Свет
Париз вели едно, Кремљ друго – дали и што му ветил Путин на Макрон?
Рускиот претседател Владимир Путин ветил дека засега нема да спроведе нови воени иницијативи во близина на Украина како предуслов за можна деескалација, изјавил анонимен француски функционер, по разговорите меѓу двајцата претседатели.
Исто така, рускиот лидер се согласил и војниците кои учествуваат на воената вежба на белоруската територија во близина на украинските граници да бидат повлечени веднаш штом ќе завршат вежбите.
Сепак, според „Ројтерс“, самиот Путин не споменал такви отстапки за време на прес-конференцијата одржана по вчерашните шестчасовни разговори со Макрон во Москва.
Неименуван француски функционер рече дека Макрон се согласил да отвори дијалог за стратешки прашања за време на разговорите, но не беа дадени детали што би можел да вклучува тој дијалог.
Путин побара промени во безбедносните аранжмани на Европа, вклучително и ветување дека НАТО никогаш нема да ја прифати Украина, дека ракетите никогаш нема да бидат распоредени во близина на границите на Русија и дека западната алијанса ќе ја намали својата инфраструктура.
Истиот француски функционер тврди дека договорот е постигнат за време на преговорите за зајакнување на дипломатијата во рамките на таканаречениот нормандиски формат, во кој Франција и Германија се посредници во преговорите во кои се вклучени Русија и Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги демантираше информациите на „Фајненшл тајмс“ дека рускиот претседател Владимир Путин и францускиот лидер Емануел Макрон се договориле за Украина за време на разговорите во Москва.
„ Москва и Париз не можеа да го направат тоа бидејќи Франција е членка и на Европската Унија и е земја претседавач со ЕУ. Франција е исто така членка на НАТО, каде што не е лидер… За каков договор можеме да зборуваме? „Фајненшл тајмс“, се разбира, напиша погрешно.
Што се однесува до руските сили, тие сепак ќе се вратат во нивните касарни. Никој никогаш не рекол дека руските војници ќе останат на територијата на Белорусија по завршувањето на воените вежби“, потсети портпаролот на рускиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.