Контакт

Вести

Сценариото за „валкана бомба“ во рацете на терористи главна тема на самитот во Вашингтон

Објавено пред

Апокалиптичното сценарио на ткн „валкана бомба“ во посед на терористите на џихадистичката група Исламска држава, односно опасноста од нуклеарен тероризам, ќе биде главната тема на меѓународниот самит за нуклеарна безбедност кој ќе се одржи во Вашингтон под претседателство на американскиот претседател Барак Обама.

Во четврток и во петок во американската престолнина ќе се собера околу педесетина светски челници на состанокот на врвов на кој ќе се расправа како да се спречи најголемиот кошмар – нуклеарниот тероризам. Станува збор за четвртиот меѓународен сами за нуклеарна безбедност чија цел е да се оневозможи пристапот на терористите до нуклеарните материјали или постројки. Во текот на процесот светските челници ќе настојуваат подобро да превенираат екстремистите да украдат или да дојдат нуклеарни материјали.

Засега се зајакнати борбата против илегалното тргување со ваквите материјали и да се намалат резервите на збогатен ураниум и плутониум, користени за атомски бомби, кои се раштркани по светот. Целта, исто така, е јакнење на кибернетичката безбедност на самите нуклеарни централи.

Независните експерти признаваат дека се преземени одредени напори. По првиот ваков самит во 2010 година четиринаесет нации ги отстранија своите залихи од фисиски материјали, а другите земји ги забрзаа напорите да ги отстранат. Јапонија, на пример, во текот на овој март врати во САД плутониум кој овозможува производство на педесетина атомски бомби.

Меѓутоа, експертите од Иницијативата против нуклеарната закана (NIT) сметаат дека забавуваат владините напори, како и дека постојат слаби точки во безбедноста на многубројни нуклеарни постројки во светот.

Во последните дваесет години, предупредуваат од IAEA, забележани се 2.800 инциденти поврзани со нелегално поседување или губење на радиоактивни материјали. Според американските експерти, пак, до крајот на 2014 година во светот имало 1.370 тони високо збогатен ураниум, од што најмногу во Русија. Според студијата од 2015 година Меѓународниот панел за фисиските материјали, во светото останува доволно плутониум и збогатен ураниум за производство на 200.000 нуклеарни бомби со моќност како онаа којашто кон крајот на Втората светска војна САД ја фрлија врз јапонскиот град Хирошима.

Начините на кои напорите вложени последните години може да бидат продолжени е едно од големите прашања за кои треба да се разговара на самитот којшто ќе биде последниот за американскиот претседател Барак Обама Неговата администрација беше иницијаторот за овие самити, а доправа треба да се дефинира кој ќе ја преземе таа улога по неговото заминување. Ви својот историски говор во Прага во април 2009 година за „светот без нуклеарно оружје“, Обама предупреди дека ризикот од „нуклеарен напад“ претставува „најдиректната и најекстремната закана за светската безбедност“.

Првиот самит за нуклеарната безбедност беше одржан во 2010-та во Вашингтон, а потоа следеа самитите во Сеул во 2012-та и во Хаг во 2014 година. Русија годинава ќе биде само набљудувач.

Самитот се одржува во еден од најдраматичните моменти, откако белгиските и светските медиуми по исламистичките напади во Брисел од 22-ри март известија дека исламистичката ќелија имала намера да произведе радиоактивна ткн „валкана бомба“. Беше известено, исто така, дека е пронајден убиен во неговиот стан припадник на обезбедување на една белгиска нуклеарка и оти притоа исчезнала неговата пропусница.

Само два дена по бриселските терористички напади, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) предупреди дека „тероризмот се шири и дека можноста да се употребат нуклеарни материјали не може да се исклучи“..

Координаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил де Кершов во саботата предупреди дека во следните пет години би можел да дојде до „кибернетички напад“, односно преземање контролата врз нуклеарна централа преку интернет. /крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Болниците во Белгија преполни, бараат помош од Германија

Објавено пред

Белгија побара од Германија да прими пациенти со коронавирус во своите болници за да го намали притисокот врз сопствените единици за интензивна нега, кои се преполни со пациенти поради пандемијата од Ковид-19, објавуваат белгиските новински агенции.

Тие ја цитираат изјавата на шефот за итна медицинска помош Марсел Ван дер Авере, кој рече дека нема повеќе резервни кревети за пациентите во неколку болници во земјата.

Според официјалните податоци, во Белгија се регистрирани скоро 450 новозаразени лица со коронавирус на 100.000 жители во последните две недели. Иако бројот е малку помал отколку пред неколку недели, бројот на починати во меѓувреме се зголеми на просечно околу 40 смртни случаи на ден.

Прикажи повеќе...

Вести

Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Објавено пред

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.

Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Вести

Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Објавено пред

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.

„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.

Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето  масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.

Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.

Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.

Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.

Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.

Денес протести за климата се планирани и на други места.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија3 часа

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет4 часа

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет4 часа

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион4 часа

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија6 часа

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија7 часа

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Регион9 часа

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија9 часа

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија12 часа

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија12 часа

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет13 часа

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион13 часа

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет14 часа

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија14 часа

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Свет1 ден

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет1 ден

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија1 ден

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија1 ден

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Досие