Свет
Слика на Пикасо продадена за 20 минути за цена од 103 милиони долари
Сликата на Пабло Пикасо, „Жена што седи пред прозорец“, е продадена за 103,4 милиони долари на аукција организирана во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк.
Платното со димензии 1,46 метри x 1,14 метри, насликано во 1932 година, е продадено по колекционерска борба од речиси 20 минути за 90 милиони долари, што достигна 103,4 милиони кога ќе се додадат трошоците и провизиите.
За делото што ја претставува музата и љубовница на Пикасо, Мари-Терез Волтер, речиси двојно е зголемен износот од 55 милиони долари што го процени аукциската куќа.
„Целата синоќешна аукција, кога се продадени дела за вкупно 481 милион долари, укажува на вистинско враќање во нормала“, рече Бони Бренан, претседателка на куќата „Кристи“ во Америка на онлајн прес-конференција.
„Пазарот се врати на вистинскиот пат“, рече таа.
Ова е прв пат во последните две години едно дело да го надмине прагот од 100 милиони долари откако сликата на Клод Моне достигна 110,7 милиони долари во „Сотби“ – исто така во Њујорк.
Годината 1932 година, кога е насликано делото „Жената што седи“, се смета за најдобра и најплодна за кариерата на Пикасо. Неколку големи изложби се посветени само на 1932 година, многу успешна година на работата на шпанскиот уметник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Тајван беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер во 9:45 часот.
ЕМСЦ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 38 километри оддалечен од Хуалиен, кој има 350.000 жители.
Засега нема информации за значителна материјална штета или жртви.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.