Свет
Нетанјаху: Ни кажаа дека нема да можеме да влеземе во болницата во Газа, но влеговме
„Нема место во Газа до кое Израел нема да стигне, нема скривалиште, нема засолниште“, предупреди премиерот Бенјамин Нетанјаху откако израелската војска упадна во најголемиот болнички комплекс во Газа и тврдеше дека пронашла оружје на палестинското движење Хамас.
„Ќе почекаме и ќе го елиминираме Хамас и ќе ги вратиме заложниците“, тоа се две „свети мисии“, изјави шефот на израелската влада за време на обиколката на воена база во Израел.
„Нема безбедно засолниште за убијците од редовите на Хамас“, рече тој.
„Ни рекоа да не влегуваме во Газа? Па, сепак влеговме. Ни рекоа дека нема да стигнеме до влезот во градот Газа, и еве сме. Ни рекоа дека нема да можеме да влеземе во болницата „Ал Шифа“ и влеговме“, наброја Нетанјаху.
Израелските војници синоќа влегоа во најголемата болница во Газа „Ал Шифа“ и ги пребараа просториите откако Израел рече дека борците на Хамас се сместени во тунелите под објектот, што групата го негира.
По нападот на Хамас, Израел започна бомбардирање на Газа, со која управува Хамас, и започна инвазија на енклавата кон крајот на минатиот месец, при што загинаа повеќе од 11.000 луѓе, од кои околу 40 отсто деца, според официјални лица на Хамас.
Висок израелски воен функционер изјави дека војниците пронашле оружје и „терористичка инфраструктура“ во рација на локација во болницата „Ал Шифа“.
ОН и другите хуманитарни агенции се згрозени од воениот упад во болницата, при што Светската здравствена организација (СЗО) вели дека тоа е „целосно неприфатливо“ и разговара со голем број партнери за можноста за евакуација на пациентите и медицинскиот персонал од болницата во Газа.
Белата куќа соопшти дека не го поддржува воздушниот напад врз болницата или размената на оган во болницата, „каде што невини луѓе, беспомошни луѓе, болни луѓе кои се обидуваат да ја добијат медицинската нега што ја заслужуваат, се фатени во вкрстен оган“.
„Болниците и пациентите мора да бидат заштитени“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) 6.000 затвореници избегале од затворот во Мозамбик за време на протестите во Мапуто
Најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот во главниот град Мапуто, при што 33 се убиени, а 15 ранети во судири со стражарите. Меѓу избеганите има и 29 осудени терористи, што ги зголемува загриженоста и напорите на властите за враќање на редот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од бегството, а полицијата упати повик за предавање и соработка од јавноста.
Најмалку 6.000 затвореници избегале од Централниот затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде што има ескалација на немирите, соопшти полицијата.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Свет
Перу прогласи вонредна состојба по излевањето на нафта на северот на земјата
Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северниот крајбрежен регион, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд истури пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу, објави Ројтерс.
Нема информација колку сурова нафта се излеа во морето, но чуварот на животната средина на Перу, ОЕФА, во прелиминарниот извештај рече дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет.