Свет
Додека протестите беснеат, 16 града во САД побараа активирање на Националната гарда
Најмалку 30 града во САД беа погодени од масовни демонстрации во текот на викендот поради смртта на Џорџ Флојд од рацете на полицијата повеќе од 12 воведоа полициски час и најмалку 16 побараа активирање на Националната гарда, пренесува „Њујорк пост“.
Грабежите, пожарите и тепачките продолжија и вчера национално ниво, откако по насилните судири меѓу демонстрантите и полицијата стотици луѓе завршија во притвор, а десетици беа повредени претходната ноќ.
Хаосот го натера гувернерот на Тексас, Грег Абот, да прогласи состојба на катастрофа, а градоначалникот на Чикаго, Лори Лајтфут, беше меѓу последните што ја повикаа Националната гарда – повеќе од 5.000 полицајци сега се распоредени низ целата земја.
„Треба да се срамите од себеси“, им напиша Лајтфут на жителите на Чикаго во објавата на Твитер. „Она што го направивте е обесчестување на нашиот град и на неговото долго и гордо наследство како лидер на смели и енергични мирни протести“.
Во Лос Анџелес, властите уапсија околу 400 луѓе во саботата и соопштија дека еден полицаец се здобил со скршена вилица откако бил удрен со цигла, објави Си-ен-ен. Во Аризона, гувернерот Даг Дуси итна вонредна состојба и полициски час во неделата.
„Ова ѝ дава на полицијата дополнителна алатка за да ги спречи беззаконието што го гледаме во градовите низ целата земја. Полицијата ќе биде опремена да уапси лица што планираат да бунат, ограбуваат или да предизвикаат штета и немири “, напиша тој на Твитер.
Минеаполис – каде што Флојд, кој е црнец, почина додека беше притиснат на земја од бел полицаец – веќе шестиот ден го тресат насилства. Комесарот за затвори во Минесота, Пол Шнел, на прес-конференцијата во неделата рече дека во градот сега има невидено присуство на Националната гарда и полицијата.
Бројот на припадници на гардата во градот се зголеми на 4.100 во неделата од 700 во петокот, и се очекува да достигне 10.000, објави „Минеаполис стар трибјун“.
Претседателот Трамп ја пофали работата на Националната гарда во саботата вечерта и ги охрабри другите да ја искористат.
„Честитки до нашата Национална гарда за одличната работа што ја завршија веднаш по пристигнувањето во Минеаполис, Минесота, минатата ноќ. Анархистите, предводени од АНТИФА, меѓу другите, брзо беа затворени. Градоначалникот требаше да го стори тоа првата вечер и немаше да има проблеми! “ твитна тој во неделата.
„Градовите и државите што ги водат демократите треба да земат пример од целосното потиснување на радикалните леви анархисти во Минеаполис минатата ноќ. Националната гарда заврши одлична работа и треба да се искористи и во други држави пред да биде предоцна! “
Во меѓувреме, властите во Филаделфија го поместија полицискиот час во градот за два часа – на 6 часот попладне – но грабежите и насилството продолжија дента во неделата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.