Контакт

Вести

САД не ги коментираат информациите за притисок врз ЕУ за санкции против Русија

Објавено пред

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест одби во вторникот да ги коментира информациите дека САД го засилуваат притисокот врз Европската унија со барање за заострување на санкциите против Русија, во врска со украинската криза.

Претходно агенцијата Bloomberg пишуваше дека во понеделникот во Белата куќа се одржала затворена средба на претставниците на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама со амбасадорите на земјите членки на Европската унија на којашто било барано Брисел да воведен нови санкции против Русија, при што била упатена закана дека во спротивно ќе биде дејствувано еднострано и ќе бидат воведени санкции против финансискиот и одбранбениот сектор на руската економија, од што штети би можеле да претрпат и некои европски сојузници на САД.„Не можам да кажам за конкретни средба… Но за вас не би претставувало изненадување сознанието дека тоа е редовна комуникација меѓу високи претставници тука, во Белата куќа, и дипломати и други странски челници, кои ја посетуваат нашата земја. Работиме во тесна координација со нашите сојузници, за да ја принудиме Русија да плати за дестабилизирачките активности по должината на границата со Украина“, изјави Ернест на брифингот со новинарите во Белата куќа, пренесува РИА Новости. „Ние јасно ставивме до знаење дека можат да бидат преземени дополнителни чекори (во контекст на санкциите), доколку руската страна не преземе чекори коишто ние ги очекуваме од нив“, додал. Според портпаролот на претседателот на САД, од Русија се очекува да ја зајакне контролата на границата со Украина, за да се исклучи доставувањето на оружје за бунтовниците во источните региони, како и координација со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што всушност Москва го предложи пред повеќе од две седмици понудувајќи од руската страна на границата во набљудувањето да бидат вклучени и припадници на украинската погранична служба. САД, исто така, сметаат дека Русија има влијание врз бунтовниците во источните региони на Украина, коешто може да помогне да се убедат да го положат оружјето и да го почитуваат прекинот на огнот, додал Ернест. Според него, Вашингтон се надева дека потоа Контакт групата ќе може да направи план за деескалација на ситуацијата во регионот и решавање на конфликтот. САД и ЕУ ја обвинуваат Русија за мешање во состојбите во Украина и се заканија дека се подготвени за наметнување нови санкции по оние коишто беа воведени во март откако црноморскиот полуостров Крим, каде што 58 отсто од населението е руско, преку референдум си ја поврати автономијата и изгласа присоединување на Руската Федерација, што Западот го смета за руска анексија на украинска територија. САД, кои инаку имаат и мал обем на трговска размена со Русија, многу поактивно се залагаат за заострување на санкциите отколку што за тоа се расположени европските земји кои имаат далеку поголема економска поврзаност па дури и енергетска зависност од Москва.Русија од своја страна ги отфрла обвинувањата за инволвираност во украинскиот конфликт, и истакнува дека станува збор за внатрешно прашање коешто треба да се реши со сеопфатни преговори меѓу властите во Киев со сите политички субјекти во земјата, како и со претставниците на рускојазичното население во југоисточните региони, а санкциите ги оценува како „несоодветни и контрапродуктивни“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија10 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија10 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија12 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ13 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија13 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија14 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет17 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа18 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ18 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ18 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија19 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион19 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион19 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет20 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет21 час

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион21 час

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија21 час

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија1 ден

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија1 ден

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Досие