Свет
ОН, СЗО и УНИЦЕФ апелираат: Итен прекин на нападите врз здравствените установи во Украина

Светската здравствена организација (СЗО) и две други агенции на Обединетите нации (ОН) денеска апелираа итно да се запрат нападите врз здравствените установи во Украина.
Тие предупредуваат дека во нападите се убиени и повредени пациенти и работници, а на илјадници луѓе им е оневозможена здравствена заштита. Во заедничката изјава, лидерите на СЗО, УНИЦЕФ, Детскиот фонд на ОН и УНФПА, Фондот за население на ОН, повикаа на заштита на здравствените установи од какво било насилство, пренесува Ројтерс.
Нападите врз здравствените установи и давателите на медицински услуги од почетокот на војната резултираа со најмалку 12 убиени и 34 повредени и го отежнаа пристапот до здравствените услуги, изјавија лидерите на СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА.
„Повикуваме на итен прекин на сите напади врз здравствените установи во Украина. Овие ужасни напади убиваат и сериозно ги повредуваат пациентите и здравствените работници, уништуваат витална здравствена инфраструктура и принудуваат илјадници да се откажат од пристапот до здравствените услуги и покрај итни случаи“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Индија и Пакистан воспоставија први контакти по новата ескалација

Индија и Пакистан ги воспоставија своите први контакти од почетокот на кризата и разменија пораки, објавија светските агенции во саботата, а пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар изјави дека Пакистан ќе разгледа мир доколку Индија ги прекине воените дејствија.
Тој во саботата за „Гео њуз“ изјави дека му рекол на американскиот државен секретар Марко Рубио дека „топката е во дворот на Индија“, објави агенцијата ДПА.
„Војната не е наш приоритет и ние навистина сакаме мир, но без хегемонија на која било земја“, рече Дар, кој е и заменик-премиер на земјата.
Дар рече дека неговите разговори со светските лидери, вклучувајќи ги Рубио и саудискиот министер за надворешни работи во саботата наутро, биле „позитивни“ и дека се надева оти разговорите со Индија би можеле да започнат.
На прашањето за контактот меѓу армиите на двете земји по последната рунда напади, Дар рече дека „биле разменети пораки од двете страни“.
Ројтерс, повикувајќи се на индиски медиуми, објави дека индиски и пакистански претставници разговарале во саботата.
Ситуацијата се влоши во саботата откако Пакистан започна напад врз соседната земја во кој тврдеше дека уништил индиски систем за воздушна одбрана со хиперсонични ракети.
Нападот се случи откако Пакистан објави дека Индија испалила ракети врз неколку воени бази.
Свет
(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како одговор, започнал голема воена операција наречена „Бунџанун Марсус“.
Индиските власти го обвинија Пакистан дека користи суперсонични ракети со долг дострел за напад врз нивните воени бази, додека во исто време од индискиот дел на Кашмир пристигнуваат извештаи за жртви, вклучително и за еден висок функционер.
Како изгледа Џаму, град во индискиот дел по гранатирањето од Пакистан.
Европа
(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат со претседателот Володимир Зеленски и да ветат дека ќе го зголемат притисокот врз Русија додека не се постигне договор за прекин на огнот.
Патувањето на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, полскиот премиер Доналд Туск и британскиот премиер Кир Стармер е првпат лидерите на четири европски нации заедно да ја посетат Украина.
‼️Unprecedented: German Chancellor Friedrich Merz, UK Prime Minister Keir Starmer, French President Emmanuel Macron, and Polish Prime Minister Donald Tusk have arrived in Kyiv.
The European leaders plan to meet with Volodymyr Zelensky and call on Moscow for an unconditional… pic.twitter.com/Dy56s2bekx
— NEXTA (@nexta_tv) May 10, 2025
Тројцата западноевропски лидери утрово заедно излегоа од возот од Полска, а подоцна треба да им се придружат на полскиот премиер, кој пристигна одделно во Киев, и на украинскиот претседател.
Овој високо симболичен израз на европското единство дојде повеќе од три години по руската инвазија и еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин упати пркосен тон на парадата во Москва по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи 30-дневен безусловно примирје како чекор кон завршување на конфликтот. Но, Путин се спротивставува на предлогот. „Заедно со САД, ја повикуваме Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје за да се создаде простор за разговори за праведен и траен мир“, изјавија лидерите во соопштението пред посетата.
„Подготвени сме што е можно поскоро да ги поддржиме мировните преговори, да разговараме за техничката имплементација на прекинот на огнот и да се подготвиме за сеопфатен мировен договор“, додадоа тие.
„Јасно ни е дека крвопролевањето мора да престане, дека Русија мора да ја запре својата нелегална инвазија и дека Украина мора да може да напредува како безбедна, сигурна и суверена нација во рамките на своите меѓународно признати граници со генерациите што доаѓаат“, рекоа тие.
Тие предупредија дека ќе продолжат да ја зголемуваат својата поддршка за Украина. „Додека Русија не се согласи на трајно примирје, ние ќе го зголемиме притисокот врз руската воена машинерија“, рекоа тие.
Во денешно интервју за Еј-би-си Њуз, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека испораките на оружје од сојузниците на Украина мора да престанат пред Русија да се согласи на прекин на огнот.
Во спротивно, примирјето би било предност за Украина во време кога руските трупи напредуваат на прилично самоуверен начин на фронтот, рече Песков, додавајќи дека Украина не е подготвена за непосредни преговори.