Вести
Властите на Окленд стравуваат дека во пожарот во клубот има 40 жртви

Властите во градот Окленд, во американската сојузна држава Калифорнија, не ја отфрлаат можноста дека во пожарот кој избувна во ноќен клуб може да достигне 40, пренесува телевизијата CNN повикувајќи се на канцеларијата на локалниот шериф.
Во саботата беше објавено дека во пожарот кој избувнал во петокот во 23,30 часот, полокално време во Окленд и бил гасен повеќе часови, потврдени се девет жртви, и оти најмалку 25 лица се сметаат за исчезнати.
„Подготвени сме за 30 до 40 жртви“, изјавил портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Аламеда за CNN. Потврдил дека досега со сигурност се знае за девет жртви.
Според пожарникарската служба и објавата на Facebook страницата на клубот, во клубот се одржувал концерт на електронскиот бенд Golden Donna на кој имало меѓу 50 и 100 посетители, пренесува Associated Press. Не станува збор за класична концертна сала, туку за зграда во која востановите се сместени разни уметници и клубови
Челничката на противпожарната служба Тереза Делоах Рид за телевизијата Fox News изјави дека станува збор за „голема“ градба, додавајќи дека се урнал покривот што го отежнува извлекувањето на телата.
„Голем дел од објектот не е проверен. Се надеваме дека ќе остане бројката од девет жртви, но сме подготвени за конечниот биланс“, додаде.
Видео материјалите објавени на социјалните мрежи покажуваат голем пламен кој се издигнува над поривот на зградата. Очевидци велат дека некои луѓе п по избувнувањето на пожарот скокале од прозорците од вториот кат, каде што се најдени повеќето од телата на жртвите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Српски сеизмолог: Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот

Српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ вели дека не постои директна опасност за потреси во Србија по разорните земјотреси во Турција, бидејќи земјата е на „периферијата“ и е последна во низата земји кои се загрозени.
Но, таа објаснува дека анадолската плоча е поврзана со српскиот регион и дека во процесот на притисок и поместување може да се очекува зголемување на сеизмолошката активност на Балканот.
Радовановиќ потсетува на случајот од 1939 година кога разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, со иста јачина како овој сега, ја погоди Турција и предизвика смрт на речиси 20.000 луѓе. Една година подоцна, во ноември 1940 година, разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија каде погинаа стотици луѓе, но и стотици згради се урнаа до темел.
Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот, но, според Славица Радовановиќ, Србија е најмалку загрозена, додека последиците од денешниот разорен земјотрес во Турција може да се очекуваат во Грција или Романија во блиска иднина.
Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.