Свет
Трамп не ја исклучи можноста да затвори повеќе кинески конзулати
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека може да затвори дополнителни кинески конзулати по затворањето на дипломатскиот објект во Хјустон, Тексас, оставајќи простор за понатамошна ескалација додека се зголемуваат тензиите меѓу двете нации, пренесува РТ.
Оваа изјава доаѓа по одлуката на Стејт департментот да му нареди на кинескиот конзулат во Хјустон да затвори во рок од 72 часа за да се заштитат американската интелектуална сопственост и Американците.
„Претпоставувам дека палеа документи и хартии“, рече Трамп осврнувајќи се на персоналот на кинескиот конзулат.
Пекинг го критикува овој потег како невидена ескалација обвинувајќи го Вашингтон за малтретирање на кинескиот дипломатски и конзуларен персонал во САД, истовремено ветувајќи дека ќе одговори со цврсти контрамерки ако одлуката не биде повлечена.
As a result of smears & hatred fanned up by the #US gov, the Chinese embassy has received #bomb & #DeathThreats.
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) July 22, 2020
Претходно, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, изјави дека кинеската амбасада во Вашингтон добила закани со бомба и смрт како резултат на лагите и омразата што ги пропагира владата на САД. Таа ја осуди, како што рече, погрешната одлука за затворање на конзулатот во Хјустон, исто така предупредувајќи за одмазда од Пекинг.
По годините горчливи трговски спорови и реципроцитетните тарифи, односите меѓу Вашингтон и Пекинг дополнително се влошија во последните месеци, со тоа што САД почнаа со реторичка и политичка офанзива насочена кон наводни злоупотреби на правата во Хонг Конг и Сјинџијанг, како и кинеската реакција на пандемијата на коронавирусот.
Во тоа време администрацијата на Трамп воведе постојан прилив на санкции, агресивно законодавство и непријателски потези кон кинеските дипломати и медиуми, во некои случаи поттикнувајќи одмазда од Пекинг.
Американската армија, пак, продолжува да спроведува мисии за слобода на навигацијата во Јужното и Источното Кинеско Море распоредувајќи арсенал од поморски средства и воздушна моќ во дворот на Пекинг, потези осудени од Кина како кршење на нејзиниот суверенитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вакцината против рак на кожа го намали ризикот од смртност – лекарите задоволни од резултатите
Првата персонализирана мРНК вакцина против рак на кожа во светот го преполови ризикот од смрт на пациенти или враќање на болеста.
Резултатите на Светскиот фонд за истражување на ракот за 2020 година покажуваат дека меланомот погодува повеќе од 150.000 луѓе годишно ширум светот. Сепак, првата персонализирана мРНК вакцина против рак на кожа во светот го намали за половина ризикот од смрт на пациенти или болеста да се врати.
Пациентите кои ја примиле вакцината по отстранувањето на меланомот во стадиум 3 или 4 имале 49 отсто помал ризик од смрт или враќање на болеста по три години, покажуваат податоците презентирани на најголемата светска конференција за рак.
Примарниот истражувач на студијата, онкологот Џорџина Лонг, рече дека просечниот ризик од повторување по операцијата за групата пациенти со напреднат карцином е 50 проценти.
„Охрабрени сме од последните резултати. Овие наоди ја зајакнуваат нашата посветеност за унапредување на овој иновативен третман“, рече Кајл Холен, шеф на развој, терапија и онкологија во Модерна.
Позната како mRNA-4157 (V940), вакцината е специјално направена за секој пациент и му кажува на телото да ги убие сите преостанати клетки на ракот и да го спречи враќањето на болеста.
За време на операцијата на пациентот се отстранува примерок од тумор, по што следи секвенционирање на ДНК и употреба на вештачка интелигенција.
Професорот Чарлс Свантон, главен за истражување на ракот во Велика Британија, рече дека резултатите од испитувањето за меланом биле „исклучително импресивни“.
Илјадници пациенти во Англија брзо се вклучени во испитувањата на персонализирана вакцина против рак во револуционерна, прва во светот, шема за „договори“ за спасување животи на NHS, пренесува „Klix.ba“.
Европа
Холандија: Украина може да нападне цели во Русија со нашите борбени авиони
Министерката за одбрана на Холандија Кајса Олонгрен му порача на Киев слободно да ги користи борбените авиони Ф-16 што земјата има намера да ги донира на Украина за напади врз цели во Русија.
Имено, Холандија планира да испрати 24 борбени авиони Ф-16 во Киев.
Олонгрен во интервју за Политико рече дека Холандија нема да воведе ограничувања за користење на авионите, како што е случајот со Белгија, каде премиерот Александар Де Кро го предупреди Киев да не ги користи нивните Ф-16 во рускиот воздушен простор.
