Свет
Маск: „Твитер“ ќе работи според строгите европски правила за контрола на содржината
Милијардерот Eлон Маск ја уверил Европската комисија дека компанијата „Твитер“ ќе продолжи да се придржува до строгите европски правила за контрола на нелегалната онлајн содржина, велат извори од ЕК за светските агенции откако минатата недела тој стана сопственик на социјалната мрежа.
Маск пред еврокомесарот Тиери Бретон, кој е одговорен за внатрешниот пазар, изјавил дека планира да се усогласи со законодавството на блокот во врска со незаконска содржина.
Разговорот се одржа откако Бретон во петокот посочи дека „Твитер“ мора да се усогласи со правото на Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Разговарав со Вучиќ, благодарам Србија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со претседателот на Србија за „зајакнување на односите меѓу двете земји“.
„Се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарна поддршка и ги координиравме нашите напори на заедничкиот пат кон интеграцијата во ЕУ. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж да се постигне мир што е можно поскоро“, објави Зеленски на „Х“, поранешен Твитер.
„На почетокот на оваа недела ги прифатив акредитивните писма на новиот амбасадор на Србија. Верувам дека обновената и полноправна работа на српската амбасада на чело со амбасадорот ќе ја подобри нашата соработка“, додаде украинскиот претседател.
Србија под водство на Александар Вучиќ зазеде амбивалентен однос кон војната во Украина. Иако формално го поддржуваше територијалниот интегритет на Украина во Обединетите нации, таа не се приклучи на санкциите на Европската унија против Русија.
Владата на Вучиќ истовремено одржува блиски политички и економски врски со Москва, што наиде на критики од Западот.
Свет
Автобус во Норвешка излетал од патот во езеро, три лица загинале
Најмалку три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Норвешка, јавуваат државните медиуми. Несреќата се случила околу 13 часот и 30 минути по локално време во областа Хадсел на северозападниот брег на земјата.
Автобусот излетал од патот и делумно завршил во езерото Асватнет, јавува јавната телевизија НРК.
Се претпоставува дека во моментот на несреќата во него имало 58 лица.
„Добро е што има ресурси за итни служби на лице место. Автобусот е делумно под вода. Досега се пријавени три смртни случаи, четири лица се тешко повредени. Во несреќата учествуваа вкупно 58 лица“, вели началникот на кабинетот во полициската област Нордланд, Бент Аре Ајлертсен.
Три лица се пренесени со хеликоптер во болницата Стокмаркнес. Некои од патниците се евакуирани во училиште во близина на Сволвер. Имаше потешкотии при доаѓањето на хеликоптерот до местото на несреќата поради временските услови.
Досега во автобусот се пријавени осум различни националности. Список на патници нема, тоа е редовна линија од Нарвик до Лофотен. По несреќата се огласил алармот за катастрофа.
Норвешкиот Црвен крст објави на социјалните мрежи дека испраќа тимови да помогнат во „тешката автобуска несреќа“ на патот Е10.
Има извештаи за обилни снежни врнежи и силен ветер во областа.
Свет
Путин: Русија се обидува да стави крај на конфликтот во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва се обидува да стави крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека Русија може повторно да ја употреби ракетата Орешник доколку е потребно, но дека нема да брза да го стори тоа.
Тој посочи дека доколку е неопходно руската армија да употреби помоќно оружје со среден дострел, тоа ќе го стори, пренесува РИА.
„Русија одговара реципрочно. Некој користи одредено оружје против нас, а потоа ние го користиме истото“, рече Путин.