Контакт

Вести

Семејството на аргентинскиот државен обвинител Нисман тврди дека е жртва на убиство

Објавено пред

Истрагата којашто ја покрена семејството на аргентинскиот државен обвинител Алберто Нисман, кој беше пронајден мртов во неговиот стан во Буенос Аирес во јануари, неколку часа пред да се сретне со членовите на парламентарната комисија во врска со обвинувањата на претседателката Кристина Кишнер и министерот да надворешни работи Ектор Тимерман за заговор во врска со експлозијата во еврејскиот културен центар во престолнината Буенос Аиерес во 1994 година кога загинаа 85 луѓе, покажала дека тој бил жртва на убиство, изјави неговата поранешна сопруга на прес-конференцијата.

dobivaj vesti na viber

Обвинителот Алберто Нисман имал составено и налог за пасење на претседателката Кристина Фернандез де Киршнер, за чија поддршка минатата седмица на улиците излегоа околу 400.000 Аргентинци, сметајќи дека, меѓу другото, станува збор за американски заговор. Официјалната истрага се’ уште не е завршена, но таа укажува на самоубиство.

„Можеме да заклучиме дека Нисман е жртва на убиство, без никакво сомневање“, изјави поранешната сопруга на обвинителот, судијката Сандра Аројо Салгадо, мајка на нивните две ќерки. Таа ги отфрли наодите кои наведуваат дека станува збор за несреќен случај или самоубиство, кое се случи на 18-ти јануари.

Според федералната судијка Салгадо, им од експерти веќе составиле свои заклучоци врз основа на извештаите од обдукцијата и постоечките форензички докази. Додаде дека извештајот веќе е доставен до „јавниот обвинител и судијата“ кои ја водат официјалната истрага за смртта на Нисман. И покрај настојувањата на новинарите да бидат соопштени наодите во извештајот, таа не сакала да ги објави деталите од документот, пренесува Reuters.

На 20-ти јануари официјалната истрагата соопшти дека не се пронајдени траги од насилна смрт на телото на обвинителот Алберто Нисман. Истрагата, сепак, сé уште не извлекува заклучоци, очекувајќи ги резултатите од експертизата, меѓу другото и за присуство на барутни честички на рацете на обвинителот Алберто Нисман. Тој беше пронајден со прострелна рана во главата во бањата во неговиот апартман во елитната населба Пуерто Мадера во Буенос Аирес. Покрај неговото тело во бањата којашто била заклучена од внатрешната страна беше пронајден пиштол со калибар 22 мм и чаура. Како што подоцна беше објавено, оружјето по негово барање му било дадено од негов колега поради самоодбрана. Во последното интервју, Нисман изјави дека работејќи на споменатиот случај во прашање е доведен неговиот живот.

Беше објавено и дека архивите на аргентинските безбедносни служби по смртта на обвинителот ќе бидат отворени. Одлуката е донесена по наредба на претседателската Кристина Фернандез де Киршнер.

Алберто Нисман, 51-годишниот обвинител за истрагата којашто беше отворена во 2004 година, беше пронајден мртов во неговиот стан во Пуерто Мадера, елитна населба во аргентинската престолнина Буенос Аирес. Покрај неговото тело е пронајдено оружје со калибар 22 мм покрај телото а констатирано е дека смртта е предизвикана од истрел од огнено оружје. Телото на Нисман било пронајдено во бањата од неговиот стан заклучен однатре. Парламентарците требало да се сретнат со обвинителот во претпладнето и Нисман требало да ги образложи пред пратениците обвинувањата што ги покрена против претседателката.

На почетокот од јануари Алберто Нисман побара отворање истрага против претседателката Кристина Кишнер поради попречување на работата на правосудните органи. Ги осомничи претседателката и министерот да надворешни работи Ектор Тимерман дека заговарале попречување истрага во полза на Иран, чии високи функционери ги гони аргентинското правосудство. Како што тврдеше Нисман, официјален Буенос Аирес ветил дека ќе ги ослободи иранските функционери за нападот од 1994 година, во замена за иранската нафта која на Аргентина ѝ е неопходна.

Нисман ги обвини Кишнер и Тимерман за заговор за „обезбедување неказнивост“ за Иранците, кои Аргентина ги обвинува за учество во експлозијата. Покрај тоа, Нисман се обрати до судот со барање за испрашување на претседателката и шефот на дипломатијата, како и замрзнување на нивниот имот од околу 23 милиони американски долари.

Покрај тоа, обвинителот обвини уште неколку аргентински политичари блиски до актуелната влада. Според него, тие биле посредници во преговорите со Иран, во кои Аргентина на Техеран му предлагала жито во замена на испорака на нафта, којашто е нужно неопходна за разнишаната аргентинска економија.

Владата преку министерот за надворешни работи Ектор Тимерман категорички ги отфрли обвинувањата на Нисман и тврди дека целта на неговата акција била да се дестабилизира владата девет месеци пред одржувањето на првиот круг од претседателските избор.

Во 1994 година, две години по нападот врз израелската амбасада во Буенос Аирес, во подметнувањето на експлозијата со којашто беше уништена зградата на еврејската организација AMIA при што се убиени 85 луѓе, а 300 беа повредени во центарот на аргентинскиот главен град.

Аргентина ги обвини за вмешаност во организацијата на најголемиот терористички напад во историјата на земјата повеќе високорангирани ирански функционери, вклучително и поранешниот претседател Хашеми Рафсанџани и седум поранешни владини функционери. Иранските власти секогаш жестоко ги негираат обвинувањата.

Претходно властите на Аргентина и Иран го ратификуваа Меморандумот за разбирање, со кој земјите се договорија за заедничка истрага на експлозијата. Против тоа остро реагираа претставниците на влијателната во Аргентина израелска заедница. Тие го нарекоа овој договор „неуставен“, кој го „обелува образот на иранскиот режим“ и „обезбедува неказнивост“ за организаторите на нападот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет2 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет3 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија17 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија17 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија18 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија20 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион21 час

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија21 час

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија21 час

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија22 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет1 ден

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа1 ден

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет1 ден

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет1 ден

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет1 ден

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија1 ден

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија2 дена

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...