Контакт

Вести

НАТО во 2016-та ќе задржи ист број од 12.000 војници во Авганистан

Објавено пред

НАТО своето присуство во Авганистан во 2016 година ќе го задржи на истиот број, односно 12.000 војници, изјави во вторникот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, иако талибанското заземање на Кундуз јасно ја покажува слабоста на авганистанската војска.

dobivaj vesti na viber

„Договоривме да ја задржиме присутноста на нашата мисија Одлучна поддршка во текот на 2016 година“, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференцијата во Брисел, каде до среда ќе бидат собрани министрите за надворешни работи на земјите членки и партнери на НАТО.Столтенберг изјави дека станува збор за околу 12.000 војници и го поздрави ангажманот на сојузниците и партнерите, да го задржат нивото на единиците.„Се наоѓаме во Авганистан да спречиме таа земја да стане засолниште на меѓународните терористи. Тоа е и во наш интерес“, истакна челникот на НАТО.НАТО кон крајот на декември 2014 година ја заврши борбената Мисија за поддршка во безбедноста на Авганистан – ИСАФ, и на авганистанската војска и полицијата им ја довери целосната одговорноста за безбедноста на земјата. Мисијата Одлучна поддршка ја презема таа задача во советувањето и обука на авганистанските безбедносни сили. Во неа се наоѓаат околу 12.500 војници, од кои 9.800 американски.Столтенберг во вторникот изјави дека САД ќе обезбедат околу 7.000 војници во мисијата во 2016 година, а членките на НАТО и другите партнери, меѓу кои и Македонија од операцијата, ќе ги осигурат другите војници.Одби на прес-конференцијата да одговори дали мисијата Одлучна поддршка ќе продолжи и по 2016 година. Претходно функционери на НАТО веќе најавија дека мисијата под водство на цивилни експерти ќе ја замени мисијата Одлучна поддршка.Американскиот претседател Барак Обама кон средината на октомври мораше да признае дека нема да може да го следи повлекувањето на американските единици од Авганистан според предвиденото темпо по неколкуте силни талибански офанзиви. Имано падот на Кундуз покажа дека авганистанските сили не успеваат секогаш самите да го одбранат теренот, иако Вашингтон во текот на изминатите 14 години потроши околу 60 милијарди долари на нивното опремување и обучување./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои...

Македонија11 часа

Во Кочани полициска акција за приведување на лица за пожарот во дискотеката

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за...

Македонија11 часа

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од...

Македонија13 часа

Пробиштип ги испрати Никола, Матеј и полицаецот Тоше кои загинаа во дискотеката

Пробиштип денес се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги во нивните вечни почивалишта. „Тие ќе...

Македонија15 часа

Штип се прости од петтемина свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на...

Македонија17 часа

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...

Македонија18 часа

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...

Македонија19 часа

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти пред испишување, утре од болница си заминуваат тројца повредени во пожарот во Кочани

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени, министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите...

Македонија19 часа

„Си замина дел од моето второ семејство, остана само пепел и празнина“, се огласи Ана, придружниот вокал на ДНК, која го преживеа пожарот во Кочани

Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот ДНК, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа...

Македонија19 часа

(Видео) Македонија се простува од членовите на ДНК, кои загинаа во пожарот

Денес, ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пејачот на бендот,...

Македонија21 час

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“...

Топ21 час

Уапсени двајца 18-годишници, кои правеа огномет синоќа во Скопје: прославувале роденден во Градскиот парк

Вчера, околу 21.25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје има огномет и не се...

Македонија21 час

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната...

Регион22 часа

Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие...

Македонија23 часа

Денес погребни церемонии за загинатите во дискотеката во Кочани

Погребните церемонии за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип,...

Топ24 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше: побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани

Вчера, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше....

Македонија1 ден

19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот...

Македонија1 ден

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија1 ден

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија2 дена

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...