Контакт

Вести

Пентагон: САД обучуваат околу 100 борци на опозицијата во Сирија

Објавено пред

САД во моментов обучуваат околу стотина борци од сириската вооружена опозиција којашто Вашингтон на именува како „умерена“, изјави на сослушувањето пред сенатскиот комитет, заменичката министерка за одбрана, Кристин Вормут.

dobivaj vesti na viber

„На 15-ти септември во рамките на постојната програма за обука и опремување, ние тренираме 100 борци, и имаме дополнителни регрути кои чекаат на ред“, изјави Вормут.

Претходно пензионираниот генерал Џон Ален, координатор на борбата со терористичката групација Исламска држава, изјави дека САД планираат да обучат до 15.000 опозициски борци во Сирија.

САД повторно ја разгледуваат стратегијата за борба против Исламската држава (IS) во Сирија, и Пентагон ја истражува можноста од разместување на сириските опозициски борци во побезбедните зони, давање подобри разузнавачки податоци и подобрување на вештините на бунтовниците коишто ги обучува, пишуваше весникот The New York Times

Опциите, коишто се доверливи, циркулираат меѓу највисоките функционери во американското министерство за одбрана, пишува весникот повикувајќи се на извори кои сакале да останат анонимни.На почетокот од септрември американските медиум обајвија дека САД ќе ја преиспитуваат стратегијата за справување со џихадистичките групи, што вклучува зголемување на групите обучени умерени сириски сунитски бунтовници кои ќе бидат вратени во Сирија и распоредување на оние локации каде што за нив е поголема поддршката од локалното населени.

Нагласувајќи ја неуспешноста на напорите предводени од САД за обуката на илјадници членови на сунтската вооружена опозиција којашто ја поддржува Западот, групацијата Џебхат ан-Нусра, која е сириско крило на Ал Каеда, во јули соопшти дека заробила повеќе од половината од 54-те обучени бунтовници за малку повеќе од една седмица откако тие беа распоредени во Сирија.

САД потврдија на почетокот од август дека го изведоа првиот воздушен напад во Сирија за да ја одбранат бунтовничка група Нова Сирија, која ја обучуваше американската војска, бидејќи ваквите сили кои Вашингтон ги смета за умерени, веднаш претрпеле загуби во судирите со исламистите. Овие американски воздушни напади врз позициите на екстремните исламисти се должеа на загубите што ги претрпеле сириските бунтовници обучувани и вооружени од САД кон крајот на јули. Веќе во првите операции оваа група изгубила десетина борци во судирот со борците на Џебхат ан-Нусра во северна Сирија.

Тогаш портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави и дека не е исклучено САД да ги бомбардираат и силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад, доколку бидат „принудени да ги заштити бунтовниците кои ги обучуваа“.

Како што претходно објавија САД, за речиси два месеца обучиле 60-ина борци на опозицијата, како што првично беше најавено, за борба против Исламската држава. Вкупно проверката според американските стандарди, вклучително и разузнавачките проверки, ги минале околу седум илјади доброволци. Вашингтон има намера да обучува пет илјади сириски опозициски борци годишно во базите во Турција, Катар, Јордан и Саудиска Арабија.

Во најавата на програмата на обуката, Вашингтон наведе дека му е цел да обучува по 5.000 борци годишно. Тие, како што стравува Дамаск, ќе бидат употребувани и во судирите со силите на сириската влада.

Американските воени власти задолжени за спроведување на оваа програма се соочуваат со тешкотии при селекцијата на кандидатите, бидејќи САД сакаат да ја ограничат опасноста меѓу нив да се инфилтрирани припадници на повеќе сунитски радикални исламистички организации коишто се активни на сириското боиште, кои потоа би се свртиле кон нив. Според најновите податоци коишто ги објави Пентагон, се пријавиле 3.750 сириски кандидати, од кои 400 ја минале подготвителната фаза.

Американскиот Конгрес, кој силно ја поттикнуваше администрацијата на претседателот Барак Обама на воена операција во Сирија и особено на споменатата програма, издвои 500 милиони долари за нејзиното финансирање.

САД најавија дека околу 1.000 американски војници ќе бидат распоредени за оваа програма на формирање сириски опозициски сили коишто ќе бидат способни да им се спротистават на добро вооружените и обучени екстремистички групи коишто ги потиснаа од многу покраини, особено од страна на Исламската држава. Засега 450 американски војници пристигнале на самото место, велат американски извори.

Некои од главните партнери на САД во регионот му забележуваат на Вашингтон што сака да ја води акцијата на сириската вооружена опозиција против џихадистите од Исламската држава, а ќе ја занемари борбата против силите на претседателот Асад.

Во февруари, Турција и САД потпишаа договор за обука на борците на сунитската опозициска Слободна сириска армија (FSA) за справување со Исламската држава. Притоа САД претпоставуваат дека во следните три години ќе обучат 15 илјади борци на FSA. Почетокот на програмата, кој беше планиран за 1-ви март, беше одложен поради барањето на Анкара за рамноправно учество на турските и на американските инструктори за обука на сириските бунтовници, како и за формирање заедничка комисија којашто ќе ги избира кандидатите./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија6 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија7 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија9 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија12 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ12 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија14 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија15 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија15 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија16 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија16 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија17 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...