Регион
Во Бар не пристигнало замрзнато месо од 1982 година
По информациите што се појавија во регионалните медиуми последниве денови, дека во пристаништето во Бар пристигнало замрзнато свинско месо старо повеќе од 30 години, Управата на царината на Црна Гора соопшти дека на контејнерскиот терминал таков товар не стигнал.
„Во Слободната царинска зона на контејнерскиот терминал се наоѓаат пратки кои се уредно пријавени на царинските и инспекциските служби, како и на операторот со приостаништето Бар“, се вели во соопштението.
Од Управата за инспекциски работи соопштено е дека ветеринарната управа во склад со информациите од медиумите, а во соработка со царинските служби, дополнително ја прегледала документацијата и идентификацијата на пратка од животинско потекло на Контејнерскиот терминал во пристаништето Бар.
„Притоа е констатирано дека не постојат никакви сомнителни пратки. Царината и инспекцијата не добиле официјална информација за пристигнување на пратка со месо од 1982 година“, се вели во соопштението.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија, Зоран Поповски, врз основа на остварен телефонски контакт со црногорските ветеринарни власти, попладнево доби официјална потврда дека во Црна Гора, преку пристаништето во Бар, во изминатава недела, воопшто не е извршен увоз на свинско месо, за кое во одредени медиуми од регионов се шпекулираше дека е од резервите на НАТО и дека е постаро од триесеттина години.
Агенцијата за храна и ветеринарство пред добивање на официјалната потврда ги засили инспекциските контроли на граничните премини и во прометот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

