Свет
Илјадници луѓе во Бразил протестираа против нападот на институциите, побараа да се уапси Болсонаро
Десетици илјади луѓе во Бразил се собраа на митинзи одржани во знак на протест против инвазијата на Конгресот од приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, а во најголемиот град во земјата, Сао Пауло, толпата бараше негово апсење.
Во голем број градови и населени места вчера се одржаа улични собири за поддршка на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.
Многумина дојдоа облечени во црвено, бојата на работничката партија на Лула, други вееја транспаренти, на кои пишуваше: „Нема амнестија за пучистите“ и повикаа да бидат казнети одговорните. Имаше и скандирања „затвор за Болсонаро“, а собирот се одржа со големо полициско присуство.
77-годишниот нов претседател ги посети конгресните згради оштетени од немирите, претседателската палата и Врховниот суд заедно со гувернерите на земјата осудувајќи ги „терористичките акти“ и вети дека ќе ги казни сторителите.
Речиси 1.500 луѓе беа приведени во нередите во неделата во главниот град на Бразил, седум дена откако претседателот Лула да Силва положи заклетва по поделените избори во октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Мажи го нападнаа убиецот на нивни роднина на судење во Америка
Сослушувањето за убиство во судница во Албакерки се претвори во хаотична сцена кога двајца роднини на жртвата физички го нападнаа обвинетиот.
Инцидентот се случил кога двајца мажи, Карлос Лусеро и Пит Исаси, ја прескокнале бариерата и го нападнале мажот обвинет за убиство. Ситуацијата ескалирала кога во конфликтот се вклучиле уште еден затвореник и таткото на обвинетиот.
Се обидел да интервенира и затворски чувар, но и тој бил нападнат за време на пресметката, јавува Би-Би-Си.
🚨 Family Attacks Murder Suspect in New Mexico Courtroom
During a court hearing in New Mexico, chaos ensued when Carlos Lucero, the 40-year-old uncle of the victim, charged at Alexander Segura Ortiz, the 21-year-old accused of the murder, shouting, “He killed my niece like a… pic.twitter.com/afIBfXq2h1
— Tony Lane 🇺🇸 (@TonyLaneNV) February 4, 2025
Полицијата веднаш реагирала, ги уапсила Лусеро и Исаси и ги пријавила за напад на службено лице.
Една осомничена жена вмешана во инцидентот се уште е во бегство, а властите издадоа налог за апсење.
Свет
Бербок: Газа им припаѓа на Палестинците
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска по повод предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Газа изјави дека оваа енклава заедно со окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим му припаѓа на палестинскиот народ.
Таа посочи дека раселувањето на Палестинците од Појасот Газа би било „неприфатливо“ и против меѓународното право, пренесува Ројтерс.
Бербок рече дека Палестинците мора да бидат вклучени во решението на блискоисточното прашање и дека нивното протерување од енклавата ќе предизвика дополнително страдање и омраза.
Трамп предложи Палестинците да се преселат од Појасот Газа во Египет и Јордан, што тие земји го одбија.
Тој додаде дека САД ќе го преземат Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.
Свет
Пожар на аеродром во Рим: маж стигнал до контролната кула и подметнал пожар, персоналот и патниците евакуирани
Авиосообраќајот на аеродромот Чампино во Рим беше привремено прекинат поради подметнување пожар во техничката просторија во подножјето на контролната кула. Вработените во оперативната сала биле принудени да ја напуштат просторијата поради чад, пренесуваат италијанските медиуми.
Поради оваа причина, појдовните и дојдовните летови се суспендирани. Според информациите, грузиски државјанин бил уапсен поради подметнување пожар. Тој пред неколку дена пристигнал во Италија и немал криминално досие. Понатамошни истраги за неговиот статус се во тек.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, во овој инцидент нема повредени.
Сите дојдовни летови се префрлаат на аеродромот Леонардо да Винчи, а патниците ќе се превезуваат со автобус бесплатно.
Пожарникарите пријавиле дека интервенирале околу 7 часот и 20 минути, веднаш по пријавувањето на инцидентот. Тие изгаснале мал пожар „ кој избувнал внатре во канцелариите лоцирани под контролната кула“.
Спасувачите превентивно ја евакуирале целата зграда поради густиот чад.