Контакт

Вести

Русија и САД се убедени дека можна е само борба со IS

Објавено пред

Главната тема на разговорите на шефовите на дипломатиите на двете најмоќни земји која се одвива во вторникот во Москва е решавањето на кризата во Сирија и перспективата за заедничките напори во борбата со меѓународниот тероризам, пренесуваат руските медиуми од состанокот кој е во тек меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, кои потоа во текот на денот ќе ги прими рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

На отворањето на средбата, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека претседателите на Русија и на САД последните месеци во неколку наврати дискутираа за проблемите во врска со потребата од поефикасна борба против тероризмот.

„Во овој сегмент сé уште има прашања кои неопходно треба денеска да ги разгледаме во контекстот, особено за натамошната работа на Меѓународната група за поддршка на Сирија. Самото решавање на сириската криза го бара постојаното наше внимание со согласност со задачите и договорите постигнати во Виена во рамките на двете заседанија на оваа група“, истакна Лавров.

Притоа истакна дека проблемот со тероризмот е поширок, отколку самото сириско прашање. Особено, што во последниот период се забележува зајакнување на сунитската терористичка организација Исламска држава во Либија.

„Исламската држава е активна во Ирак, терористички акти извршува во Јемен и во Авганистан. Се надевам дека денеска ќе можеме да разговараме за овие комплексни прашања“, додаде Лавров.

Американскиот државен секретар Џон Кери, од своја страна, изрази согласност дека е неопходна заедничка борба против Исламската држава.

„Се разбира, САД и Русија се согласни дека Исламската држава претставува заедничка за закана, закана за нашите земји и нации, со нив е невозможно да се преговара, тие се терористи кои ја напаѓаат нашата култура, достоинството, и не ни оставаат никаков избор, освен борбата“, рече Кери.

Потсети дела двете земји успешно го водат дијалогот за решавање на кризата во Сирија во рамките на меѓународните состаноци во Виена. „Се надевам дека ќе можеме да ги продолжиме заедничките напор во Њујорк“, додаде шефот на американската дипломатија.

Кери претходно деновите изјави дека целта на третиот круг од преговорите за Сирија е да се одржи во Њујорк на 18-ти декември. Досега не беше познато дали договорот на средбата со Лавров значеше и потврдување дека состанокот ќе се одржи на тој датум.

САД, Русија и Европската унија, како и претставниците на блискоисточните и други влијателни земји се договорија во Виена во ноември двегодишен план кој би требало да доведе до политичка трансформација и одржување избори во Сирија. Сепак, останаа нерешени уше многу прашања, како и иднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Лавров и Кери се осврнаа и на проблемот на решавањето на кризата во источна Украина, Притоа рускиот дипломат, во овој контекст, побара од Вашингтон да влијае на Каев, со цела да издејствуваат од него поконструктивна улога во преговорите.

„Секако дека сме заинтересирани да продолжи дијалогот започнат меѓу претседателите на Русија и на САД, за тоа како Соединетите држави можат да придонесат за решавање на кризата во Украина. Имајќи го предвид нивото на влијание на Вашингтон врз Киев, тоа би претставувало допра поткрепа за активностите на ‘Нормандиската четворка‘ (Украина, Русија, Франција и Германија – з.р.), смета Лавров.

Кери, пак, во овој контекст искажа надеж дека неговата посета на Москва ќе помогне во постигнувањето напредок во ова, како и во останатите прашања. „Претседателите Путин и Обама јасно ставија до знаење дека сакаат да се најде излез за решавањето на кризите во Сирија и во Украина“, истакна челникот на американската дипломатија.

Начелно, Лавров и Кери се согласија дека соработката меѓу Москва и Вашингтон е неопходна за решавањето на големите меѓународни прашања, и истакна дека очекуваат да постигнат напредок во низа теми во текот на посетата на американскиот државен секретар на Русија.

„Се надевам дека вашата посета ќе биде плодотворна“, му се обрати Лавров на Кери, кој возврати дека е убеден оти од соработката меѓу Русија и САД полза ќе има целиот свет. „Се надевам дека ќе успееме да постигнеме напредок во рамките на овој состанок, делка двете држави ќе можат да најдат заеднички јазик и да се договорат за конкретните прашања“, истакна./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија2 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија2 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија5 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија6 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија6 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ8 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија8 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ9 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет9 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија10 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет10 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет10 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет10 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет10 часа

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ24 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија1 ден

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија1 ден

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...