Контакт

Свет

Во експлозија на гас во Тоскана се урна куќа, една жена загина

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Куќа во Фиренца се урна во четвртокот вечерта, при што една жена загина, а нејзиниот сопруг и двете ќерки се повредени, јавуваат италијанските медиуми.

Инцидентот се случил во Бањо а Рипло, тоскански град на 7 километри од Фиренца, а полицијата верува дека причина за несреќата е експлозија на гас.

Четиричлено семејство живеело во куќата, а таткото и двете ќерки на возраст од седум и десет години, се спасени од службите за итна помош што стигнале на местото на несреќата многу брзо. Телото на мајката до два часот по полноќ не било најдено.

Пожарникарите работеле до утринските часови да го обезбедат објектот, а се води истрага за да се открие како дошло до експлозијата.

Повредените се пренесени во блиската болница, а се третираат од изгореници и од труење.
Куќата повеќе не постои, а оштетени се и други објекти во околината./крај/тл/бб

Свет

Ердоган ја обвинува опозицијата дека со протести ја уништува турската економија

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини опозицијата за уништување на економијата среде најголемите протести во земјата во повеќе од 10 години поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

dobivaj vesti na viber

Партијата на градоначалникот Имамоглу, кој беше најгласниот противник на Ердоган во последните 22 години, повика на бојкот на компаниите што тврдат дека ја поддржуваат владата на Ердоган.

Турскиот претседател ја обвини опозицијата дека е „толку очајна, што ќе ги фрлат земјата и нацијата во оган“.

Имамоглу беше уапсен пред една недела и е обвинет за корупција и поддршка на тероризам. Нему му е одреден притвор во неделата, а датумот на судење не е објавен. Многумина веруваат дека случајот против Имамоглу е политички мотивиран. Владата наведува дека судството е ослободено од политичко влијание.

Доказите против Имамоглу не се официјално објавени. Многу турски медиуми објавија дека обвинувањата главно се засновани на тајни сведоци. Вакви сведоштва се користеа и претходно во постапки против опозициски политичари.

Ова доведе до масовни, главно мирни демонстрации во Истанбул, Анкара, Измир и во други градови. Претежно млади и студенти излегуваат на улица. Тие бараат итно ослободување на Имамоглу и враќање на демократијата.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја рече дека 1.418 лица биле приведени во текот на изминатата недела во врска со демонстрациите.

Во Турција нема да има нови избори до 2028 година, но можно е Ердоган да повика на предвремени избори за да побара уште еден мандат.

Прикажи повеќе...

Свет

Руте го предупреди Путин: Ако Русија ја нападне Полска, одговорот на НАТО ќе биде поразителен

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Варшава предупреди дека секој што би замислил да ја нападне Полска треба двапати да размисли бидејќи НАТО ќе одговори со полна сила, а реакцијата ќе биде поразителна.

dobivaj vesti na viber

„Ако некој направи погрешна пресметка мислејќи дека може да ја нападне Полска без последици, нашиот сојуз ќе одговори. Реакцијата ќе биде поразителна. Тоа мора да му биде јасно на господинот Владимир Владимирович Путин или на секој што би сакал да нѐ нападне“, рече Руте на прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск.

„Сите треба да го следиме примерот на Полска и да ги зголемиме нашите трошоци и да преземеме чекори. САД истакнаа дека се решени да го задржат НАТО како силен сојуз, а за ова зборуваше и Доналд Трамп. Европа мора да ги зголеми своите трошоци“, рече Руте.

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека Полска мора да биде подготвена за разни сценарија, вклучувајќи ги и оние што не ѝ се допаѓаат.

„Полска и јас лично не мораме воопшто да се оправдуваме кога станува збор за помошта на Украина. На сите им е јасно дека преговорите се водат и нашето влијание врз нив е ограничено дотолку повеќе што Полска мора да биде подготвена за сценарија што нема да бидат сто проценти како што ги опишавме“, рече Туск.

Полскиот премиер истакна дека е исклучително важно Полска да знае дека сега кога геополитиката се менува пред нашите очи, остануваат во сила целосната НАТО-солидарност, вербата, сигурноста и гаранциите дека и понатаму важи членот 5 од договорот – еден за сите, сите за еден.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешен шеф на КГБ: Русија и САД, конечно, имаат ист непријател

Објавено пред

„Русија, Кина и САД се пред создавање нов геополитички поредок, кој доколку Европа не реагира навреме, може да го исфрли континентот од игра“, предупредува поранешниот висок функционер на руските тајни служби, Евгениј Савостјанов. Поранешниот шеф на московскиот разгранок на КГБ тврди дека Европа мора итно да се разбуди и да ги препознае амбициите на Владимир Путин, во спротивно може да падне во политичка и безбедносна ирелевантност.

dobivaj vesti na viber

Тој исто така предупредува дека сегашните разговори меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин може да резултираат со договори што целосно ќе ја заобиколат Европа и ќе ја остават без влијание врз клучните меѓународни прашања. „Европа мора да преземе одговорност за својата судбина – да ги зајакне одбранбените капацитети и да почне силни информативни кампањи, кои ќе ги доближат вистинските закани до граѓаните“, вели Савостјанов.

Говорејќи за италијанскиот „Кориере дела сера“, тој јасно ги предупреди европските лидери: „Денес сте под притисок од две сили – Русија и новата верзија на САД, кои длабоко ги презираат вашите фундаментални вредности“.

„Она што ги обединува е тоа што ве сметаат за заеднички непријател. На некој начин сте опкружени. Се плашам дека кај вас нема вистинска свест за опасноста на која сте изложени, пред сѐ, опасноста да станете ирелевантни, а со тоа и да ги изгубите сопствените демократски вредности.

