Вести
Во уривање на авион на индонезиската полиција 13 мртви

Турбопропелерски авион од типот „P4201“ на индонезиската полиција со 13 лица се урнал во саботата во морето во близина на островот Линге, соопшти полицијата.
Авионот летал од Пангал Пинанга он меѓународниот аеродром на островот Батам, близу Сингапур, а се урнал во близина на острово Линге, соопшти портпаролот на покраинската полиција на архипелагот Риау. Според него, локалното население пронашло торби со мобилни телефони и полициски легитимации.
Спасувачките служби пронашле делови од седишта и друга опрема за кои се претпоставува дека потекнуваат од урнатиот авион. Судбинатана триенаесетте лица кои се наоѓале во него, засега не е позната, додал портпаролот.
Државната индонезиска новинска агенција Antara извести дека во авионот имало 15 полициски офицери.
Според контролата на летањето, пак, со авионот се превезувале пет членови на екипажот и осум патници, кога во саботата утрото го загубиле контактот со контролорите. 50 минути по полетувањето од острово Бангка на југоисточниот брег на Суматра.
Агенцијата за Цивилна воздушна пловидба на Сингапур (CAAS)
соопшти дека потрагата и спасувачката операција ја води Координативниот центар кој се обидува да ги лоцира остатоците од индонезискиот полициски авион.
Со дозвола на индонезиските власти, хеликоптер од типот „SuperPuma“ и и авион „Fokker 50“ се упатени во помош на индонезиските власти да го лоцираат авионот, соопшти CAAS. Додаваат и дека уште два брода чекаат дозвола од индонезиските власти да се вклучат во операцијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.