Вести
Во протестите поради убиството во Фергусон 180 уапсени во ЛА

Повеќе од 180 луѓе се уапсени во Лос Анџелес во средата во протестите против одлуката на големата порота да не покрене обвинение против белиот полицаец кој во август го уби црниот тинејџер во Фергусон, предградие на Сент Луис, во сојузната држава Мисури.
Повеќе од 180 луѓе се уапсени во Лос Анџелес во средата во протестите против одлуката на големата порота да не покрене обвинение против белиот полицаец кој во август го уби црниот тинејџер во Фергусон, предградие на Сент Луис, во сојузната држава Мисури.
Протестите во најголемиот град во сојузната држава Калифорнија на коишто учествувале според медиумите петстотини лица, започнаа со повеќе километарското одење во поворка од јужните квартови до зградата на полицијата во центарот на Лос Анџелес.
На прес-конференцијата во средата навечер по средноевропско време, началникот на лосанџелската полиција Чарли Бек изјави дека се уапсени 183 лица, меѓу кои 167 поради реметење на јавниот ред. Едно лице било приведен поради потежок прекршок, откако со шише со вода погодило во главата полицаец кој бил полесно повреден.
Неколку демонстранти биле приведени поради запирање на сообраќајот на автопат, но во Лос Анџелес главно се’ минало без насилства и без предизвикување материјални штети, за разлика од Окленд, близу Сан Франциско, каде што како и изминатите ноќи во Фергусон, демонстрантите ги ограбувале продавниците и се судриле со полицијата.
„Демонстрантите уништуваа продавници, палеа, ги гаѓаа полицајците со камења и шишиња“, соопшти преку Twitter полицијата во Окленд, додавајќи дека „неколку лица се уапсени“.
Американските власти во средата предвидоа нови протести против одлуката на големата порота на Мисури да не покрене обвинение против белиот полицаец Дарен Вилсон кој во август во Фергусон го застрела црниот тинејџер Мајкл Браун, за кој се тврди дека бил невооружен.
Во Њујорк на Јунион Сквер и Тајмс Сквер протестирале повеќе од илјада луѓе втора ноќ по ред по објавувањето на одлуката од Фергусон. Полицијата соопшти дека од вторникот уапсила десет лица. Во понеделникот беа уапсени други две лица, од кои еден демонстрант кој фрлил црвена боја врз началникот на полицијата, Бил Братон./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.