Свет
САД, Германија, Франција и Велика Британија повикуваат на деескалација од сите страни во Сирија
Соединетите држави, Германија, Франција и Обединетото Кралство повикаа на итна деескалација во Сирија по ненадејната офанзива на бунтовничките фракции предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС).
Во заедничката изјава, четирите членки на НАТО повикаа на деескалација од сите страни и заштита на цивилите и инфраструктурата со цел да се спречи понатамошно раселување и прекин на хуманитарниот пристап.
„Сегашната ескалација само ја нагласува итната потреба за политичко решение на конфликтот во Сирија, во согласност со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент, повикувајќи се на резолуцијата на ОН од 2015 година за поддршка на мировниот процес во Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајмунски сипаници во Приштина, прв регистриран случај кај 30-годишен маж
На Косово е забележан првиот случај на „Mpox”“, болест која уште се нарекува и „мајмунска сипаница“, јавуваат тамошните медиуми.
Институт за јавно здравје, од Косово соопшти дека на 26 декември Лабораторијата за микробиологија преку ПЦР тест утврдила дека 30-годишен маж е заразен со овој вирус и веднаш бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Приштина.
Како што пренесува порталот Телеграфи.ком, овој човек неодамна престојувал во Африка, а има треска, промени на кожата на лицето и рацете и чешање.
Пациентот е во стабилна состојба, а се проверуваат сите контакти што ги имал како и членовите на неговото семејство, според написите.
Свет
Романците забележаа непознат објект, па ги подигнаа борбените авиони и ги предупредија жителите
Романија детектира мал летечки објект кој влегува во националниот воздушен простор.
Жителите беа предупредени да бараат засолниште и беа започнати процедури за подигање на борбените авиони.
Романските радарски системи синоќа открија мал летечки објект, за кој постои сомневање дека е беспилотно летало, кој навлегол во националниот воздушен простор до шест километри во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти романското Министерство за одбрана.
Министерството објави дека радарот најпрво го фатил сигналот во 21:04.
Беше испратено предупредување до жителите на округот да побараат засолниште и беше почната постапка за подигнување на борбените авиони, но радарот го загуби сигналот пет минути подоцна, се вели во соопштението.
„Нема информации за можен напад на цел на државна територија“, прецизира романското министерство.
Романија, членка на Европската унија и на НАТО, дели 650 километри граница со Украина и имаше повеќе случаи на фрагменти од беспилотни летала кои паднаа на нејзината територија во текот на изминатата година и половина, за време на руските напади врз украинската пристанишна инфраструктура.
Свет
Активирани се системите за вонредна состојба: доаѓа силно невреме во делови од САД
Метеоролозите за денеска предвидуваат силно невреме во делови од американските сојузни држави Тексас, Луизијана и Арканзас.
Исто така, се предвидува можност за торнада, град и грмежи, со максимална брзина на ветерот до 128 километри на час.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо доцна во четвртокот во делови од Тексас североисточно од Хјустон, објави АП.
Засега нема извештаи за штети.
Повеќе од 100 летови беа одложени, а десетици откажани на меѓународниот аеродром „Далас Форт Ворт“ во Далас, Тексас.
На меѓународниот аеродром „Џорџ Буш“ во Хјустон, Тексас, имаше и доцнења и откажувања на летови поради невремето.
Гувернерот на Тексас Грег Абот ги активираше државните ресурси за одговор на вонредни состојби.