Свет
Путин: Продолжување на договорот за жито по истрагата за нападот на Севастопол и безбедносните гаранции на Украина
Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека е можно повторно пристапување на Русија кон договорот за жито по истрагата за нападот на Севастопол и безбедносните гаранции на Украина, соопшти прес-службата на Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.
„Неопходно е да се спроведе детаљна истрага за околностите за обидот за напад врз инфраструктурата и бродовите на Црноморската флота во Севастопол, како и добивање реални гаранции од Киев за строго придржување кон истанбулските договори, особено некористење хуманитарен коридор за воени цели. Дури потоа би можело да се размислува за продолжување на активностите во рамките на црноморската иницијатива“, се наведува во соопштението на Кремљ, пренесува ТАСС.
Претседателот на Русија потсети и дека не е исполнет вториот дел од пакет-договорот, кој требаше да го деблокира извозот на руски земјоделски производи и ѓубрива на светските пазари.
Ердоган му рекол на Путин дека Турција продолжува да ги презема неопходните чекори за решавање на проблемите поврзани со спроведувањето на договорот за жито.
Русија во саботата објави дека го суспендира своето учество во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.
Договорот што го постигнаа Украина и Русија на 22 јули во Истанбул, со посредство на Обединетите нации и Турција, резултира со извоз на неколку милиони тони прехранбени производи од пристаништата на Црното Море во Украина, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) 6.000 затвореници избегале од затворот во Мозамбик за време на протестите во Мапуто
Најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот во главниот град Мапуто, при што 33 се убиени, а 15 ранети во судири со стражарите. Меѓу избеганите има и 29 осудени терористи, што ги зголемува загриженоста и напорите на властите за враќање на редот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од бегството, а полицијата упати повик за предавање и соработка од јавноста.
Најмалку 6.000 затвореници избегале од Централниот затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде што има ескалација на немирите, соопшти полицијата.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Свет
Перу прогласи вонредна состојба по излевањето на нафта на северот на земјата
Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северниот крајбрежен регион, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд истури пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу, објави Ројтерс.
Нема информација колку сурова нафта се излеа во морето, но чуварот на животната средина на Перу, ОЕФА, во прелиминарниот извештај рече дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет.