Вести
Шест загинати илјадници куќи урнати во земјотрес во Кина

Најмалку шест луѓе загинале а повеќе десетици се повредени, додека повеќе илјади домови се оштетени или целосно урнати во земјотресот со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер кој во петокот наутро го погоди руралниот дел од покраина Синџијанг на крајниот запад на Кина, соопштија локалните власти.
„Засега имаме потврда за шест загинати и 50-ина повредени“, се наведува во соопштението на службата за вонредни состојби.
Многу од домовите градени во локален традиционален стил во областа којашто претежно ја населуваат етничкото туркофона муслиманска група Ујгури се урнале во земјотресот чиј епицентар е регистриран 164 километри северозападно од градот Хотан. Во оваа област живеат 258.000 луѓе, претежно Ујгури.
Според референтниот американски Геолошки институт (USGS), земјотресот се случил во округот Пишан, 131 километар југоисточно од градот Шаче, познат и како Јарканд, на ујгурски јазик. Во извештајот се додава дека жариштето на потресот бил на длабочина од 20 километри, како и дека го следеле неколку последователни земјотреси од кој најсилниот имал магнитуда од 4,8 степени.
Министерството за цивилни работи соопшти дека се оштетени или уништени околу 3.000 домови, како и дека во погодената област се испратени околу илјада шатори за згрижување на оние кои останале без покрив над главата.
„Доколку имало собирања на големи групи луѓе на едно место, тогаш сигурно бројот на жртвите ќе беше поголем. Но во овој случај релативно мал број лица престојувале во моментот на земјотресот на такви локации, поради што не се очекува поголем број настрадани“, изјавил за државната телевизија China Central Television (CCTV), Сун Шихонг, од кинескиот Центар за земјотреси (CENC).
Силните земјотреси не се реткост во Кина, особено во нејзините југозападни покраини Сечуан и Јунан. Во земјотресот со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер кој го погоди Сечуан во мај 2008 година, загинаа речиси 80.000 луѓе. Во август 2014-та, пак, Јунан беше погоден од потрес со магнитуда од 6,1, и притоа загинаа повеќе од 600 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.