„Нема ограничувања во белгиски стил. Кога ќе ги предадеме авионите на Украина, тие можат да ги користат. Само бараме од нив да го почитуваат меѓународното право и правото на самоодбрана како што е наведено во Повелбата на ОН, што значи нивно користење за таргетирате воени цели за самоодбрана“, рече Олонгрен.
Олонгрен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин беа меѓу високите претставници кои се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски на конференцијата во Сингапур во неделата. Олонгрен ќе се повлече од функцијата министер за одбрана откако новата екстремно десничарска влада ќе положи заклетва. Таа рече дека се надева оти новата влада ќе продолжи да ги поддржува НАТО и Украина.
Свет
(Видео) Докторот плачел: на девојка од Газа и ја ампутирале ногата на трпезариска маса со обичен нож и без анестезија
Кон крајот на минатата година, лекар во Газа снимил страшна сцена – итна ампутација на нога која била извршена на трпезариска маса.
За да и го спаси животот на младата девојка морал со кујнски нож и без анестезија да и го отсече екстремитетот. Со себе имал само кофа и малку сапун.
На 19 декември 2023 година, 17-годишната Ахед Бсеисо се искачи на последниот кат од зградата во близина на болницата Ал Шифа во градот Газа за да се обиде да го повика нејзиниот татко, кој живее во Белгија, бидејќи таму сигналот е најдобар. Додека се обидувала да стигне до нејзиниот татко тоа утро, таа забележала големи израелски тенкови на улицата и одеднаш одекнала силна експлозија.
„Слушнав тресок и ѕидот се урна врз мене. Насекаде имаше прашина и на почетокот не можев да сфатам каде сум“, изјавила Ахед за „Скај њуз“. Нејзината мајка и роднините притрчале да помогнат. Успеале да ја извлечат од урнатините, но виделе дека едната нога и е скршена, а другиот во полоша состојба.
'He cut my leg off with a kitchen knife.'@Stone_SkyNews speaks to Ahed Bseiso from Gaza. A video of her amputation on a dining table went viral. No anaesthetic. No bandages. Just a bucket, some soap and a kitchen knife. https://t.co/5sX9t7bhob pic.twitter.com/0nBZiBffMb
— Sky News (@SkyNews) June 4, 2024
„Вујко зеде сапун од кујната и почна да ја чисти ногата. Потоа почна да плаче. Го прашав братучед ми дали ногата ми е добро, а тој само ми рече дека е подобро да не гледам надолу“, раскажува таа. Семејството ја однело Ахед по скалите до станот. Надвор се слушало пукање. „Немаше хируршка опрема. Вујко зеде сапун од кујната и почна да ја чисти ногата. Потоа почна да плаче“, се сеќава Ахед.
Вујкото, лекар, го легнал девојчето на масата во кујната и решил да изврши итна операција. Левата нога била тешко повредена, а десната потколеница на парчиња. Девојката очајно го молела својот вујко да не и ја ампутира ногата, но тој знаел што ја чека.
„Тој мораше да избере помеѓу спасување на ногата и мојот живот. Немаше анестезија, цело време бев свесна“, рече Ахед.
Вујкото ја снимил операцијата за да му покаже на светот какви ужаси се случуваат во Газа. Таа одлука на крајот го променила животот на младата девојка. Видеото го видела и Вафа Абед, која живее во мало американско гратче во Јужна Каролина.
Како и многумина прогонети Палестинци, Абед внимателно ја следеше ситуацијата во Газа. Кога наишла на видеото од ампутацијата, таа му рекла на својот син Тарек: „Мораш да ја извадиш оваа девојка. Само мораш“.
Тарек Хаилат, 27-годишен студент по медицина, неодамна почна да волонтира за Палестинскиот детски фонд за помош (ПЦРФ). Тој одлучи да ја извади Ахед од Газа. Но, успеа само по повеќе од еден месец и 17 неуспешни обиди.
Израел во неколку наврати ја одбиваше дозвола да ја напушти Газа, а медицинскиот конвој исто така беше нападнат. Кога Ахед пристигнала во САД, се нашла во малку непријатна ситуација – во земја која ја прифатила и ја спасила од ужасите на војната, но која во исто време и дава најголема поддршка на нацијата која и ги нанела повредите.
„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои дадоа се од себе за да ми помогнат. Но, не ми беше лесно да ја напуштам Газа и да заминам на лекување во земја која е можеби дури и поодговорна за мојата состојба од Израел“, рече таа.
Ахед има намера да замине во Јужна Каролина за целосно да се опорави, но сака да се врати дома што е можно поскоро. „Среќна сум и благодарена за оваа можност, но моето срце се уште е со семејството во северниот дел на Газа, што е најстрашното место на светот во моментов“, рече Ахед.