Вести
Поради пукање затворен аеродромот во Оклахома

Аеродромот „Вил Роџерс“ во јужната американска сојузна држава Оклахома е затворен поради пукање, соопшти полицијата на Twitter.
„Во моментов го затворивме аеродромот Вил Роџерс. Доколку се наоѓате на аеродромот, најдете засолниште до дополнителни информации“, се наведува во објавата на полицијата на државата Оклахома објавена ноќта кон средата по македонско време.
„Потврдуваме дека едно лице е настрадано како резултат на истрелите“, соопштува полицијата.
Според локалните медиуми, инцидентот се одиграл во вторникот околу 14,50 по локално време.
Како што пренесува телевизискиот канал КОКО повикувајќи се на локалните власти, во близина на еден од излезите на аеродромот бил пронајден маж како лежи на подот. Тој рекол дека во него било пукано.
Портпаролот на аеродромот, преку кој дневно летаат меѓу седум и осум илјади патници, изјавил дека полицијата трага по осомничениот.
Засега нема други официјални поединости за инцидентот на најпрометниот аеродром во државата Оклахома.
Според телевизиската мрежа NBC News, е смртно застрелан таткото на локална спортска ѕвезда, вработен во воздухопловната компанија „Southwest Airlines“. Полицијата потврдила дека лице е пронајдено мртво во возило, но не дала други детали.
Агенцијата Associated Press, повикувајќи се на портпаролот на полицијата на Оклахома Сити, Пако Балдерама, пренесува дека полицијата добила информација и за втора жртва во пукањето, но таа информација не можела да биде потврдена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.