Свет
Италијански министер: Болсонаро не побара државјанство, а и да побараше – немаше да го добие
Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро не поднел барање за италијанско државјанство и дека не би можел да го добие дури и да го направел тоа.
„Тој не го побара тоа и не верувам дека може да го добие, што се однесува до мене“, изјави Тајани во интервју за италијанското радио.
Бразилските медиуми, по немирите на приврзаниците на Болсонаро во Бразилија, во неделата објавија дека поранешниот претседател бара италијанско државјанство.
Во неделата илјадници демонстранти упаднаа во Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата одбивајќи да го признаат изборниот пораз на Болсонаро од левичарот Луис Инасио Лула да Силва, кој пред една недела положи заклетва како претседател на Бразил.
Бразилската полиција уапси околу 1.500 луѓе во понеделникот, еден ден откако радикалните приврзаници на Болсонаро ја ограбија зградата на Конгресот, ги пробија барикадите, се качија на покривот и ги искршија прозорците.
Болсонаро, кој моментно престојува во американската сојузна држава Флорида, а вчера беше хоспитализиран поради болки во стомакот, никогаш јавно не се огласил и не ја признал загубата на изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар на аеродром во Рим: маж стигнал до контролната кула и подметнал пожар, персоналот и патниците евакуирани
Авиосообраќајот на аеродромот Чампино во Рим беше привремено прекинат поради подметнување пожар во техничката просторија во подножјето на контролната кула. Вработените во оперативната сала биле принудени да ја напуштат просторијата поради чад, пренесуваат италијанските медиуми.
Поради оваа причина, појдовните и дојдовните летови се суспендирани. Според информациите, грузиски државјанин бил уапсен поради подметнување пожар. Тој пред неколку дена пристигнал во Италија и немал криминално досие. Понатамошни истраги за неговиот статус се во тек.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, во овој инцидент нема повредени.
Сите дојдовни летови се префрлаат на аеродромот Леонардо да Винчи, а патниците ќе се превезуваат со автобус бесплатно.
Пожарникарите пријавиле дека интервенирале околу 7 часот и 20 минути, веднаш по пријавувањето на инцидентот. Тие изгаснале мал пожар „ кој избувнал внатре во канцелариите лоцирани под контролната кула“.
Спасувачите превентивно ја евакуирале целата зграда поради густиот чад.
Свет
Египет го отфрли предлогот за раселување на Палестинците
Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати изјави дека Палестинците не треба да ја напуштаат Газа. Тој му ја пренесе оваа порака на премиерот на палестинската самоуправа Мохамад Мустафа за време на состанокот одржан само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за преземање на Газа, што предизвика широки критики од палестинските политичари и арапските држави.
Египетското Министерство за надворешни работи ја истакна важноста од забрзување на испораката на хуманитарна помош, отстранување на урнатините и започнување проекти за опоравување, притоа јасно нагласувајќи дека Палестинците треба да останат во Газа, со оглед на нивната поврзаност со земјата и нивното одбивање да бидат насилно раселени.
Трамп претходно изјави дека секој со кој разговара ја сака идејата САД да го поседуваат тоа парче земја, мислејќи на Газа и изрази надеж дека Јордан и Египет би можеле да ги прифатат Палестинците кои ќе бидат протерани од енклавата.
Сепак, арапските земји одамна отфрлаат какво било принудно раселување на Палестинците и се залагаат за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.
Свет
Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени
Меѓуградски автобус се излизгал од патот во турската провинција Анталија, при што се повредени 33 лица, јави денеска ТРТ Хабер.
Несреќата се случила во областа Газипаша, во моментот кога автобусот се движел од Анталија кон Адијаман во источна Турција.
„Возачот на автобусот изгубил контрола, а возилото се излизгало од патот во ендек. Во несреќата се повредени над 30 патници, како и возачот и двајца негови помошници“, објави ТВ каналот.
Осуммина од повредените се малолетни.
Повредените се префрлени во блиските болници, додава ТРТ.