Контакт

Европа

Во Виена набргу нема да има слободни кревети, коронавирусот се шири и во училиштата

Објавено пред

Бројот на хоспитализирани ковид-пациенти во Виена во моментот е поголем отколку што беше на врвот на епидемијата во Австрија на 31 март. Во училиштата има над 1.000 заразени деца.

dobivaj vesti na viber

Во моментот 225 заболени од Ковид-19 се хоспитализирани во Виена, а за споредба, на крајот на март имало 213. Од тој број, 177 биле сместени на ковид-одделение, а 48 на интензивна нега.

Според официјалните податоци на градските власти во Виена, во моментот има уште 247 слободни кревети на одделот за интензивна нега, како и 2.214 во ковид-одделението.

Доколку ситуацијата се влоши, како што истакнуваат надлежните, другите болнички кревети повторно ќе бидат испразнети како пролетта, операциите ќе бидат одложени, а приемот на неитни пациенти ќе престане. Во тој случај би било можно да се додадат уште 1.000 „интензивни“ кревети со респиратор.

Исто така, во Австрија во моментот има 1.125 активни болни ученици и наставници од коронавирус. Кризниот штаб одлучил детаљно да анализира која возрасна група е најпогодена.

Само во Виена веќе има речиси 600 заразени ученици.

Во врска со тоа е одлучено да се спроведе тестирање на деца што биле во контакт со заразените и резултатите да пристигнат во рок од 24 часа со цел да се избегне децата да поминуваат долго време во карантин, како и да се отстранат од часовите оние деца што се болни.

Европа

Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината

Објавено пред

Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.

dobivaj vesti na viber

Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.

Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.

Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.

Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.

Прикажи повеќе...

Европа

Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер

Објавено пред

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.

dobivaj vesti na viber

Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.

„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.

Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.

Прикажи повеќе...

Европа

(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков

Објавено пред

Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.

dobivaj vesti na viber

Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.

Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.

„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

(Видео) ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски и да ја преиспита, бара СДСМ

„СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ,...

Македонија19 минути

Пратениците на „Влен“ би ги гласале уставните измени и денес, но потребни се политички договор и предвидливост во процесот, вели Гаши

Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека ќе има парламентарно...

Свет2 часа

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот...

Македонија3 часа

Најладно во Крушево, најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1...

Свет4 часа

(Видео) Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан: „И тогаш имаше нешто како шрапнел…“

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна рано во средата во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од 67 лица...

Свет4 часа

Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на...

Македонија5 часа

Забранет сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Активна забрана за сообраќај...

Европа5 часа

Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината

Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од...

Свет6 часа

(Видео) Патникот што ја снимаше внатрешноста на авионот во Казахстан го преживеа падот: објави снимка и по несреќата

Патникот кој го објави видеото од азербејџанскиот авион кој се урна во казахстанскиот град Актау, објави нова снимка на која...

Македонија23 часа

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...

Македонија1 ден

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од...

Македонија1 ден

Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и Липково: Има неодговорни градоначалници, ќе се стапи во контакт со општините за градинките

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со...

Македонија1 ден

ВМРО-НП предлага укинување на „Државната лотарија“: Покрај сите досегашни нерегуларности во кои била вклучена институцијата, се нанесува и непотребна финансиска штета

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата во врска со „Државната лотарија“ и во контекст на тоа предлагаме вклучување на...

Македонија1 ден

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната влада за помош на овоштарството, со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за...

Свет1 ден

Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца

Државјани на пет земји имало во авионот што утрово се урна во Казахстан. Во соопштението на Министерството за транспорт на...

Свет1 ден

(Видео) Се појави нова снимка од падот на авионот во Казахстан

Новата снимка од падот на авионот во Казахстан покажува дека леталото се запалило кога удрило во земјата. Khoảnh khắc máy...

Македонија1 ден

Најмногу снег во Маврови Анови, најладно на Попова Шапка

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени, -4 се измерени во Маврови Анови, Крушево, -1...

Свет1 ден

(Видео) Се урна патнички авион, испратил СОС-сигнал над Каспиското Море: драма во Казахстан

Се урна патнички авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни, јавува АПА. Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското...

Свет1 ден

Само оваа година во Саудиска Арабија беа егзекутирани најмалку 330 луѓе: бројот на казните нагло се зголеми, една третина се странци

Најмалку 330 луѓе беа егзекутирани оваа година во Саудиска Арабија, што е најголем број на егзекуции досега забележани, покажуваат податоците...

Свет1 ден

Данска ја зајакнува одбраната на Гренланд по изјавата на Трамп дека сака да го купи: купуваат дронови и бродови, инвестираат големи пари

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот за одбрана на Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја...