Свет
Горбачов: Русија треба на дипломатски начин да спречи понатамошен конфликт меѓу САД и Кина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/gorbacov.jpg)
Пандемијата доведе до влошување на односите меѓу САД и Кина, а Русија би требало дипломатски да спречи понатамошно продлабочување на овој конфликт, порача поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.
Тој за јапонскиот дневен весник „Асахи симбун“ рекол дека пандемијата го влошила конфликтот, кој настанал како резултат на зголемени тензии помеѓу САД и Кина и дека ниту едно сценарио за развој на тој конфликт не може да биде позитивен од позиција на меѓународната политика.
Поранешниот советски лидер вели дека Русија би било паметно како цел да си го постави спречувањето на продлабочувањето на конфликтот меѓу САД и Кина на дипломатски начин, пренесе руската новинска агенција ТАСС.
Односите меѓу САД и Кина се влошија за време на последните неколку години поради царината.
Ситуацијата дополнително се влоши со обвинувањата од американскиот претседател Доналд Трамп дека Пекинг доцна и на несоодветен начин реагирал на избивањето на пандемијата во Вухан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/putin4.jpg)
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/bajden-tramp.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.