Контакт

Вести

Повик за мир од Јужна Кореја: Со ревизија на меѓународното право до решавање на светските конфликти

Објавено пред

Неефикасноста на меѓународото право при справувањето со меѓународните конфликти е главната причина за иницијативата на невладината јужнокорејската организација „Небесна култура, светски мир“ (HWPL), преку која во понеделникот во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, беше потпишана Декларацијата за  постигнување на мир и ставање крај на војните.

dobivaj vesti na viber

Настанот на кој присуствуваше и Макфакс, собра над илјада меѓународни претставници, меѓу кои и шефови на влади, правни експерти, дипломати и претставници на медиумите ширум светот.

 

Од своето официјално формирање во септември 2015-та година, Меѓународниот комитет на мирот и правото, кој функционира во рамките на организацијата HWPL, даде своја поддршка преку експертиза во формирањето на драфт верзијата на оваа декларација. Во овој комитет едни од поистакнатите членови се Камал Хосаин, член на уставниот суд на Бангладеш, потоа Фатхи Кемича, член на управниот одбор на невладиниот Интернационален совет за комерцијална арбитража (ICCA), Нариндер Синг, член на меѓународната комисија за право на Обединетите нации (ОН) и Густав Молер, член на финската стопанска комора.

Претседателот на HWPL и познат јужнокореански хуманист, Ман Хи Ли  порача дека потпишувањето на оваа Декларација преставува „вовед во една нова ера“.

„Се собравме тука за да ги постигнеме колективните желби на човештвото, овој момент никогаш нема да биде заборавен поради тоа што Декларацијата за постигнувањето на мир и ставањето крај на војните ќе биде јавно соопштена. Сите жители на овој свет ќе ги  обединат своите срца за да ја поздрават и признаат оваа Декларација, која ќе значи нова ера и живот полн со мир“, изјави Ли.

Претседателката на еден од ограноците на HWPL, односно Интернационалната група на жените за мир (IWPG), Нам Хи Ким порача дека „младите и жените ширум светот веднаш ќе ја повикаат меѓународната заедница да ја поддржи Декларацијата, со што ќе им стави крај на сите конфликти“.

„Веднаш откако Декларацијата за постигнувањето на мир и ставањето крај на војните ќе биде соопштена, младите и жените ширум светот ќе ја повикаат меѓународната заедница да ја поддржи Декларацијата, а како што е потенцирано во неа, отстранувањето на сите потенцијални ризици за конфликти е најдрагоцената работа што ќе остане во наследство на сите идни генерации“, порача Ким.

Како што нагласи претседателот на HWPL, Ман Хи Ли, основата на оваа декларација е во забраната за користење на сила која би можела да биде користена како потенцијал за започнување на војна, потоа решавањето на сите конфликти, како и слобода на религијата и ширењето на културата на мирот. Според Ли, Декларацијата ќе биде моќен и ефикасен алат за решавање на сите војни и воени конфликти, односно постигнување на „фундаменталната цел на човештвото – мирот“.

Во преамбулата на Декларацијата стои дека таа имаа за цел „да ги задржи меѓународниот мир и безбедност и да ги остави во наследство на идните генерации како една гаранција за свет во кој ќе нема војни“. Во неа исто така се зема предвид „универзалната обврска на светските религии за промоцијата на мирниот соживот, толераниција и заемна почит, како и заедничкиот дух кој ги надминува сите религиозни пишувања“.

Според палестинскиот министер за правда, Али Абу Диак, „оваа церемонија и Декларацијата се почеток за постигнувањето на еден меѓународен Договор со кој ќе им стави крај на воените судири и ќе се сопрат војните, нешто што е важен пресврт во заштита на човековите права, без разлика на националноста, местото на живеење, полот, расата, бојата, религијата или, пак, јазикот“.

На прашањето на Макфакс пак, околу тоа што претставува движечка сила за имплементацијата на оваа Декларација, членот на Комитетот Фатхи Кемича одговори дека тоа е „она што е веќе во рамките на HWPL, односно добро поставената мрежа која што може да биде проширена“.

„Веќе постои една добра мрежа којашто може да биде проширена и ние (Меѓународниот комитетот на мирот и правото) сме оптимисти околу резултатите. Веднаш откако милионите млади луѓе ширум светот ќе почнат да го остваруваат она што е напишано во Декларацијата, државите ќе немаат друг избор, освен да го слушаат граѓанскиот сектор. Уверени сме околу имплементацијата на овој процес“, додаде Кемича.

Исто како и Универзалната декларација за човеки права, објавена на 10-ти декември 1948-та година, така и оваа Декларација е постигната од страна на различни правни експерти, што значи дека мирот не само што е можен, туку е и неопходен, додаваат од HWPL.

Според организацијата, додека тие се обидуваат да ја постават насоката за остварувањето на неопходните промени, останува на сите лица индивидуално да ги осознаат своите права за да живеат во мир и да ја прифатат својата одговорност да придонесат за „еденсвет каде што сите ќе живеат без трагедиите и последиците од војните“./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија7 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ7 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија8 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија8 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија9 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија10 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет13 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет13 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа13 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет14 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа14 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа14 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија23 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ23 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија1 ден

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија1 ден

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија1 ден

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...