Контакт

Вести

Путин: Русија не стои зад хакерските напади врз американската Демократска партија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во петокот во интервјуто за американската агенција Bloomberg дека не знае кој стои зад кибернетичките напади врз Демократската партија, но дека е важно дека тие информации се јавно објавени и нивната суштина.

dobivaj vesti na viber

Два дена пред состанокот на челниците на земјите од групацијата Г20 во Кина, каде што ќе се сретне со американскиот колега по должност Барак Обама и со другите светски челници, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека можеби нема да биде можно да се открие кој стои зад објавувањето на чувствителната електронска преписка на раководството на Демократската партија која предизвика потреси во оваа американска партија, но истакна дека тоа не го сторила владата на Русија.

„„Дали е важно кој ги хакирал тие податоци?“, запраша Путин додавајќи дека е „важна содржината којашто е доставена до јавноста“, во својата прва јавна реакција на скандалот за кој американските демократи ја обвинуваат официјална Москва, наводно со цел да му помогне на претседателскиот кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп.

„Нема потреба да се одвраќа вниманието на јавноста од суштината на тој проблем, укажувајќи на некои минорни прашања како што е потрагата по оној кој тоа го сторил. Меѓутоа, повторно сакам да кажам дека не знам ништо за тоа и на државно ниво Русија тоа никогаш не го правела. Владата на Русија никогаш тоа не го правела“, истакна Путин.

Изјавите на американските власти, вклучително и на претседателот Обама и на поранешната државна секретарка Хиулари Клинтон за наводната руска трага во споменатите хакерски напади, Путин уште еднаш истакна во разговорот дека е обид да се одвлече вниманието на американската јавност од суштината на проблемот.

Путин, исто така, одговори на обвинувањата дека Русија преку објавувањето на доверливите документи, се обидува да влијае врз кампањата за претседателските избори во САД кои ќе се одржат на 8-ми ноември.

„За тоа треба да се чувствува нервот и особеностите на внатрешнополитичкиот живот во Соединетите држави. Не сум уверен дека дури и нашите експерти во министерството за надворешни работи го разбираат тоа доволно добро“, појасни Путин.

Хакираната електронска пошта која ја објави активистичката група WikiLeaks во јули пред конвенцијата на Демократската партија, покажа дека партиското раководство ја фаворизирало Хилари Клинтон на партиските избори за претседателски кандидат наспроти сенаторот Берни Сандерс, откривајќи дека дури се препорачувало фабрикување афери против него кои ќе бидат лиферувани преку медиумите.

Поради овој скандал оставка поднесе претседателката на DNC, Деби Васерман-Шулц, а од своите позиции заминаа и нејзината наследничка како претседателката на Националниот комитет на Демократската партија, Ејми Дејзи, финансискиот директор на комитетот Бред Маршал и шефот на одделот за односи со јавноста, Луси Миранда.

Обама во август рече дека ќе разговара за тој кибернетички напад со Путин, доколку се докаже дека зад него стои Русија,м но дека тоа нема натаму да го влошува односите меѓу двете држави кои од 2014 година се на нивото од блоковската Студен војна поради украинската и сириската војна. Клинтон, пак, изјави дека зад нападот стојат руските разузнавачки служби, откако WikiLeaks објави дека нејзината кампања ќе се базира на напади врз Русија.

Претставниците на кампањата на Клинтон зачестија со изјавите дека Русија наводно се обидува да влијае врз резултатот од ноемвриските претседателски избори во САД, но засега таквите тврдења не се поткрепени со докази или конкретни дејствија. Така, агенцијата ТАСС потсетува дека токму Мук на 24-ти јули изјави дека хакери „поврзани со Русија“ го извршиле кибернетичкиот напад врз серверите на Демократската партија за да му помогнат на Трамп, на што со иронија за „хорор приказни“ одговори портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков негирајќи каква и да вмешаност на официјална Москва.

На 10-ти август разобличувачкиот портал WikiLеаks повикувајќи се на своите „свиркачи“ објави дека новата стратегија којашто ќе ја примени кампањата Хилари Клинтон, ќе биде насочена на обвинувања кон Русија доколку се појават нови доверливи документи во врска со нејзината корумпираност. „Кампањата на Клинтон разработила нова ПР-стратегија. Сите следни откритија за корупција поврзана со неа, ќе бидат претставени како активности на Русија“, беше наведено на акаунтот на WikiLeaks на сервисот на микроблогирање Twitter.

На 10-ти август весникот The New York Times дека саботажата од страна на хакерите била многу посериозна отколку што се сметаше претходно. Според тврдењето на весникот, хакерите успеале да извршат кибернетички упад во електронската пошта на „повеќе од 100 функционери и ограноци“ на демократите, а не само во DNC. Во врска со ова Федералното биро за истраги (FBI) настрана од јавноста, ги известило функционерите чиишто електронски преписки би можеле да бидат украдени, тврди весникот.

Од The New York Times, исто така, тврдат дека цел на кибернетичката саботажа, за којашто демократите вклучително и нивниот актуелен претседател Барак Обама ја обвинуваат Русија, биле и членови на изборниот штаб на Хилари Клинтон и на неа доверливи лица. Жртви на хакирањето биле и членовите на демократскиот комитет кои се занимаваат со собирање доброволни донации и со анализа на расположението на гласачите, како и здружението на гувернерите на сојузните држави од Демократската партија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија12 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија13 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија14 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија17 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија17 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија18 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија18 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија18 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија20 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија20 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет22 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет23 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет23 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет23 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија2 дена

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија2 дена

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија2 дена

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија2 дена

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион2 дена

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...