Контакт

Свет

Стигна и првата реакција на Москва за влезот на Финска во НАТО

Објавено пред

По веста дека Финска утре ќе се приклучи на пактот за НАТО, официјална Москва веднаш најави зајакнување на силите на западот на земјата.

dobivaj vesti na viber

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Груско, изјави дека Русија ќе ги зајакне воените капацитети во своите западни и северозападни региони како одговор на очекуваниот пристап на Финска во НАТО, објави државната новинска агенција РИ.

За пристапувањето на Финска во НАТО потврдија од кабинетот на претседателот на државата. Финска станува полноправна членка откако турскиот парламент во четвртокот ја ратификува точката со која ѝ се дозволува на Финска да му се приклучи на НАТО отворајќи го патот на Хелсинки да се приклучи на западната воена алијанса.

Турскиот парламент беше последниот меѓу 30-те члена на алијансата што го ратификуваше членството на Финска откако претходно унгарскиот законодавен дом го стори тоа.

Финска и Шведска заеднички поднесоа барање за членство во НАТО во мај минатата година поради руската инвазија на Украина, но Турција го блокира пристапувањето на Шведска, која ја обвинува дека има засолниште на, како што вели, членовите на терористичките групи и побара нивна екстрадиција.

Анкара првенствено мисли на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која ја смета за терористичка организација.

Регион

Ја прославил новата година со сестра си, па ja убил: шефот на црногорската полиција откри детали од масакрот во Цетиње

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора одржа вонредна прес-конференција на која беа соопштени сите детали за монструозниот масакр во Цетиње.

dobivaj vesti na viber

Тамошните медиуми потсетуваат дека загинаа 12 лица, а четворица се тешко повредени и се во тешка состојба во Клиничкиот центар на Црна Гора.

„Ја уби сопствената сестра, беа во добри односи. Нова година ја чекаа заедно. Уби две деца и братот на сопственикот на кафаната, повеќето жртви се негови пријатели, кумови, сонародници”, откри Лазар Шќепановиќ, в.д директор на полициската управа на Црна Гора.

Ацо Мартиновиќ (45) го изврши масакрот попладнето во средата на 1 јануари во Цетиње.

Убил 12 лица на неколку локации, додека четири лица се тешко повредени.

Кога бил лоциран и опкружен со специјални единици, тој извршил самоубиство.

На повредите им подлегнал во возилото на Брзата помош кое било на пат кон Клиничкиот центар на Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Паника во Вашингтон: Сомнително возило се движело по тротоар кај Капитол

Објавено пред

Сомнително возило паркирано пред Капитол во Вашингтон предизвика паника, а полицијата веднаш реагираше. Полициските службеници реагирале на пријавата и апелирале граѓаните да го избегнуваат теренот, пренесуваат светските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, осомничениот бил виден како брзо вози по тротоарот, поради што полицијата го затворила тој дел од градот, пишува Дејли Мејл.

По двата терористички напади во САД кои се случија во последните 48 часа, полицијата повеќе не сака ништо да препушта на случајноста, според написите.

Во Њу Орлеанс, на новогодишната ноќ, воен ветеран влета со камион во толпата, по што отвори оган врз толпата во Францускиот кварт, убивајќи 15 и рани уште 30 лица пред полицијата да го убие.

Еден ден подоцна, вчераутро, камион „Тесла“ експлодираше и изгоре пред хотелот на Трамп во Лас Вегас, при што загина едно лице, а неколку беа повредени.

Според непотврдени информации, полицијата во Вашингтон го уапсила возачот кој го управувал сомнителното возило.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Уништени згради, дивеење на новогодишната ноќ во Германија: „Како граѓанска војна“

Објавено пред

„Во поголем број од градовите во Германија, новата година започна мирно и радосно“, вака сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ја балансираше новогодишната ноќ.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, политичарот на СПД ги осуди сите оние граѓани кои со употреба на пиротехнички средства ги попречувале акциите на припадниците на полицијата, пожарникарите и итната помош на терен. Сторителите мора да бидат казнети со сета сила на законот, додаде Фезер, пренесува ДВ.

