Вести
MSF се повлече од Кундуз по американското бомбардирање на болницата
Невладината организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF) објави во неделата дека го евакуирала својот персонал од северниот авганистански град Кундуз, ден откако во бомбардирањето на нејзината болница најверојатно од страна на американските сили загинаа 19 луѓе, и тврди дека талибаните не влегле воопшто во болницата за таа да биде цел.
Затворањето на болницата на MSF претставува голем удар за населението на Кундуз и регионот кое е во центарот на борбите меѓу авганистанските безбедносни сили и побунетите талибани за контролата над овој голем стратешки град на северот од Авганистан. Станува збор за единствената здравствена институција која може да ги лекува тешки заболувања и најтешките рани на целиот авганистански североисток.
Во воздушниот удар од моќта кон саботата, кој траел подолго од еден час за кое време лекарите од MSF директно се јавувале во штабот на НАТО во авганистанската престолнина Кабул и на американски воени функционери во Вашингтон со молби нападите да престанат, загинаа вкупни 19 луѓе, од кои седум пациенти од кои три се деца и дванаесет се персонална MSF. Покрај тоа ранети се уште 37 луѓе, а повеќе од 30 луѓе се сметаат за исчезнати. Во болницата во моментот на нападот имало 105 пациенти и 80 лекари и друг медицински персонал, а според загинатите целосно е уништено болничкото крило за травматологија.
„Болницата на MSF повеќе не е функционална. Пациентите во критична состојба се префрлени во други медицински центри. Во болницата повеќе не работи ниеден активист на Лекари без граници“, изјавила за AFP портпаролката на организација во Авганистан, Кејт Стрегмен. „Во овој момент не можам да ви кажам дали травматолошкиот центар во Кундуз воопшто повторно ќе биде отворен“, додала.
Од MSF, исто така, негираат дека од нивната болница талибаните пукале врз авганистанските и силите на НАТО. Авганистанското министерство за одбрана претходно изјави дека талибанските борци ја нападнале болницата и ја користеле зградата како „човешки штит“.
„Портите од болничкиот комплекс беа затворени целата ноќ, така што никој кој не беше од персоналот или пациент не можеше да влезе. Бомбардирањето на болница којашто е во целосна функција , не може да се оправда на ниеден начин“, се истакнува во соопштението на Лекари без граници.
Американската команда изјави дека спроведува истрага, која на министерството за одбрана му ја наредил претседателот Барак Обама, и потврди дека нивните воздушни сили изведувале удари во близина на болницата, бидејќи наводно талибанските борци пукале директно кон нив. Обединетите нации, пак, побараа неутрална и транспарентна сеопфатна истрага, наведувајќи дека можеби станува збор и за „кривично дело“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.