Контакт

Вести

Папата: Исламистичкото насилство во Сирија и Ирак е ‘грев против Бога’

Објавено пред

Папата Франциск во Истанбул во неделата дека исламските милитанти прават „тежок грев против Бога“ во Сирија и во Ирак повикувајќи на меѓуверски дијалог и борба против сиромаштијата за да се помогне во запирањето на судиите во двете земји.
 

dobivaj vesti na viber

Папата Франциск во Истанбул во неделата дека исламските милитанти прават „тежок грев против Бога“ во Сирија и во Ирак повикувајќи на меѓуверски дијалог и борба против сиромаштијата за да се помогне во запирањето на судиите во двете земји.

 

Папата Францикс говореше во неделата кога завршува тридневната посета на Турција,којашто на својата територија згрижи речиси два милиона бегалци од Сирија, меѓу кои и илјадници христијани од кои најмногу се засолнати токму во Истанбул.

На заедничката литургија со Цариградскиот патријарх Вартоломеј Први, првиот меѓу еднаквите челници на повеќе од 300 милиони православни христијани во светот, Папата изјави дека луѓето од сите вери не можат да останат рамнодушни на лелекањата на жртвите на „нечовечното и свирепо“ војување во соседството.

„Да им се одземе мирот на луѓето, да се вршат сите видови насилства, или да се пристанува на таквите чинови, особено кога се насочени против најслабите и оние без одбрана, е многу тежок грев против Бога“, рече папата Франциск во текот на литургијата, пренесува Reuters.

Поглаварот на Римокатоличката црква по третпат во исто толку денови ги спомена џихадистичките бунтовници на Исламската држава кои ги убиваат или протеруваат од Сирија и Ирак и шиитските муслимани, христијаните и другите етноконфесионални заедници како Јазидите во Ирак или Друзите во Сирија, и другите коишто не го споделуваат нивното ултрарадикалното практикување на сунитскиот ислам.

Бројката на христијаните на Блискиот исток се намалува со децении, но во последно време дојде до масовен егзодус на христијаните особено од Ирак и од Сирија поради напредување на сунитските исламисти и особено на бруталните радикални групации како Фронтот ан-Нусра и џихадистичката Исламска држава.

Вселенскиот патријарх и Папата решително се заземаа за заштита на сите христијани кои се прогонети од џихадистите во Ирак и во Сирија, истакнувајќи дека никогаш нема да го прифатат „Блискиот исток без христијани“.

„Не можеме да ги прифатиме Блискиот исток без христијани коишто таму го исповедува името Исусово две илјади години“, истакнаа во заедничката изјава, како и што беше најавено, потпишана последниот ден од посетата на Папата во Турција во екуменската патријаршија, седиштето на Вселенскиот патријарх, пренесе AFP.

Се проценува дека во џихадистичката офанзива на Исламската држава во Сирија и во Ирак од своите милениумски домови се протерани повеќе десетици христијани.

„Многу наши браќа и сестри се прогонети и мораа под притисок да го напуштат својот дом. Навистина се чини дека човековиот живот повеќе не е вреден и дека човечката личност повеќе не е важна, и оти тие може да се жртвуваат во името на другите интереси“, истакнаа двајцата христијански поглавари во изјавата изразувајќи жалење поради „рамнодушноста на многумина“.

„Застрашувачката положба во којашто се наоѓаат христијаните и сите коишто трпат на Блискиот исток, не изискува само непрестајна молитва, туку и соодветен одговор на меѓународната заедница“, истакнаа Вартоломеј и Франциск.

Претходно на литургијата Папата спомена дека укинувањето на сиромаштијата е клучно, бидејќи затоа што таа делумно и го поттикнува „регрутирањето на терористите“.

Папата Франциск беше четвртиот понтифик кој ја посети Турција. Претходно тоа го сторија папата Павле Шести во 1967-та, во 1979 година Турција ја посети папата Јован Павле Втори а последен папа кој ја посети оваа земја беше Бенедикт Шеснаесетти во 2006 година.

Јакнењето на врските со Православната црква којашто се одвои од Рим со расколот во 1054 година беше централната тема на посетата на Папата на Турција. „Ние не сме различни религии. Ние сме браќа кои израснаа раздвоени. Но и двајцата го следеле патот кој им го одредил Господ“, изјави цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј Први за италијанскиот католички неделник Famiglia Cristiana, во пресрет на посетата на Папата.

Папата е апсолутен поглавар на Католичката црква, но помирувањето го отежнува фактот што Вартоломеј Први всушност е само симболичен челник на православниот свет и не може да ја наметнува својата волја на поглаварите на десетиците автокефални православни цркви.

Напорите за помирување на двете цркви започнаа во 1964 година, кога папата Павле Шести се сретна со цариградскиот патријарх Атенагора во Ерусалим и тие двајца ги поништија меѓусебните екскомуницирања. Тоа беше првата средба на поглаварите на двете цркви по повеќе од половина милениум и почеток на долгоочекуваниот процес на помирување. Годинава, исто така во Ерусалим, Франциск и Вартоломеј Први ја одбележаа педесетгодишнината на оваа историска средба.

Цариградскиот патријарх во споменатото интервју рече дека за завршување на овој процес ќе биде потребно „труд, трпение, молитви, љубов од двете страни, почитување и духот на меѓусебно посакување добредојде“.

Претходно во саботата, духовниот водач на 1,2 милијарди католици во светот, се молеше во најпознатата истанбулска Сина џамија, користејќи ја посетата на Турција да ги повика муслиманите да се спротистават на судирите во соседните земји.

„Папата Франциск сака да ја поврзе Католичката црква со мерените муслимани за да ги поттикне да пружат отпор на она што тој го нарекува фанатизам и фундаментализам. Тоа, делумно, е и поширока загриженоста за дијалогот и светскиот мир, делумно конкретна одбрана на загрозените христијани“, изјави Џон Ален долгогодишен американски известувач од Ватикан, автор на голем број книги за Светата столица и уредник на американскиот католички интернет портал Crux./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ7 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија9 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија10 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура11 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија12 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија12 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија14 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија15 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет16 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет16 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет16 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија17 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа17 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...