Според него, нов глобален поредок е неизбежен, особено поради одлуката на САД да се повлечат од активна улога во меѓународните односи. „Европа мора да го врати статусот на глобален политички актер ако сака самостојно да ја гарантира сопствената безбедност“, рече тој.

За да може Европа да се спротивстави на овој тренд, Савостјанов смета дека мора силно да застане зад Украина и да почне паневропска кампања, која ќе им ја објасни на граѓаните новата глобална реалност.

Европските претставници веќе изразија загриженост дека континентот е на маргините додека САД и Русија одржуваат клучни разговори – вклучително и оние за прекин на огнот. Не гледајќи начин да се постигне мир без американска поддршка, Европејците се принудени да ја следат агендата на Трамп на секој чекор од патот.

Ова е причината зошто многу европски влади почнаа да ги зголемуваат своите буџети за одбрана во последните недели. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди дека „Европа мора итно да се превооружи“.

Савостјанов тврди дека долгорочната амбиција на Путин е да ја врати Русија на глобално влијание, кое го немало од распадот на Советскиот Сојуз. „Путин сака да влезе во историјата како голем колекционер на руски земји, оној што го смени падот на империјата, кој почна во 1867 година со продажбата на Алјаска на САД.

Таа цел, тврди тој, вклучува територијални амбиции кон Одеса, Приднестровје и Кишињев, како и забрана за каква било европска мировна мисија на украинска територија. Според достапните информации, Русија ќе бара целосна контрола врз четирите украински региони, кои во моментот делумно ги окупира во преговорите за прекин на огнот.

Савостјанов посочува дека доколку Европа продолжи по својот сегашен политички пат, Кина ќе преземе доминантна улога во новиот светски поредок. „Во тој случај Русија ќе стане примерен заменик на Пекинг“, вели тој. „И Европа, свесно или не, ќе се помири со фактот дека е подредена на сојузот меѓу Кина, Русија и нивните сојузници.

Во меѓувреме, кинеското Министерство за надворешни работи вчера ја отфрли можноста за учество во европската мировна мисија за Украина. Кина сè уште тврди дека останува неутрална во однос на руската инвазија иако одржува блиски политички, економски и воени односи со Москва.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч”, Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по...

Македонија2 часа

Останав без колегите оти сите се заплашени со бркање од работа ако излезат и ѝ дадат поддршка на колешката повредена со два куршума, вели Деаноски од УПОЗ

Претседателот на Синдикатот на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, денеска...

Македонија2 часа

Пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири, контролите продолжуваат, најави Митева

За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап –...

Македонија5 часа

Таравари не кажува дали бара 40 отсто кандидати за градоначалници, но тврди дека состојбата во коалицијата „Влен“ е релативно стабилна

Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, тврди дека состојбата и во коалицијата, но и...

Македонија5 часа

Уште пет пациенти денеска ќе се вратат од странство: четири од Шпанија и еден од Грција

Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите информира дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од...

Македонија6 часа

„Тоа е рана што никогаш нема да зарасне, ќе крвави во мене до крајот на животот“: се огласи Дарко, кој се врати од лекувањето во Белград

Дарко Стојанов, кој по стравотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство, вчера пристигна дома. Тој беше пречекан...

Македонија6 часа

Вработените во Филхармонија ќе бараат кривична одговорност од Љутков, не го прифаќаат незаконскиот избор на директор

Одлуката на Зоран Љутков, министер за култура и туризам да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија е...

Македонија6 часа

Запленети парфеми, облека, обувки, цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милион денари

Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис...

Македонија6 часа

Претреси во домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“: продолжува истрагата за пожарот во Кочани, соопшти МВР

Вчера, од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д. Ј., неговото возило „инсигнија“ и во два...

Македонија7 часа

„Селективна правда не е правда, зошто ниеден актуелен функционер не е опфатен со истрагата“, прашува СДСМ

„Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна...

Европа9 часа

Русија: Украински дронови соборени над Црното Море неколку часа по делумното примирје

Украински беспилотни летала се соборени над Црното Море, тврди руското Министерство за одбрана – само неколку часа откако беше договорен...

Свет9 часа

Трамп ги пофали Турција и Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Турција како добро место и го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како добар...

Свет10 часа

(Видео) 18 загинати во Јужна Кореја: земјата е погодена од еден од најлошите пожари во историјата

Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги...

Свет19 часа

Што се’ денес договорија САД, Русија и Украина

САД денеска постигнаа договор со Украина и Русија за прекин на огнот во Црното Море и ветија напори за запирање...

Македонија20 часа

Социјалните работници бараат поголема заштита по пукањето кон нивната колешка во Прилеп

Социјалните работници од Прилеп, Неготино и Тетово застанаа зад нивната 36-годишна колешка од Прилеп, која вчера беше застрелана на работното...

Македонија21 час

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Првиот од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство, по пожарот во дискотеката во Кочани, попладнево се врати во земјава...

Македонија23 часа

(Видео) Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов, велат од неговата гимназија

Со ракоплескање и прегратки беше дочекан денес 19-годишниот Јован Костадинов од гиманизијата „Ванчо Прќе“ од Виница, кој спаси 21 живот...

Македонија1 ден

Психолози доброволци на терен работат со младите: Беа во шок, потоа имаа лутина, што е нормална емоција, а сега почнува периодот на тага

Тим од психолози доброволци од минатата недела е меѓу учениците, студентите и жителите на Кочани, Штип, Виница, Чешиново, Облешево и...

Македонија1 ден

Рустеми и неколку други лица под истрага за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка...

Македонија1 ден

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, во постапка на одземање се 479 лиценци поради неправилно работење

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното...