Свет
Лекарите за здравствената состојба на Трамп: Двапати му опадна нивото на кислород, но сега е подобар
Тим лекари од Белата куќа денеска одржаа прес-конференција за да известат за здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Велат дека денеска е подобар, но досега на двапати имал пад на нивото на кислород.
„Како што е случај со сите болести, и кај Трамп има подеми и падови. Сепак, состојбата се подобрува и покрај падовите“, рече докторот на Трамп, Шон Конли.
Друг член на тимот посочи дека Трамп не се жали на респираторни проблеми.
„Тој прими нова доза на Ремдесивир, без несакани ефекти. Трамп ја прими и првата доза на Дексаметазон вчера”, рекоа лекарите.
Тие додадоа дека Трамп денес се движи и се чувствува добро.
Трамп беше пренесен со хеликоптер од Белата куќа во Валтер Рид, недалеку од Вашингтон, во петокот, околу 17 часот, откако објави дека е болен. Официјални лица во неговата администрација, кои потегот го опишаа како мерка на претпазливост, рекоа дека тој ќе биде задржан во болница неколку дена.
Висок службеник на американската администрација за Си-Ен-Ен во саботата изјави дека ширењето на коронавирусот меѓу високите републикански функционери можеби почнало на собирот во градината на Белата куќа каде што беше објавена номинацијата на судијата Ејми Кони Барет за Врховниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.