковид-19, објавуваат белгиските новински агенции.

Тие ја цитираат изјавата на шефот за итна медицинска помош Марсел Ван дер Авере, кој рече дека нема повеќе резервни кревети за пациентите во неколку болници во земјата.

Според официјалните податоци, во Белгија се регистрирани скоро 450 новозаразени лица со коронавирус на 100.000 жители во последните две недели. Иако бројот е малку помал отколку пред неколку недели, бројот на починати во меѓувреме се зголеми на просечно околу 40 смртни случаи на ден.

Прикажи повеќе...

Вести

Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Објавено пред

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.

Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет1 час

Ангела Меркел доби понуда за работа во ОН

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која цели 16 години го означуваше не само развојот на својата земја, туку и на...

Свет2 часа

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Македонија3 часа

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија17 часа

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија18 часа

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија20 часа

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија20 часа

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија23 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија24 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа1 ден

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија1 ден

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет1 ден

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија1 ден

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија2 дена

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија2 дена

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија2 дена

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија2 дена

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија2 дена

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија2 дена

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Досие