Свет
Страшни бројки на изчезнати лица во Мексико, пријавени се повеќе од 130.000 луѓе

Илјадници луѓе учествуваа во протести низ Мексико, со барање испратено до владини претставници да вложат повеќе напори за решавање на случаите на повеќе од 130.000 исчезнати лица, објавува денес Би-Би-Си.
Роднини и пријатели на исчезнатите лица, како и активисти за човекови права, протестираа на улиците на Мексико Сити, Гвадалахара, Кордоба и други градови барајќи правда и повикувајќи ја владата на претседателката Клаудија Шајнбаум да помогне во пронаоѓањето на исчезнатите.
Повеќе од 130.000 луѓе се пријавени како исчезнати во Мексико, од кои речиси сите се случиле од 2007 година, кога тогашниот претседател Фелипе Калдерон ја започна својата „војна против дрогата“.
Во многу случаи, оние што исчезнале биле насилно регрутирани во нарко-картели или биле убиени затоа што се спротивставувале.
Од јужните држави како Оахака до северните држави како Сонора и Дуранго, на протестите присуствуваа илјадници активисти и членови на семејствата на исчезнатите, носејќи транспаренти со лицата на нивните роднини, барајќи властите да сторат повеќе за справување со проблемот.
Многу од погодените семејства формираа тимови за пребарување, познати како „бускадорес“, кои ги пребаруваат селата и пустините во северно Мексико, следејќи ги информациите, честопати од самите картели, за локацијата на масовните гробници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Авионот на Урсула фон дер Лајен остана без навигација во Бугарија

Авионот во кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, леташе за Бугарија вчера попладне остана без ГСП-навигација и мораше да слета со помош на хартиени мапи. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека се сомневаат во руско попречување.
„Целата област околу аеродромот е оставена без ГСП“, рече еден од службениците. Авионот кружеше над Пловдив повеќе од еден час по што пилотот одлучи да слета без електронски помагала потпирајќи се на аналогни карти.
„Несомнено беше одвлекување на вниманието“, додаде истиот извор.
Бугарската служба за контрола на воздушниот сообраќај го потврди инцидентот.
„Од февруари 2022 година видовме значително зголемување на случаите на попречување, а во поново време и на лажирање на ГСП-сигналот. Овие попречувања го нарушуваат точниот прием на сигналот и предизвикуваат оперативни тешкотии за авионите и за системите на земјата“, се вели во соопштението.
Таквото ГСП-блокирање, познато како блокирање и лажирање, традиционално го користат воените и разузнавачките служби за заштита на чувствителни локации. Но, во последните години, како што истакнуваат европските влади, Русија ги користи сè почесто и почесто за да го наруши и цивилниот живот.
Фон дер Лајен пристигна во Бугарија од Варшава за да се сретне со премиерката Росена Жељаскова и да ја разгледа фабриката за муниција. Целта на турнејата на источната граница на ЕУ беше да се разговара за зајакнување на одбранбената подготвеност на Унијата поради руската агресија врз Украина.
Свет
(Видео) Украинците објавија снимка: „Уништивме два руски хеликоптера“

Припадници од Главната разузнавачка управа на Украина (ГУУ) извршија успешен напад врз окупираниот Крим погодувајќи два руски хеликоптера „ми-8“ и еден реморкер, објавува „Украинска правда“.
Според извештајот, специјалната операција се случила завчера. ГУУ забележува дека проценетата вредност на онеспособените хеликоптери е помеѓу 20 и 30 милиони американски долари.
Официјалното соопштение на украинската разузнавачка служба исто така ја наведува судбината на погодените воздушни летала.
„’Бук-2190′ во Севастополскиот Залив исто така доживеа мрачен крај – за време на воздушен напад врз руските сили на полуостровот, членови на украинската разузнавачка служба внесоа бојна глава во леталото. Демилитаризацијата на привремено окупираниот Крим продолжува!“, се вели во соопштението.
Фото: принтскрин
Свет
Полскиот министер за одбрана ја нарече Русија империја на злото

За време на комеморативните настани по повод годишнината од почетокот на Втората светска војна, полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш остро ја критикува Москва нарекувајќи ја Русија „зла империја, која повторно гледа од Исток“, објавува „Полстат њуз“.
Косињак-Камиш ја даде својата изјава во контекст на војната во Украина нагласувајќи дека најголемата опасност е навикнувањето на меѓународната јавност на секојдневните воени операции. „Тоа е најлошата и најголема победа на империјата на злото, која повторно гледа од Исток“, нагласи полскиот министер.
Тој додаде дека државата мора да одржува будност и сила, без оглед на заморот и чувството на очај: „Знам дека чувствителноста се намалува со текот на времето, но потребите на државата не смее да бидат засенети од замор или очај“.
Претходно, полскиот премиер Доналд Туск оцени дека геополитичкиот конфликт околу Украина и безбедноста на Европа влезе во одлучувачка фаза. Тој истакна дека само единството на западните земји може да обезбеди отпор кон предизвиците што ги носат руските дејства.
Фото: принтскрин