Во меѓувреме се засили политичката дебата за последиците од новогодишните инциденти. Шефот на баварската полиција Јоаким Херман јавно зборуваше за „ситуации слични на граѓанска војна“. Тој се осврна на настаните во Берлин, а во тој контекст рече: „Ако луѓето се сериозно повредени, ако цели станбени згради станат непогодни за живеење поради употреба на експлозивни направи, тогаш црвената линија е помината“.

Заменик-претседателот на пратеничката група на СПД во Бундестагот, Дирк Визе, за весникот Велт изјави дека е крајно време законски да се зајакне заштитата на спасувачките тимови. Поранешниот федерален министер за правда Марко Бушман од ФДП не ги презеде неопходните чекори во овој поглед, смета Визе. Тој побара од Унијата ЦДУ/ЦСУ „да ја прекине политиката на блокада по ова прашање и да го поддржи предлог-законот насочен кон подобра заштита на спасувачките тимови“.

Синдикатот на вработените во полицијата (БДП) е загрижен поради фактот што „потребен е се повеќе персонал за заштита на населението и членовите на спасувачките тимови“. Претседателот на БДП, Јохен Копелке, забележува дека сите кадровски и правни опции во ова прашање се исцрпени. Напади врз полицијата или пожарникарите се регистрирани, меѓу другото, во Берлин, Минхен, Келн, Лајпциг и Хамбург.

Во Берлин, според градските власти и полицијата, за време на новогодишната ноќ се повредени 37 полицајци и еден припадник на противпожарната служба. Еден полицаец е тешко ранет, се претпоставува дека е повреден во експлозија на нелегално пиротехничко средство.

Во Лајпциг околу 50 лица нападнаа полицајци со пиротехнички средства и шишиња. Во Минхен неколку стотици луѓе дивееле на новогодишната ноќ, меѓу другото нападнале и полицајци. Портпаролката на полицијата рече дека се работи за 200-300 лица од левичарскиот спектар.

Германскиот Црвен крст апелира граѓаните поинтензивно да се сензибилизираат по ова прашање. „Мора да се подигне свеста дека членовите на спасувачките тимови даваат важен социјален придонес за секој поединец, тоа е придонес кој спасува животи“, изјави претседателката на Црвениот крст Герда Хаселфелд за медиумската група „Функе“.

И првиот човек на БДП, Копелке, го коментираше трагичниот исход од новогодишната ноќ. Пет лица загинаа при употреба на пиротехнички средства. Тој рече дека тоа е „страшен биланс за првиот ден од новата година“. Бројните повредени лица и видеата на социјалните мрежи покажуваат дека за многу луѓе нормалниот огномет веќе не е доволен, рече Копелке: „Мора да има се повеќе и повеќе експлозивна моќ, поголеми експлозии, многу оган“.

Поради употреба на нелегални пиротехнички средства, односно производи кои се користат за професионален огномет и кои не беа во продажба во изминатите неколку дена, предизвикана е голема штета пред се во Берлин. Според пожарникарите, во областа Шенеберг во една голема детонација биле сериозно оштетени бројни фасади, а пукнало и стаклото на прозорците. Луѓето мораа привремено да се иселат од 36 станови, а две лица се пренесени во болница, потврди портпаролот на берлинската противпожарна служба. Во врска со последиците од употребата на нелегален огномет на теренот, тој рече дека тоа личи на „бојно поле“.

Јохен Копелке од Синдикатот на вработените во полицијата (ГДП) посебно се осврна на однесувањето на младите мажи во населбите кои се познати како социјални жаришта, поточно на фактот дека таму повторно биле нападнати припадници на полицијата и спасувачките тимови. „Веќе не го поднесувам тоа мачо однесување на улиците и на социјалните мрежи“, изјави Копелке за медиумите од групата „Функе“.

Тој бара брзи последици за напаѓачите: „Во Лајпциг, Минхен, Келн и Хамбург бевме цел и повредени. Мора да има брзи и опипливи последици за напаѓачите, а мора да има и последици за членовите на левата екстремистичка сцена“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Во Струмица загаден воздух и надминат праг на алармирање, стапија мерки во сила

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Регион6 часа

Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора

Министерството за надворешни работи упати сочувство по масакрот во Цетиње, Црна Гора. „Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани...

Македонија8 часа

Заменик-директорот на „Македонијапат“, Сашо Дранго, се пофали дека застрелал мечка, „Анима мунди“ бара негово разрешување и најави кривична

„Заменик-директорот на ‘Македонијапат’ и претседател на Унијата на ветераните во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка, што...

