Свет
(Видео) Хаос во Бразил: Повеќе од 400 уапсени за упад во владини институции
Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораес, одлучи да го суспендира гувернерот на Бразил, Ибанез Роча, на 90 дена наведувајќи ги безбедносните пропусти што им овозможија на приврзаниците на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро да упаднат во зградите на федералната влада на Бразил.
Пред одлуката за суспензија, гувернерот Роча рече дека најмалку 400 луѓе биле уапсени по рациите на клучните владини згради во Бразилија велејќи дека одговорните „ќе платат за извршените злосторства“, објави Си-ен-ен.
Судијата Мораес исто така нареди во рок од 24 часа да се распуштат камповите што ги поставија поддржувачите на Болсонаро пред воените бази, како и да се деблокираат патиштата и да се ослободат бразилските владини објекти, се вели во извештајот на „Ројтерс“.
Де Мораес нареди и да се блокира пропагандата на пучистите на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Тик-ток“.
Претседателот Лула беше на претседателската позиција од 2003 до 2011 година, а минатата година во октомври, во вториот круг од изборите, го победи својот противник, десничарскиот и актуелен претседател Жаир Болсонаро со приближно еден процент гласови.
Според официјалните резултати, Лула освоил 50,9 отсто од гласовите, а Болсонаро 49,15.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар на аеродром во Рим: маж стигнал до контролната кула и подметнал пожар, персоналот и патниците евакуирани
Авиосообраќајот на аеродромот Чампино во Рим беше привремено прекинат поради подметнување пожар во техничката просторија во подножјето на контролната кула. Вработените во оперативната сала биле принудени да ја напуштат просторијата поради чад, пренесуваат италијанските медиуми.
Поради оваа причина, појдовните и дојдовните летови се суспендирани. Според информациите, грузиски државјанин бил уапсен поради подметнување пожар. Тој пред неколку дена пристигнал во Италија и немал криминално досие. Понатамошни истраги за неговиот статус се во тек.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, во овој инцидент нема повредени.
Сите дојдовни летови се префрлаат на аеродромот Леонардо да Винчи, а патниците ќе се превезуваат со автобус бесплатно.
Пожарникарите пријавиле дека интервенирале околу 7 часот и 20 минути, веднаш по пријавувањето на инцидентот. Тие изгаснале мал пожар „ кој избувнал внатре во канцелариите лоцирани под контролната кула“.
Спасувачите превентивно ја евакуирале целата зграда поради густиот чад.
Свет
Египет го отфрли предлогот за раселување на Палестинците
Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати изјави дека Палестинците не треба да ја напуштаат Газа. Тој му ја пренесе оваа порака на премиерот на палестинската самоуправа Мохамад Мустафа за време на состанокот одржан само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за преземање на Газа, што предизвика широки критики од палестинските политичари и арапските држави.
Египетското Министерство за надворешни работи ја истакна важноста од забрзување на испораката на хуманитарна помош, отстранување на урнатините и започнување проекти за опоравување, притоа јасно нагласувајќи дека Палестинците треба да останат во Газа, со оглед на нивната поврзаност со земјата и нивното одбивање да бидат насилно раселени.
Трамп претходно изјави дека секој со кој разговара ја сака идејата САД да го поседуваат тоа парче земја, мислејќи на Газа и изрази надеж дека Јордан и Египет би можеле да ги прифатат Палестинците кои ќе бидат протерани од енклавата.
Сепак, арапските земји одамна отфрлаат какво било принудно раселување на Палестинците и се залагаат за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.
Свет
Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени
Меѓуградски автобус се излизгал од патот во турската провинција Анталија, при што се повредени 33 лица, јави денеска ТРТ Хабер.
Несреќата се случила во областа Газипаша, во моментот кога автобусот се движел од Анталија кон Адијаман во источна Турција.
„Возачот на автобусот изгубил контрола, а возилото се излизгало од патот во ендек. Во несреќата се повредени над 30 патници, како и возачот и двајца негови помошници“, објави ТВ каналот.
Осуммина од повредените се малолетни.
Повредените се префрлени во блиските болници, додава ТРТ.