Вести
Полицаецот кој уби црномуресто момче нема да биде обвинет, немири во Фергусон

Во американскиот град Фергусон повторно избувнаа нереди, откако Големата порота одлучи да не биде обвинет полицаецот од Дарен Вилсон за смртта на Мајкл Браун, 18-годишниот Афроамериканец, кој беше убиен невооружен на 9 август.
Оваа одлука синоќа ја објави обвинителот на округот Сент Луис, Боб Мекалак. Големата порота, во која биле девет белци и тројца Афроамериканци, заседавала секоја недела од 20 август за да ги разгледа доказите.За подигнување на обвинение против Вилсон било неопходно за тоа да гласаат најмалку девет поротници. Американското министерство за правда спроведува истрага за евентуалното кршење на граѓанските права којашто би можела да резултира со подигнување на федерално обвинение, јавува АП.По објавувањето дека полицаецот нема да биде обвинет, демонстрантите во Фергусон излегоа на улица, каде кршеа полициски возила, а можело да се слушне и пукање.Околу 15 минути откако обвинителот ја објавил одлуката на поротата, локалната полиција преку разглас на собраните пред зградата на полицијата во Фергусон им порачала да се разотидат бидејќи нивниот собир бил незаконски.Демонстрантите дошле до барикадите и ја предизвикувале полицијата, користејќи и пцости, а некои викале „убиец“.Некои од демонстрантите, наводно се обиделе да ги спречат останатите во вандализмот и насилството, но сепак неколку дуќани биле запалени и ограбени откако протестите станале насилни.Во градот утрово горат неколку продавници, вклучувајќи едно складиште, продавница за автоделови и продавница за снабдување на козметички и фризерски салони. Фоторепортер на агенцијата АП видел како доаѓаат пожарникари кои се вратиле назад без да завршат работа поради пукањето.Федералната агенција за администрација ги пренасочила летовите за Сент Луис на другите аеродроми поради извештаи дека во Фергусон се пука во воздух. Илјадници луѓе во понеделникот протестираа во Лос Анџелес и Њујорк. Шетале по улиците и носеле транспаренти „раце горе, пукај“. За разлика од Фергусон, во останатите градови протестите биле мирни.Претседателот на САД, Барак Обама повика на мир и разбирање, апелирајќи и граѓаните и полицајците да бидат воздржани. „Ние сме нација изградена на владеење на законите и затоа треба да прифатиме дека ова е одлука на Големата порота“, изјави Обама. Тој изјавил дека е разбирливо некои Американци да бидат доста разочарани, но го повторни апелот до родителите на убиениот тинејџер дека протестите треба да бидат мирни.Претседателот ги повикал граѓаните да ја прифатат одлуката на Големата порота и да се фокусираат на тоа како да се постигне напредок во зближувањето на полицијата и граѓаните.Адвокатите на полицаецот изјавиле дека тој постапувал во рамките на својата обука и законите кога пукал во Браун./крај/тј
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.