Регион9 часа

Тројца пациенти стабилни, а еден маж во многу тешка состојба по масакрот во Цетиње, изведени тешки опреации во Клиничкиот центар во Подгорица

Четири лица повредени во масакрот во Цетиње се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Подгорица. Директорот на Клиничкиот центар, Александар Радовиќ,...

Регион9 часа

Објавени фотографии од 13-годишното момче убиено во масакрот во Цетиње: „Кој сега ќе ме насмее…“

Една од 12-те жртви на Ацо Мартиновиќ, кој вчера го изврши масакрот во Цетиње, е 13-годишното момче М. В.. Пријателите...

Скопје10 часа

(Фото) Герасимовски покажа како ќе изгледа новата сала „Работнички“: Го враќаме домот на македонската кошарка, работиме во полн ек

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со рендер фотографии ја информира јавноста како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на...

Топ10 часа

Жена загина на скопската обиколница – се движела пеш по автопатот или паднала од надвозникот кога во неа удрил автомобил

Жена загина на скопската обиколница во несреќата што се случи синоќа. Од Обвинителството по увидот соопштија дека се утврдуваат точните...

Македонија11 часа

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 степени било во Скопје Петровец, Битола, Струмица и...

Свет12 часа

(Видео) Пукање пред ноќен клуб во Њујорк, најмалку 11 ранети

Најмалку 11 лица се повредени во пукање пред ноќен клуб во Квинс, Њујорк, јавува Си-ен-би-си. Првичните информации велат дека пукањето...

Свет12 часа

(Видео) Напаѓачот од Њу Орлеанс имал помошници; ФБИ: Во тек серија претреси

Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишникот од Тексас кој со својот пикап влета во толпа луѓе на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс, убивајќи...

Регион13 часа

Познат идентитетот на дел од убиените во Црна Гора, меѓу нив деца на возраст од 10 и 13 години

Ацо Мартиновиќ во масакрот во Цетиње уби 12 лица, меѓу кои и две деца на возраст од 10 и 13...

Регион13 часа

Убиецот од Цетиње си пукал во главата, починал на пат кон Клиничкиот центар

Црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Шарановиќ изјави дека при транспортот до Клиничкиот центар на Црна Гора починал осомничениот за...

Регион13 часа

(Видео) Убиени 12 лица во Цетиње, меѓу кои и две деца, лекарите се борат за животи на четворица

Во масовното злосторство во Цетиње убиени се 12 лица, меѓу кои две деца, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица...

Свет1 ден

(Видео) Напаѓач влетал со пикап во група луѓе во Њу Орлеанс: најмалку 10 починати и 35 повредени

Напаѓач влетал со пикап во група луѓе во Њу Орлеанс. Според првите информации загинале најмалку 10 лица, додека 35 се...

Топ1 ден

Струмичанец пронајден починат во домот: паднал врз греалка и му се запалила облеката

Вчера во Полициската станица Струмица било пријавено дека во куќа на улица „Широк дол“ во Струмица бил пронајден починат Д.К.(62)...

Топ1 ден

Воспитувачка се однесувала насилно кон дете во приватна градинка во Охрид

Ноќеска во 19.50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, воспитувачка во една приватна детска градинка во Охрид,  била насилна...

Македонија1 ден

Таравари: Ќе имаме бериќетна година, во иста минута се родени две деца, момче на ГАК и девојче на Клиниката во Чаир

Оваа 2025 година по се изгледа ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца – првото...

Македонија1 ден

Поради повреда од петарда 13-годишно дете најверојатно ќе остане со инвалидитет на раката, според лекарите

Според директорот Небојша Настов во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на новогодишната ноќ имало вкупно 81 прегледан...

Македонија1 ден

18 лица завршиле на Токсикологија за новогодишната ноќ, најмладиот има 14 години

18 пациенти биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје поради акутно труење од алкохол на новогодишната ноќ. Најмладиот има...

Македонија1 ден

Муцунски: Евроинтеграцијата, активниот придонес во НАТО и партнерството со САД остануваат во фокусот и оваа година

„На прагот сме на новата година, време кога традиционално се осврнуваме на достигнувањата и предизвиците од изминатата година. Ова беше...