Свет
Во Азербејџан бомбаш самоубиец убиен на влез во трговски центар
Азербејџанската полиција во саботата уби маж кој се подготвувал да изведе терористички напад во најголемиот трговски центар во главниот град Баку, објавија тамошните власти.
Напаѓачот идентификуван како 38-годишниот Емин Џами, бил убиен во трговскиот центар „Бима“ во центарот на Баку, додека се обидувал да го активира експлозивниот појас кога го полицајците се обиделе да го запрат, соопшти агенцијата за национална безбедност на Азербејџан.
„Безбедносните служби беа информирани за неговите намери да организира терористичка акции во Азербејџан“, се наведува во соопштението.
Емин Џами минал девет години во затвор поради учество во терористички заговор во 2007 година. Тогаш безбедносните сили го уапсија во рамките на операцијата на разбивање на 20-члена група поврзана со Ал Каеда, Таа група подготвувала терористички напади врз амбасадите на САД и Велика Британија во Баку.
Џами е осуден за припадник на терористичката организација Наифа ал-Бадави, и дејствувал под псевдонимот Абу Џафр. На почетокот од 2016 година е ослободен од затвор и повторно се поврзал со милитантите, осомничени дека го подготвувале да извршува напади во Азербејџан.
Азербејџан под водството на Илхам Алиев е една од најсекуларната земја во муслиманскиот свет. Властите уште минатата година објавија дека е загрижена со зголемувањето на радикализмот, додека критичарите на неговото владеење дека властите го користат екстремизмот за да е пресмета со опозицијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

