Контакт

Вести

Земјотреси во Индонезија и Јапонија

Објавено пред

Ноќта кон четвртокот американскиот геофизички институт USGS јави дека регистрирал два посилни земјотреса, едниот со магнитуда од 5,0 степени според Рихтеровата скала во северниот дел на Индонезија, а малку претходно во источна Јапонија е регистриран последователен потрес со магнитуда од 6,1 степен.

dobivaj vesti na viber

Претходно во четвртокот според локално време источниот дел од Јапонија го погоди земјотрес со магнитуда од 7,4 степени по Рихтер, кој подигна цунами со плимен бран од 1,4 метри. И главниот подземен удар и силниот афтершок биле почувствувани во главниот град Токио.

Јапонскиот метеоролошки центар објави дека според националната скала од седум нивоа, подземните дари овојпат во некои области биле регистрирани со интензитет од четири степени, вклучително и на пацифичкиот брег во префектурата Фукушима којашто во март 2011 година беше погодена од гигантско цунами по земјотресот со магнитуда од 9 степени по Рихтер кое предизвика илјадници жртви и силни разорувања.

Подоцна индонезиската Национална управа за метеорологија, климатологија и геофизика потврди дека северниот дел од земјата бил погоден од потрес со магнитуда од 5,0. Епицентарот на ударот бил на 49 километри северозападно од архипелагот Талауд во Тихиот Океан, на стотина километри од поморската граница меѓу Индонезија и Филипини.

Хипоцентарот е забележан на длабочина од 62 километри под површината на морето кај Сулавези. Засега нема извештаи за жртви и материјални штети.

Во 2014 година во водите кај Сулавези беа регистрирани два моќни потреса со магнитуда од 7,4 степени по Рихтер кое предизвикаа локално цунами, но немаше жртви, а материјалните штети беа незначителни.

Индонезија се наоѓа во сеизмички најактивната зона на планетата и е дел од ткн Пацифички огнен прстен, моќна тектонска раседлина. Во 2009 година повеќе илјади луѓе беа жртви на серија силни земјотреси во покраината Западна Суматра, а во 2004 година западниот брег на Суматра беше погоден од разорен земјотрес кој предизвика цунами во кое настрадаа стотици илјади луѓе во 12 земји.

Двата најголеми светски архипелага Индонезија и Филипини, се дел од таканаречниот Пацифички огнен прстен, плоча која е формирана на дното од Индискиот и западниот дел од Тихиот Океан, која на ова место навлегува под Азиската плоча.

Како резултат на движењето на овие две плочи на териториите на овие две земји се чести земјотресите и вулканските ерупции. Со тоа овој регион е една од сеизмички најактивните зони на планетата. Во овој дел од светот се наоѓаат најактивните тектонски плочи, од кое едната се движи со брзина од седум сантиметри годишно. Годишно сеизмолозите регистрираат меѓу шест и седум илјади потреси со магнитуда над 4,0./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Брисел со поддршка за Данска и Гренланд; Фон Дер Лајен порача: Царините на Трамп се закана за трансатлантските односи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди на опасноста од воведување царини, кои, според неа, би ги поткопале...

Свет4 часа

Трамп воведува царини за 8 европски земји: „Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави бран зголемување на царините за европските сојузници додека на САД не им биде дозволено...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија8 часа

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија8 часа

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ10 часа

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија11 часа

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет14 часа

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет14 часа

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт1 ден

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет1 ден

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет1 ден

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија1 ден

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија1 ден

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија1 ден

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија1 ден

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет1 ден

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ1 ден

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа2 дена

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет2 дена

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...